Најверојатно ги помешав сериите, Озборувачка ќе има само 10 епизоди, па оттаму и збунката . Мислам дека можеше да се најде материјал за уште една сезона, серијава е предобра за да заврши, но кога ќе размислам дека американциве знаат да ја усе*ат работата после петта сезона, подобро е вака. Озборувачка ја упропастија, Вовед во анатомија исто. Нека си остане на пет сезони, ама добри.
Мислам дека има уште што би можело да се прикаже, а најинтересни ми беа епизодите кога работеа на случаи сите четворица заедно. Спојлер Можат да навратат како почнала инвазијата на овие ќелавковциве 2016 мислам беше (нели сега е 2036, значи пред 20 години) исто би било возбудливо. И Ета како малечка кога била, нели имала 3 годинки кога исчезна и тн. Има, има уште многу да се прикажува, но ете.
Имам читано интервју каде продуцентите кажуваат дека имале мноооогу идеи за снимање и дека сосема во друг правец требало да се одвива приказната во оваа сезона, да се отвори простор и за понатаму АМА....кај американците серијава нема доволна гледаност, а за жал се зависи од нив. Нашиве торенти никој не ги рачуна Едноставно ваквите сајнс фикшн серии не успеваат кај нив....си имаат они попаметни шоуа за гледање, како на пример Jersey Shore Треба тука малку мозок да вклучат. И така беа приморани да ја снимаат сезонава. Т.е добија ултиматум, или серијава да заврши со предходната сеозна или да добијат уште пола сезона за да ја завршат, со тоа што успат ќе ги плукаат таму за гледаноста. И така во чест на вистинските фанови, одлучија да и дадат некаков крај, смислен во последен момент. Затоа и планирам да не наоѓам никакви замерки Серијава е врв, така и ќе ми остане, без разлика како ќе ја завршат. Сум уживала во неа со години без да трепнам на епизода, и сеа да се разочуавувам ради една епизода или еден час, пфффф
Јас сум до 4 сезона на почетокот некаде до 4епизода кога ке се врати Питер и никој нема да го познава Малку се избунив,како шо гледам детето на Питер и на Фоливија(факе ОЛИвија) не го спомнуват воопшто..а и нз дали забележавте во епизодата кога Фоливија ке ја замоли Оливија да му поможи со тој серискиот убиец со што ке го донесат идентичниот ко него од другата вселена се појавува Броилс 2..нели тој умре ? знам дека во ваква серија не мора да биде се објаснето ама умре како го појавиа пак
Фактички Питер не постоел во нивните животи, не се сретнал ниту со Фоливија што значи нема ни бебе. За Бројлс каде виде дека е умрен?
сфакам дека всушност не постоел и зато никој не се секава на ништо...ама потаму нема да се промени нешто нема да се сетат? А инаку дали ви текнува кога Бројлс од другата вселена му поможваше на нашата Оливија да се врати и дими тогаш умре и тој кога го виде нашиот Броилс...мислам дека ме сфати со нашата и сл навлегов во серијата ОМГ нашата хахаха почнав да си ја викам
A сега сфатив мислам дека Броилс од другата страна е шејпшифтер зато му соопшти на онај матуфиот шо сакаше да се докажи пред Вил дека вреди,ама тој беше разделен мегу порталот ама Питер го напрај то...... Оти онај шо набљудва му рече на Оливија дека треба да умри
Морам да кажам дека ми се губи некако ликот на Оливија, ја нема нејзината борбеност, решителност... Само некоја колебливост и несигурност. И не ми се допаѓа воопшто. А Питер ама добро се снаоѓа како набљудувач, а па како ја накривнува главата како нив... Многу ми беа јаки последните моменти од епизодата, со музиката, со Волтер кој се бори да остане истиот човек и Питер кој се повеќе се менува... Нина ја освежи епизодата, добро беше да се види повторно. Oд комик-кон.
Многу ми е тажно за Питер и за Оливија значи само колку се жртвуват се расплачив Питер ко стана набљудител,толку тажно не ми било од Призн Браке
можи некој да ми дај торент од епизодата денес со излезе мислам дека е 8 епизода од 5 сезона..нз оти не ми отвара замунда
Кефој сум дека Питер не е појке онаков :мparty: многу тешки зборови паднаја од Оливиа ама мораше само та можеше да му влијај на Питер.Многу ми е тажна серијата станата,а и ми фалат останатите оние од другата страна
И толку од тоа? Па ништо не направи Питер. изгледа ќе мора со планот да направат нешто, нема друго чаре. А ако Питер го убиеше Виндмарк пак ќе беа на мртва точка. мораше изгледа вака да испадне. Уф, потешко ми станува како се ближи крајот.
Ви се приклучувам во манијата, наречена Фринџ. Според мене , една од најдобрите серии на сите времиња. Невозможно е да се откачиш од неа. Ти станува дел од секојдневието. Неколкупати сум се фатила себеси како ѕиркам наоколу, барајќи некои необјасниви случаи. Да не зборам дека сакам дечко како Питер Бишоп. До душа, скоро сите ликови ми се допаѓаат. Опсесивноста на Волтер со храната, неговата брилијантност и преданост; Линколн, еден од најмилите ликови што воопшто се појавиле на екраните; мекодушната Астрид... Да не должам, едвај чекам да го видам крајот, иако би сакала да трае уште мнооогу долго.
Уште четири епизоди... Последнава Спојлер баш беше чакната, од се по малку имаше. Ама во никој случај не можам да кажам дека беше лоша. Ова на Волтер со асистентката што му се појавува ме потсети на трипањето на Хаус, кога си збореше со мртвите. исто некако му дојде. Истите трипачки моменти, кога мисли дека е едно, а испаѓа дека нешто друго се случува. Ама добро, го најдоа детето, баш ме интересира за што е толку важно, мило ми е за Питер и Оливија што ја решија работата. Ама Оливија само ми е некако ептен истрошена, нема снага во неа веќе.
Има некој? Или преминавте во паралелниот универзум? Спојлер Жал ми е за Нина, ама немаше што друго да направи, тоа е тоа. И Доналд е Септември. Хмм, баш ме интересира како дошло до тоа.
Се надевам ке ги победат оние келавите ...ама уште ми е многу жал за керка му на Оливиа и на Питер Нина не се надевав дека ке умри та ми беше една од омилените ликој