1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На работ на науката (FRINGE)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од JuLleE, 9 јули 2011.

  1. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    И јас почнав да ја гледам серијата и веќе сум на 12 епизода од првата сезона. Од серијата немам видено бел ден, постојано ја гледам многу ми е интересна. Многу ме интересира што ќе се случи.
     
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.199
    Допаѓања:
    235.317
    Почна на МТВ1 :) .
    А уште 3 дена почнува и последната сезона.
    Едвај чекам.
     
  3. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Јас вчера прв пат ја гледав на МТВ, првата епизода, па ќе си ја гледам на телевизија.

    Вторник и петок во 22:00 часот.
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    На МТВ од 4сезони, 8 ќе испаднат. Вчера чинам ја преполовија епизодата :^)
    Јас се мислам дали да ги фаќам по една новиве, или да почекам да ми се потсоберат :?:
     
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.199
    Допаѓања:
    235.317
    ^
    Пилот епизодата трае околу час и половина и нормално МТВ ја скрати.
    Но мислам дека наредните епизоди ќе ги даваат цели, па околу 45 минути се.
    Озборувачка не ја кратат.
    Инаку ако забележавте гласот им доцни :) .
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    На JuLleE и Trendafilka им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Морам да кажам дека сум благо разочарана од првата епизода. Серијава ми е ко да гледам некој друг филм со истите актери. Колку само е сменета почетната приказна, нема никаква допирна точка. Сите се различни, се е некако ужасно тмурно...
    Уф.
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Мене ми се допадна првата епизода.
    Не премногу, ама сметам дека има време да се развие подобро.
    Очекував дека ќе има поинаков тон и правец серијата, секако е последна сезона и е - иднината.
    Мило ми е што тимот се собра на едно место, иако многу жал ми падна за Волтер. Се расплака, кутриот, го измалтретираа. :(
    И сега којзнае што понатаму, кога го нема веќе планот во главата.
    :worried:
     
    На JuLleE и kravce им се допаѓа ова.
  9. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    ^^^ оооо пшочна и новата сезона ?!
    Трендафилке ми кажа убава вест вечер да ја гледам :$
     
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    И ја сум во исчекување на следните епизоди, мислам дека не очекува добра сезона ^_^ пресреќна што си го гледам тимот назад :D Од првава епизода вака, само си се радував што ги гледам (како стари пријатели што не се виделе долго време :D ). Дефинитивно со секоја сезона се поразлична станува, ама се развива, би било штуро да остане иста. Имам некои замисли како би завршила сезонава...аааама ќе си ги зачувам до крајот :)
     
  11. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    На JuLleE, kravce и Trendafilka им се допаѓа ова.
  12. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Вечер не сум дома, епизодата од денес кога ќе ја даваат реприза?
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Вторава епизода досадна. Го изгуби сосема шмекот серијата, а Ета ми е апсолутно одвратна. Па како си влегоа во Харвард, демек така лесно било. Последнава сезона најлоша ќе биде, само се надевам среќно да заврши, ништо повеќе.
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Не можам да се одлучам околу Ета - де ми е одвратна, де ми паѓа жал за неа.
    :^) Изнапатено девојче, во секој случај.
    Малку безвезе епизода, најдобар момент - окцето од свиња и експериментот на Волтер. :D
    Се надевам дека нема да бидат во потрага 8 епизоди по видеокасетите само... |(
    Ама е убава оваа Оливиа... има за нијанса потемен тен, медена е целата. :)
     
    На JuLleE и kravce им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Aх Питер, Питер, премалку те има....
     
  16. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Мене Ета ми е ептен сумљива.
    Како тоа ја видоа ќелавковциве на камера дека им помага на стариов тим и сеуште никој не дојде да ја побара. Башка тоа што шеташе низ Харвард каде ги имаше на куп, и никој не и обрна внимание. Некој не е наш, меѓу нас :^) И нели кај неа дома седат? Како тоа никој не и чукна на врата? И каде била сите овие години, кој ја грабнал од паркот? Ммммм мени мени квешчнс :emo:
    Мило ми е што Астрид е сеуште со нив, незаменлива е.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    ^ Мене искрено ми помина низ ум дека Ета можеби не е вистинската ќерка на Питер и Оливиа и оперира со сосема други намери. Постојано тоа ми се врти низ главата, ќе видиме што ќе излезе на крајот.
    Ама реално се потресе за другарот... да е на страната на набљудувачите, не верувам дека така би изглумила лудило, дека ѝ е криво... :^)
     
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.199
    Допаѓања:
    235.317
    Сомнителна е, и јас се прашувам всушност која е. Никако не ми е прифатливо да е ќерката. Незнам, има нешто. Може да и со надбљудувачите, или сосема за трети. Чудна е, а ќе видете ќе испадне нешто.
    Не верувам дека ќе ја бараат касетата цела сезона, во серијата брзо се одвиваат работите, не влечат.
    И не е толку лош почетокот, добри се епизодите. А и веќе ќе беше досадно ако на секој обид наидат на отпор, па мислам и дека затоа влегоа толку лесно во лабораторијата.
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Добра беше епизодава. :whew: Јасно е дека ќе ги бараат сите делчиња да ги спојат. И се надевам дека Питер и Оливија ќе се најдат пак. А зошто Ета ви е сомнителна?
    Хммм, може само да не е некој агент на набљудувачите, па да чека додека да го склопат цел план и да го уништи, ама па тоа би значело дека нивната вистинска ќерка ја нема. Може ќе испадне нешто, ќе видиме.
     
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.199
    Допаѓања:
    235.317
    Добра епизода, во ниеден момент не ме разочара серијата.
    Затоа ми е на врвот :) .
    Туку најавната шпица, не ве потсетува на серијата 4400, оној дел со многуте луѓе, свртени? Само што таму беше вметнато и девојчето, не ми текнува како се викаше.