Колку вкупно епизоди ќе има сезонава? Нема да има стандардно 20тина? Јас стигнав до 7ма епизода и стиснав пауза. Чекам сите да излезат и сите наеднаш да ги изгледам
Сезонава ќе има само 13 епизоди. Утре ќе излезе торент од 11 и потоа остануваат уште две. Се мислев и јас да не ги гледам триве епизоди недела по недела, да чекам да заврши и да ги изгледам сите три, мисламд ека ефектот така ќе ми биде појак. Само не знам дали ќе успеам да се воздржам.
Гледај си ја оваа што ќе излезе денес па наредните две наеднаш ќе искочат како една на 18ти Јануари, така да ефектот пак ќе ти биде јак
Спојлер Леле не можам да си повервам дека Волтер ке се жртвува, не е фер...и сега се надевам дека ке го спасат Мајкл срцка то се жртвува за нив се предааде,леле колку ми е чуден Септембар со коса а колку шо висов од промото за 12тата Оливиа ке ја напрат како нив или тоа е некоја технологија нова шо му ја даде Семтембар леле срварно не можам ни да си препоствам како ке заврши Шубо ако можат да си ја вратат Ена (иако мми беше малку антипатична)сепак сакам Оливиа и Питер да се срекни!!
Утре ќе има торент и од последната епизода. =/ Ме фаќа некоја еуфорија, многу сакам да знам што ќе се случи, ама искрено толку ми е жал што ќе заврши. Знам, секогаш можам да си ги изгледам пак епизодите, ама веќе однапред ќе знам што ќе се случи, и не е тоа тоа! Се надевам дека нема да разочара крајов.
Јас ја гледам,и мнооогу ја сакам.Мене ептен ме привлекуваат научно-фантастични филмови,серии и книги.Така да оваа серија ми се погодила.
Ја се спремам психички за крајот. Сега ќе седнам и ќе си ги изгледам трите епизоди на раат. И толку после.
е се изнаплачив значи Спојлер А толку се израдвав Септембар ко му рече на Волтер дека ке оди тој и на крајот испадна Волтер да замини најпојке ми беше жал дека со Астрид се разделија срцка му го кажа името правилно Сепак ке остани секогаш во моето секавање оваа серија многу се приврзав со сите ликој најпојке со Волтер Ве сакам сите
Таман мислев ќе помине без солза да пуштам. Ама не издржав. Спојлер Кога застана Волтер пред преминот, кога се погледнаа со Питер... И јас мислев Волтер се спаси, ама не било така лесно... Заврши со последната сцена со која и очекував, всушност не се ни случи нешто крајно неочекувано. Сепак, предобра серија, многу, ама многу ми е жал што заврши.
Отворив да напишам коментар за последните епизоди, но само отворив и како нема зјапам во мониторов... Спојлер мислев дека ќе се спаси Волтер и многу ми е криво што не беше така. Серијава до крај си остана no.1 и тешко дека некоја ќе ми ја замени..
Не ми се верува дека заврши. Обично долгите серии на крај ги упропастуваат, подобро е што сега заврши, ама сега би сакала бар уште една епизода да има Спојлер Последните 4 епизоди на сцени веќе ми се приплачуваше, како ги враќаа личностите што имале некој поголем удел во серијата. Сем Вајс, иако мртов, Нина некако знаев дека ќе се самоубие, Септември кога го видов , другата Оливија и Линколн (можеле некоја брчка плус да им нацртаат и ми беше мило што ни дадоа сцена и од другиот универзум) емоции еден куп. И Џин, кравичката а јас ваму пред монитор, се чувствував како да се разделувам со блиски пријатели Се фокусираа на љубовта меѓу Оливија и Питер и мило ми беше што имаше такви сцени, си плачев и кога Волтер и Питер си искажуваа љубов, па кога се разделуваа Кога знаеш дека на нештото е крај, па си пушташ емоции да течат Ми се свиѓаа последните две епизоди, се си мислев дека можеби ќе се случи неочекувано нешто и дека они ќе заглават во таква грда иднина. Иако мислам, дека последната епизода можеше да трае подолго и да не скратат толку брзо од новата историја која ја создадоа. И јас претпоставував дека таму ќе не вратат на крај, на таа сцена на ливадата, и кога Питер ја гушна Ета и таму си приплаков, плачка И така, уште сум под импресии, не знам што друго да кажам
Предвидлив крај, знаев дека така ќе заврши. Спојлер Ме изненади пријатно моментот кога имаше елементи од првите сезони. Репликата на Волтер: "You are my favorite thing Peter. My very favorite thing." ми е врв. Добра беше и последнава сезона, иако си стојам на ставот дека почетокот е незаменлив.
