1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На свирка кај...

Дискусија во 'Слободно време' започната од lavinija28, 10 јануари 2015.

  1. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    2.152
    Пол:
    Женски
    Феминки, еве денес токму е викенд, сабота, па баш ме интересира кој ви се актуелни изведувачи во вашите градови и кафичи? Дали мислите дека има доволно забава во нашава држава кога има свирки во живо или пак поубаво си поминувате само кога има ДИЏЕЈ?
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Има доста забави, но дефинитивно не за сечиј вкус.
    На пример, мене броени ми се местата во Скопје или дома, каде што можам да излезам и да си поминам убаво, да се изнаиграм и изнауживам и да речам дека журката била навистина супер.
    Дискотеки со диџеи не сакам, не сакам целото излегување да ми помине во слушање комерцијална музика со исфорсирани басови. Едноставно, ме потсеќа на неизживеани тинејџери или пак ми поминал меракот зашто сум почнала да излегувам многу рано, иако не верувам, зашто навистина ретко кога се случувало да излегувам на такви места. Не сум љубител на таквите излегувања, единствено правам исклучок за некој добар бенд кој би направил одлична журка по мој вкус. На пример, на Бени или Нокаут секогаш сум си поминувала преубаво.

    Обожавам анплагд рок свирки, најчесто сум присутна на такви забави и секогаш без исклучок си поминувам прекрасно.
    Знам да одлепам и на кафански забави, ама кога ќе размислам - од матура немам влезено во кафана, не сум таков тип, не знам. :D

    Денес конкретно не сум во тек што-каде, но давајте предлози за места каде има добри журки, без разлика од кој град сте и без разлика на жанрот на музиката, нека се најде по нешто за секого. :)
    И те како би ни било од корист понекогаш кога немаме идеја каде да излеземе.
     
    На lavinija28 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    2.152
    Пол:
    Женски
    Јас на пример супер си поминувам на некои поп-рок свирки како на пример на Shine, The Hounds, Foltin (се разбира и на други попознати изведувачи). Сепак, морам да признаам дека сум и љубител на некои диџеи кои пуштаат техно или нешто електро...Зависи од расположение но НИКАКО не можам да се замислам на турбо фолк... (без навреда). :music::music::music: