1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На работ на науката (FRINGE)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од JuLleE, 9 јули 2011.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.194
    Допаѓања:
    235.235
    Ја изгледав 19-ката,
    нејасно е што се случи со Оливија. Може е во оклопот. На крај испадна дека посматрачите се лоши. Се мислев дека се позитивци и дека имаат некоја улога на чувари. Ова ме изненади. Тотален пресврт.
    Уште неколку епизоди до крајот, 22 се така?
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Втората сезона до 14та епизода реално беше малку безлична и стагнираше, се до моментот кога
    Оливија си ја откри способноста да гледа предмети и суштества од другиот универзум и не се откри вистината за Питер.
    Имам уште 6 епизоди од сезонава, потоа преминувам на третата и очекувам да биде посупериорна.

    Инаку, глумицата што ја портретира мајката на Питер, Елизабет (Orla Brady), всушност глумеше во британската серија Mistresses, заедно со Оливија (Anna Torv). :)
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Ете, и ја се навлеков на серијава. Ај божем да ја ѕирнам, а веќе до 9та епизода сум. Прво малце ме нервираше што траат толку долго, ама сега баш тоа ми се допаѓа, баш како филмче да си гледам, а не епизоди. Не се трча набрзина да се објасни и да се пројде, дејствието е постепено и убаво разјаснето. Јес да, фала богу, од медицинскиве и научни дијалози слабо нешто разбирам, ама се трудам да си најдам своја логика и меѓу редови да протумачам :D
    Баш ме интересира дали и понатаму ќе има вакви интересни случаи, вака како што тргнале ми се чини да не им снема идеи за брзо време...или не? :^)
    И за прв пат по филмскиве теми, не стиснав на спојлерот да видам што ќе се случува, сакам тоа сама да си го видам :wasntme:
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    И немој да отвораш спојлери, најубаво е се сама да си видиш, па нема да ти биде интересно, ама серијата има што да понуди. Јас може и малку субјективна сум, зашто за кратко време серијава ми се искачи на врвот. :lol:
     
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.194
    Допаѓања:
    235.235
    Какво финале :x . Иако пресвртот бидна уште во 19-ката
    кога се реши мистеријата околу посматрачите. Знаев дека ќе испадне дека друг стои зад Џонс, ама не дека Бел пак ќе се појави. И Олив е трудна ^_^ . И само мене ми се чини, ама Волтер и Астрид ми се како заљубени гулапчиња :) . А и не се разреши тоа со временската линија, со бришењето, веројатно во 5-та ќе се разјасни се.
    Кој сега да чека до есен. Се опседнав со серијата, станав зависна од ликовите, a и очекувам дека како последна сезона ќе биде одлична како и овие четири сезони.
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    4.758
    Четрвта сезона стигнав.

    првите епизоди ми фалеше Питер, не беше исто без него :)
    И што сега мисли дека не припаѓа тука и мисли дека е од друг универзум? Па нели точно знаеше која беше неговата вистинска Оливија кога ќе ја погледнеше само во очите ? :D

    Колку ми бил смешен Бројлс

    Let's make some LSD! :D [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
  7. FeatherCut

    FeatherCut Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    33
    една од омилените серии ми е заедно со Supernatural!
     
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Ама ме збунија со Чарли во 2рава сезона,
    кај едвај го преболев, па уште му се израдував дека нашле начин да го воскреснат :worried:
    Волтер го обожавам, слатко налудничав со тие негови крејвингс за храна и начин на потсетување на работите :)
    Ликот на Оливиа ми е одличен, ми се допаѓа што е баш така средена, косата секогаш и е наназад, чевлите рамни и обавезно костум. Го нема моментот на натрупана шминка и развеана коса, чиниш во модна агенција работи, а не во ФБИ. Баш ми е скоцкана како за на работа, сериозна, посветена.
    Питер ми е официјално симпатија :$
    Супер трио се, одлично функционираат, нема мн празни муабети, одма се фрлаат на работа, и ако оваа Оливија у брзо време не го смува Питер, ја се пријавувам за доброволец место неа :wasntme:
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG]
    :inlove:
     
    На JuLleE, Anabelle, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Mило ми е што има волку личности поготово феминки што ја следат серијава :) Оти преклани кога почнав да ја гледам немав со кого да си разменувам импресии :)

