1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На работ на науката (FRINGE)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од JuLleE, 9 јули 2011.

  1. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Ми се чини дека кога сте ја следеле серијава,јас сум била во друг свет,не ми е јасно како сум можела да ја пропуштам...
    Ма какви вампири и Шелдон Купер,ова е чудо од серија.
    Не за џабе на неколку феминки им е на врвот,ова е нешто феноменално.
    Иако сум само на почетокот,12 епизода,чувствувам дека нема да ме разочара до крајот,посебно поради рејтингот кој го има.
    Колку детали има,на се треба да се обрне внимание,се е поврзано,лудница ми е во глава,24/7 мислам што како,а немам отворено никаков спојлер (првпат да се воздржам :lol:)
    Ликовите си се приказна сами за себе,Оливија ја сметав обична детективка во стилот на Бекет или онаа од Beauty and the Beast,ама е навистина талентирана,паметна,лепотица,а и целиот лик и е прекрасно разработен.
    Очекувам повеќе откритија за Питер и неговите валкани зделки,ама не се брзам,знам дека се ќе биде покажано во соодветното време.
    Волтер пак ми е право срце,сиот збунет,ама ненормално паметен.
    Не знам што друго да изразам за серијава,освен фактот дека сум тотално опседната...
     
    На sweet-cherry, Ema.Sk, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    И конечно ја завршив серијава...
    Искрено,вака наеднаш се губи многу при гледањето,неизвесноста и чекањето ги нема бидејќи сите епизоди се сервирани.
    Имаше некои предвидливи моменти,но поголемиот дел ме оставаа со подзината уста,работи што сум мислела дека се небитни,испаднаа најважни.
    Впечатокот ми е тотално позитивен,5 совршено склопени сезони,немам замерка на ништо.
    Последните 2 епизоди се утепав плачејќи,иако заминувањето на Волтер не ме изненади.Сцената кога Питер ја гушнува Ета најмногу ме трогна,таа ќе си ја носам уште долго време.
    Ликовите крајно обработени,со сите мани и доблести,и си останаа доследни до крајот.

    Најдоброто нешто е самата приказна,не само што беше добро поврзана,туку вака гледајќи ја како научна фантастика остава простор за размислување дека такво нешто е многу можно да се случи.Не баш до краен детал,но серијава ја донесува најбитната поука за човештвото,емоциите (љубовта) е тоа што не прави различни од животните,емоциите ни ја дефинираат судбината и отсуството на истите може да не поведе само на полошо и назад во еволуцијата.

    Дефинитивно мило ми е што ја изгледав,најверојатно уште долго време ќе ги вртам епизодите.Мора да ја нагласам и прекрасната хемија помеѓу Ана Торв и Џошуа,одлично изглумено.
    Исто така,глумејќи ликови од различни паралели сигурно е тешко,а сите актери одлично се снашле во улогите.
    Оливија2 ми стана омилен лик,можеби карактерно за нијанса подобра од Оливија1 и како си се најдоа со Линколн,ептен ми е мило што ги покажаа на крајот.Патем Линколн е многу многу секси маче :D

    И сега не знам што да правам со себеси :D
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.