Си ги оставив последните пет епизоди за на крај, ги гледав вчера и некни, синоќа последните три. Вака ми е поубаво, бидејќи емоционално бев врзана за серијата . Омилена, од самиот почеток, серија која не ме разочара на крајот. Секоја сезона беше одлична, неможам да одвојам ниту една епизода да не ми се допаднала. Толку ја заскав серијата што често ги сонував ликовите . Серијата имаше одлично сценарио, ликовите исто, кастингот неможеше да биде подобар. Секој од актерите го имаше доуловено ликот и карактерот прилично добро. Им легнаа улогите . Глумата предобра! Што и да напишам, малку е, пристрасна сум, субјективна и ако мене ме прашате ќе ви одговорам дека нема подобра серија од Fringe . Ја препорачувам на секого . Последните епизоди беа очекувани, предвидливи, впрочем очекував дека на крај Спојлер Волтер ќе „плати“ за своите истражувања, знаев дека ќе најдат начин да му ја смират совеста, иако тој дел беше тажен, па и загинувањето на Септември, кој ептен го сакав. Исто и детенцето. Последната сцена со Ета на ливадата не ме изненади, уште кога детето му покажа на Волтер што ќе се случи, логично беше да се вратат од тој дел. Па и оттаму, од грабнувањето на Ета започнала окупацијата на надбљудувачите. Некои работи ми останаа не разјаснати до крај, ама сепак покрај толку настани и случаи кои се случија во серијата, ќе се занемари ваквиот пропуст. На крај само се двоумам за детето и Оливија, кога на два пати и покажа со прстот да молчи. Оливија го уби Виндермарк,така? Да завршам веќе, се распишав, ама мислам дека со денови можам да коментирам за серијата . Сеуште сум по импрсии, ќе се навратам пак, имам уште многу да се доискажам. Би сакала Питер и Оливија да се заедно и надвор од филмот. Преубав пар ми се .
^ Спојлер Да, Оливија го уби. Со кортексифанот и се вратија ај да ги речам моќите. Пред да се транспортира го удри со колите. Многу ми беше добар тој дел. Всушност, најверојатно затоа детето истапи надвор да го грабнат, за да Оливија земе кортексифан и на крајот да го убие Виндмарк.
Јас поштено си ги изрикав последните две епизоди. Два дена после тоа не можев да се соземам дека е крај. Очекував ваков одличен крај. Фринџовски скроз на скроз. Спојлер Искрено сега си очекувам филм во којшто ќе пробаат да го вратат Волтер назад. Не сакам да си признаам дека стварно е крај. Без Волтер не ми е тоа тоа. Имам многу омилени елементи од филмов. Многу ми е драго што ги дадоа Фоливија и Линколн, некако ми фалеше другиот универзум. ( Само јас ли сметам дека на актеркава Ана Торв многу повеќе и годи да ја глуми Фоливија, отколку Оливија? А и некако како црвенокоса ми е многу по бедес. ) Ми се допадна што ги употребија фринџовските случаи од минатите епизоди. Со тоа направија одлично заокружување на серијата. Не знам дали само јас си умислувам, ама мислам дека и на актерите им се чувствуваше дека им е жал што е готово. Ко сите тие збогувања да беа до некаде реални. Во последнава епизода, Волтер убедливо владееше со своите реплики. На него највеќе плачев. Погоре гледам дека веќе сте ги пишале. Постов ќе го завршам со една од моите омилени. Тоа е онаа сцената, кога и се врти на Астрид и и вели: Walter:It's a beautiful name. Astrid: What is? Walter: Astrid.
^ Спојлер Па она на крајот со лалето остава простор и за филм, ама не верувам, иако би било добро ако серијата ја заокружат со филм, некако ми фали уште нешто. Ми фали Волтер, ама реков ова му беше како еден вид „казна“. Барем јас така мислам.
На која страна ја гледате серијава ? Јас ја гледав на filmovizija, ама веќе не ми ги пушта епизодите и сега неможам да продолжам да ја гледам!