Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На плажа

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од RainBow, 14 август 2023.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    Мене ме нервира кога се дерат по плажа, од едниот крај на другиот. Па стани ко нормален човек и оди до таму. Исто и по децата кога викаат.
    Особено одвратно ми е кога пушат, обавезно се преместуваме. Да седнеш на море, и место чистиот воздух чад да ти допловува до нос. :puke:
     
    На Elence93, Andzelka23, KiT и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    И садовите на крај миење во езеро/море. :inlove:

    На тема диви плажи. Пред некоја година со другарка бевме во Охрид и бидејќи беше преголема гужва тука на почетокот, решивме да најдеме некоја дива плажа. И најдовме, беше така сокриена со карпи, дрвца, меѓутоа во близина имаше и други луѓе. Седиме околу пола саат и ги гледаме луѓево влегуваат со шампон во вода и буквално се бањаат, со сунѓер, со коса, со сѐ. Другаркава премногу се напна и си отидовме. :lol:
    И пикавците меѓу камења. Ова исто во Трпејца го приметив, луѓево најосновна култура немаат.
     
    На Mrs. right, awkey, RainBow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    8.866
    Пол:
    Машки
    Коа ќе се раздерат по детето да излезе од вода пошо многу долго бил, ќе изгорел, плус треба да јаде.
    Или евентуално коа се дерат да не иде далеку да се приближи... Стандардно :rofl:

    Ова стандард е во Охрид
    На која плажа и да си после 6-7 вечер коа ќе се расчисти гужвата влагаат до шампоните.:rofl:
     
    На Elence93, Mrs. right, awkey и 2 други им се допаѓа ова.
  4. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    5.447
    Пол:
    Женски
    Само ја ли ова го немам видено?

    Сеа се чувствувам малце истраумирано искрено. :|
     
    Последна измена: 16 август 2023
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    12.976
    Пол:
    Женски
    Парадајз туризам. :D
    Ама не треба да судиме, секој си знае за себе, ваљда да можеле да си дозволат ќе си идат по таверни секој ден, а на плажа ќе си пијат коктели само и уживаат. Иначе да, иритира коа готват, ај да е паштета или маргарин па ќе намачкаш и готово, уште оган да запалат фали. Грците изглеа со причина им забрануваат да печат пиперки во апартманите.
     
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Сакам убави и средени бич барови со квалитетни лежалки, добра услуга и музика. Се сончам но внимавам тоа да не биде во најжешкиот период. Многу сакам да пливам и знам да се заборавам во вода. Ако не се сончам си кулирам под сенка со некоја добра книга или си чепкам по интернет. Не сакам да носам со мене многу работи туку само најпотребното. Храна не носам, евентуално може некои грицки и вода која летен период секогаш сакам да ми е на дофат. Мразам бучни луѓе кои се дерат по децата и миленичињата и ја запоседнуваат половина плажа со нивните работи. Исто мразам деца кои прскаат у вода и фрлаат со камења.
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.487
    Допаѓања:
    165.881
    Пол:
    Женски
    Генерално не сум фан на плажа, секогаш со одбирање место за одмор гледам да има и кај да шетам и да се движам. Обично избор е плажа оти не одам сама и се прилагодвам на другите, да беше до мене само би се шуткала по чудни градчиња.

    Па зато на плажа одам само максимум до 11 сатот, 12 if we're pushing it. И пак после ручек. Дента нема чоек шо ќе ме задржи на плажа. Од таму храна не носам оти одам во почести ама кратки интервали. Од сонце бегам како од вампир, не се сончам. И дури и то шо седам под сенка - само се допрскувам со фактор да не случајно пропуштив дел со мачкањето.

    Луѓе на плажа ме престимулират. Ко не е ни дерење ни готвење туку пренатрупаноста како прв фактор. Генерално не сум плажа чоек. И не си врвам убо на плажа. До сега најпријатно ми било во некои рандом мали плажи метро на метро кај шо сум само со познати луѓе и кај шо брзо можам да пребегам внатре ко ќе фати жешко.
     
    На Ketchup, awkey и Mrs. right им се допаѓа ова.
  8. Sophitas

    Sophitas Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2020
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    1.259
    Најомилени од сите ми се диви плажи.Само вода,песок,некоја,палма по можност,и по некоја грмушка, да пирка ветер и само брановите да се слушаат...Тоа ми е најидеално,но посекако не ми пречат и плажите кај што има и луѓе,се додека има доволно простор и не се густо стационирани(сместени),само да е чисто да нема ѓубре на околу..
    Јадење не носам,книга исто,не сум дошла да читам,тоа може и во соба,пред спиење,
    сум дошла да се сончам и да се разладам во вода,да уживам во морето...Може да земам некој леден чаj,коктел,фрапе,нешто за да не дехидрирам од топло,евентуално некое списание да го пролистам а и не мора...Важно ми е да има сонце да не сум во сенка,бидејќи за сонцето и за водата живеам.:l::sun:
     
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    мислам можам да живеам на плажа.. по цел ден да лежам
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rosecatcher9

    Rosecatcher9 Активен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2023
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Кога одам на плажа јас или се капам во море по цел ден или спијам под сенка:rofl:. Не се сончам скоро никогаш бидејќи многу бргу горам и тоа ми смета. Исто ми смета кога има премногу гужва и сите се надвикуваат еден со друг.
     
  11. Merten

    Merten Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    892
    Пол:
    Женски
    Сакам се.. и дива плажа со малку луѓе, книга и кафе, вино/пиво.. сакам и убави средени барови со убава музика. Сакам и гужви некогаш, луѓе кај што уживаат и не се замараат за ништо.

    А особено сакам убаво зајдисонце на плажа.. ах лето:inlove:
     
    На BeMyFriend и Sophitas им се допаѓа ова.