1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На работ на науката (FRINGE)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од JuLleE, 9 јули 2011.

  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    :D :D :D Jaс најмногу се смеам на Аспирин :D :D :D
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Ауф, леле не ми се верува. :o
    Оливија2 е трудна. богами шансите за првиот универзум се ептен мали сега. Серијава се заплеткува, не можам ни да си замислам што има понатаму.
    И ми се свиѓа како е направено со боите на насловната, плава за едниот универзум, црвена за другиот. :)
     
  3. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    4.758
    Имало тема за серијава.

    До 10-та епизода сум,прва сезона. Навлечена сум ептен.
    Незнам зошто се смеам ко ненормална на Бишоп и на фаците на Питер отпосле кога ќе тресне нешто татко му :D
    Ептен сакам вакви ствари. Со задоволство гледам и пробувам да разберам што се случува ( иако ништо неможам однапред да сфатам )
    Ќе продолжам да ја гледам обавезно. Ми се допаѓа ликот на Оливија Данам најмногу. Колку е само посветена на работата, и се восхитувам како не се откажува така лесно.
     

    Прикачени фајлови:

    • Excellent.jpg
      Excellent.jpg
      Големина на фајлот:
      45,9 KB
      Прегледи:
      133
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Јас завршив со третата сезона и цела сум во прашалници.
    Како бре Питер не ни постоел?
    Интересно финале, ја ставив 4тата сезона да се симнува, морам барем првата епизода да ја изгледам, да видам како и што се разјаснува. :)
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Ја оптеретувам темава знам, ама не ме држи срце да не прокоментирам. :wasntme:
    И која е поентата да не се сеќаваат на Питер, а он сепак да е тука? Подобро нека вратат тие посматрачите како што си беше, не знам зошто мораше Питер да исчезне, битно дојдоа до разбирање и двата универзуми. Глупости. И ми фалеше Питер првите неколку епизоди од 4тата сезона додека не се врати. Морам да кажам и дека Ли во вториот универзум многу ми е мил и симпатичен некако. :)
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Моментално сум на 15та епизода од прва сезона, серијата ми се допаѓа, интересна и возбудлива, остава многу простор за размислување и анализа, за разлика од други праволиниски сериички. :)
    Единствена глупава епизода ми беше
    таа со компјутерскиот вирус, кога мозокот им се претвораше во каша |( , воедно не се вклопи со ништо друго досега, односно со the pattern, ама ќе видам, можеби ќе има некое значење.
    Како и да е, таа епизода беше единствена утка досега.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Имавте право, некако многу ги замешаа работите.
    Како може Питер да биде во истиот универзум, ама во друго време? И кај ќе се враќа дома кога фактички он не ни треба да постои, не се сеќаваат на него, значи затоа не ни треба да има дом. И да се врати поназад пак нема да се сеќаваат на него, тоа малку некако не ми се сложува. И ако не припаѓа тука зошто Оливија и Волтер имаа визии за него?
     
  8. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Реин, изгледај ја 4та, се оправа при крај... Можда малце глупо ја разрешуваат, ама пак си доби од шмекот ко на почетокот.

    Некои се жалат, ама мене многу ми се свиѓаа последните 4 епизоди од 4та сезона.
    А да, и пак глупо ми заврши, и едвај чекам 5та сезона да видам што ќе биде.
     
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.318
    Јас сум на 12 епизода од 4 сезона
    и ете сега почнува да се решава околу Питер, Оливија најверојатно се сети.
    Туку денес не можев да гледам, а мене ме стави во мисли посматрачот со предвидувањето за Оливија.
     
  10. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Не барајте одговори на секое прашање во сајнс фикшн серија.
    Не дека и јас несакам се да ми биде разјаснето ама научив дека небива се да е логично.

    Мене најглупо неразрешено ми остана
    со детето на Оливија од вториот универзум,
    ама ајде може ќе средат тоа во наредната сезона.
    Многу беше јака 19тата епизода кога
    од никаде ја пуштијаа онаа во иднина и ги гледаме сите стари :)
    многу ми се свиѓаше и ми го врати ентузијазмот за серијава.

    Исто мене многу добра идеа ми што коа сите мислеа дека во 4та сезона ќе се води типична борбра меѓу двата универзума, тогаш овие се здружија и се дешаваа други ствари.

    Среќа што ми ги разјасниа обзрверс, најголема мистерија беа.

    JuLleE кога ќе ја изгледаш 19та епизода, уште повеќе ќе бидеш во мисла околу тоа прашање :)

    Едвај ги чекам 13те нови епизоди, дека малку се и очекувам сите да бидат бум
     
    На JuLleE и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Оф леле, со каква сериозност му пристапи на Спок...
    :D
     

    Прикачени фајлови:

    • Untitled.jpg
      Untitled.jpg
      Големина на фајлот:
      46,6 KB
      Прегледи:
      206
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Ја изгледав првата сезона, ^_^ веднаш продолжувам со втората, нема трте-мрте, во меѓувреме се симна и третата. :D
    Од прилика знам дека Питер is outta this world :lol: барем дотолку сконтав, а и претходно си го помислив тоа, ама сега веќе ми се потврди.
    Очекувам добра сезона, се отворија многу прашалници, иако кога го видов кастингот за Вилијам Бел,
    [​IMG]
    овој мајмун значи, ми се стужи од мака. :(

    Не знам зошто, ама очекував и си го замислував типот ко ептен јебо и фраер, нешто ко Џејмс Морисон.
    [​IMG]
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Готово, завршив со сите сезони, конечно се изгледав. Морам да кажам дека ќе ми фали серијава, верувам дека до есен ќе си пуштам некоја епизода да се потсетам, ми прираснаа ептен ликовите за срце, мислам по толкава опседнатост не може ни да биде друго. Жал ми е сега што ја изгледав некако. :(
    Како и да е, правам едно резиме.
    Прво, мислам дека последната епизода ќе беше одличен крај за серијата, можеа да го решат Бел и да ја немаше епизодата со иднината. Ама сепак, да направат и десет сезони сите ќе ги гледам, без разлика што ќе биде.
    Мислам дека требаше некако да направат да се сетат сите на Питер, така ќе беше пологично, ама добро, можеби така уште повеќе ќе се замешаа работите. Оливија и Питер ќе имаат бебе, веројатно ќе биде девојче и ќе се вика Хенриета, ако се водиме според 19тата епизода. Во следната сезона веројатно ќе се справуваат со Набљудувачите и ќе се борат против нив, за да не дојде до тоа што го гледавме во 19тата епизода.
    Кога ја упука Волтер Оливија срцето ми застана, толку ненадејно ми дојде некако, не можев да си поверувам, ама очекував Волтер да има кец во ракавот штом се реши на тоа.
    Нина ќе им биде главна во следната сезона, ако добро заклучив, па ќе биде интересно и тоа да се види.
    Исто така ми фалеше и Чарли во другиот универзум, не кажаа ништо за него, како да не ни постоел откако се врати Питер.
    Ми се свиѓа како заврши сезоната сепак, се надевам дека последните тринаесет епизоди ќе ги направат спектакуларни.
    Инаку Алис за детето
    на Питер и Оливија не остана неразрешено, фактички и тоа беше избришано кога Питер го избришаа, Питер се врати, ама не беше заедно со Оливија од другиот универзум, па затоа немаше ни дете, мене тоа ми се разјасни кога беа со набљудувачот, кога ја делеа свеста и му кажа со која Оливија треба да биде.
    И најмногу ми се свиѓа серијава бидејќи ништо не може да се претпостави, се обратно испаѓа, јас кога мислев дека Питер ќе треба да бира помеѓу двете за да се реши работата испадна сосема друго. Речиси за се беше така што серијава ја стави на врвот на мојата листа. :)
    Ај поздрав до есен. :rofl:
    [​IMG]
     
  14. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Ахам, мене ова ми избегало, не го сфатив :)

    Олив
    ја немаше во 19тата епизода, па ваљда тоа значи дека ја нема во иднината, како и што кажа тој финиот набљудувач, дека секоја нејзина судбина завршува трагично
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.318
    Јас заспав на 15-ка, а толку сакам да стигнам до 19-ка.
    Нејќам да читам споилери, а ме мачи ова за Оливија.
    Очи ми паѓаат, а ми се гледа.
    Утре ќе треба.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    За Оливија
    можеби немаше време да ја извадат од обвивката, нели дојдоа набљудувачите, па тој можеше само еден да извади, па го ослободи Питер.
    Спојлер за 5тата сезона
    Прочитав интервју со Ана Торв и она самата не знае што ќе се случува со Оливија. Сакала да се направи нешто како она не била заробена во обвивката, туку била постојано таму и и помагала на ќерка и, ама нели има проблем со стареењето. Она тоа го објаснила со употребата на кортексифанот, иако мислам дека ќе биде глупо од тоа да направат да не може да се старее кога веќе како девојче го земала, а пораснала, односно остарела. Изјавила дека не би и пречело и да умре со херојска смрт, како што претскажуваа набљудувачите.
    И можеби Линколн нема да го гледаме во ниеден универзум, не се знае дали ќе се врати актерот.
    А не знаев дека Ана Торв била Австралијанка, баш интересно збори.
    Еве едно интервју со неа, има спојлери од 3тата сезона. :)
    http://sky1.sky.com/fringe/fringe-seaso ... -interview
     
  17. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Слушнав 4та сезона не била вредна за гледање. Има вистина, или ипак индивидуално си е? Јас ја прегледувам 3тава зошто скроз ја забораив.
     
  18. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Многу е послаба од остнатите, ама според мене вреди да се гледа. За мене што и за излезе од серијава е вредно да се догледа :) Малку забегаа, ама не е упропастена од типот на госсип грл па да е невозможна за гледање.
     
    На MissSpark му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    4.758
    Луѓе мене многу ми мава на психа серијава. :D
    Сонував вчера како играм фудбал и бегам од игралиштето, се наоѓам на улица ме гази кола, глава ми лета и од неа излегуваат пуканки :lol:

    Иначе сум до втора сезона, 6 епизода :)
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Мене многу ми фали серијата. :( И воопшто не беше слаба 4тата сезона, не знам дали дека јас се одеднаш гледав, ама секако вреди да се гледа.
    [​IMG]
    Срцка. :inlove:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]