Не сме ваделе досега и сме немале потреба ама едно се вади и си го користиш постојано или за секое патување конкретно? Со одреден датум, место ...
И јас не сум вадела а цело лето одиме за Грција без мм. Лани дури и одевме со две коли со моите, бебка беше кај моите во кола, јас во другата кола позади, никој ништо не праша. Искрено, не разбирам зашто потврдава...
Ама ние цело лето ќе бидеме надоле нагоре а татково не може да е со нас цело време, сто посто ќе се деси еднаш барем некој на граница да напраи циркуз мора да имам се што треба
Затоа што постојат партнери кои не се во добри односи, а во брак, па без знаење родителот детето не смее да ја напушти државата, а граничен полицаец може тоа да го знае само доколку има потврда од согласност. Според закон можат да ве вратат и да не ве пуштат. Најчесто не бараат пошо се замараат со побитни работи, но ако на некој му текне може да направи проблем. @Miss_S со датум се вади при секое патовање. Како што кажав ретко бараат ама може цел одмор да го уништат.
Оваа недела треба да вадам баш, значи за секое одење посебна согласност??? Ајдеее… па зарем нитарската заверка не коже да гласи дека едниот еодител е согласен во период да речеме 20.5-20.9 детето да поминува граница само со мајката / не се живи ако не искомплицираат скроз
Ако извадиш вака со долг рок, те молам пиши. Како што кажав ние не одиме често некаде посебно одделно еден по еден ама може да се случи пример во сабота, маж е на работа, блиски да речат ајде да се прошетаме до Лерин. Блиску ни е, не треба којзнае какви планирања. Кај немам кога да вадам дозвола, кај вакви патувања во моментот се решаваат. Ви извадила да речеме што викаш бар истото 3-4 месеци да трае, па дали ќе се употреби или не, да го имаме.
На документот можеш што сакаш са напишеш, нотарот секако ќе го завери, но не знам како е со закон и дали воопшто некаде е пишано. Најдобро е да стои период, пр. од една година. Но, верувај, нема да ти треба. Со ќерка ми многу пати сум ги поминувала сите граници околу МК и никој, ама баш никој ништо ниту кажал, ниту побарал, а сум немала таков документ. Не ни знаев дека треба. Со бебево ќе летам за 10тина дена и можно е да извадам, за секој случај, но ќе биде со период од година или две, ќе видам деновиве што ќе смислам. Ако патуваш пред мене, те молам сподели како сте поминале.
Здраво некој што патувал во авион да не знае дали можам да земам сируп за детето. Сакав да земам парацетамол и за алергии Немаме чекиран багаж