    Завршив со испитве и сега се нафаќам на догледување на последнава сезона!
    Мх,мх, ќе биде интересно :)
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Забегав со филмов :$ бел ден неам видено
    пола сезона Оливија не беше тука, др. половина му беше лута на Питер, сега овде пола сезона никој не се сеќава на него, па нема смисла ова стварно |(
    ги испомешаа работиве, ама барем она бебето го нема, тоа барем ми олесна, мислев шпанска серија ќе стане :D
    И си плачев на една сцена, на која верувам повеќето сте плачеле :wasntme:
    Ќе ја завршам сезонава до крајот на неделава, па после цело лето ќе ги сонувам. И оној Питер какви очи има :wasntme:
    Иначе прочитав дека Оливија била земена со Џон Скот :^)

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG][​IMG]
     
    На Trnche му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Aх брееее.... Тоа осмехот негов :inlove:
     
    На Trnche му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    На JuLleE и Trendafilka им се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Оваа Оливиа (Anna Torv) е една од ретките натурални девојки што навистина ми се допаѓа, и што мислам дека премногу шминка би ја унаказила.
    Има многу убави црти на лицето, прекрасна ми е таква природна.

    А Питер (Joshua Jackson) е во врска со Diane Kruger.
    [​IMG]
    [​IMG]

    Не дека она ми е нешто грда, ама да се разбереме - он е измислен за неа. :emo:
    Јас сум до третата сезона, малку стагнирав со гледање, некако многу брзо ги изгледав првите две и се презаситив.
    Ама до почетокот на 5тата сезона секако ќе ги изгледам сезона 3 и 4.
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  15. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Првите три сезони ги изгледав за една недела и се заразив, ама оваа последнава некако претераа, па после 2-3 епизода ги баталив.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    На 28ми септември they'te back.
    [​IMG]
    Уф, не можам да дочекам.
     
    На Trendafilka, Ema.Sk и JuLleE им се допаѓа ова.
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Си ги цепкам мерачки епизодите од 4тата сезона, се трудам да не ги изгледам во два дена, до 11та епизода сум, на половина значи.

    Мене единствено прашање кое ме мачи е -
    како всушност во алтернативната верзија на универзумите, Фоливија се преправала дека е Оливија, односно се случила размена исто како во реалниот и паралелниот универзум. Единствената причина поради која Оливија2 дојде на местото на првава беше заради тоа што овие прејдоа на другата страна да го вратат Питер.
    А Питер тука не постои, па како воопшто се случила размената? Што ги натерало да прејдат во паралелниот универзум? Тоа воопшто не е покажано и објаснето.
    Бебето на Фоливија ич не го ставив на мисла, нормално дека ќе го нема, кога Питер воопшто и не постои во алтернативната верзија.

    Супер серија, едвај ја чекам последната сезона.
    Волтер ми е убедливо најомилен лик. :)
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    ^
    Размената се случи нели кога Питер замина со Волтер2, па овие отидоа да го бараат. И нели кога Питер одлучи да се врати Оливија беше заменета. А со непостоењето на Питер беше подоцна, откако се разреши тоа со размената и кога ја уклучија машината. Се си беше објаснето. :wasntme:
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Ќе ја даваат на МТВ :)
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Конечно ги изгледав сите 4 сезони и со нетрпение ја очекувам последната. ^_^
    4тата сезона за мене беше одлична, имаше толку многу неочекувани пресврти, толку добри идеи, и мало привју за следната сезона, чинам дека ќе пукнам уште еден месец.
    Моментот кога
    ја исклучија машината, односно го раздвоија мостот помеѓу двата универзуми за мене беше многу емотивен , дури и заплакав. Кога се разделија двајцата Волтеровци и двете Оливии, а Линколн реши да остане во алтернативниот универзум... во тој момент вистински сочувствував со целата ситуација.
    Претпоставувам во следната сезона ќе се борат против набљудувачите, злобни и одвратни копилиња, само мака ми е што во епизодата во иднината не ја покажаа воопшто Оливија. :(
    Го извадија Волтер од амбер, па Астрид, Питер... А Олив каде е?
    :(
    Се надевам ќе биде присутна во 5тата сезона.
     
    На JuLleE и kravce им се допаѓа ова.