Во емисијата насловена како „На турско кафе кај...” ќе погледнете 18 едночасовни емисии со познатите ѕвезди од турските серии кои с еприкажуваат во Македонија. Ќе ги видите Султанот, Хурем, Алириза, Ферхунде.... Нов ТВ проект на Драган Вучиќ, сабота во 17.15 часот на Канал 5 телевизија. http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=1 ... icleId=724 Емисијата во глобала е убава ама сепак како водител Драган Вучиќ не ми се допаѓа во емисијата Што мислите вие?? Како ви се допадна емисијата??
На турско кафе со... Одлична ми е идејата за ваква емисија, само водителот малку... не одговара. Иначе ја гледав денешната епизода, и супер беше интервјуто, освен некои дебилски прашања од Драган Вучиќ. Едвај чекам понеделник, да гледам нова епизода од султанот, и секако едвај екам да ја гледам следната епизода од оваа емисија.
има негде кај може на интернет да се гледа видеото на интервјуто што кажувала хурем и останатите? бидејки не гледав бев излезена
Интервјуто беше денес само со султанот, мислам, и јас не го гледав целото , но само тој зборуваше. Како што разбрав во секоја емисија ќе има различен гостин. Инаку кај и да е сигурно ќе прикачат видеа на youtube.
Ми се допаѓа емисијава.Како што сум станала верен гледач на турскиве,ќе ја гледам и неа. Ама овој водителов...страшна работа е. Поглупав не можеше да биде.Сака да се прави демек некој опасен водител,ама само глупости тресе. Сега на интервјуто со Халет Егренч му вика:"И што ти вика Корел кога ќе си легнете во кревет-Бегај бе ти таму со брадата,ме боцкаш". (Хахаха ). И уште многу други вакви бисери кажа,кои во моментов не ми текнуваат. Такви глупави прашања не треба да дозволи еден водител да ги поставува. Не го бива. Не можам да го регистрирам ни со очи,ни со уши. А зошто Нигар не сакала да даде интервју?! Тоа навистина не и' требало.Таа како македонка,требало без проблем да даде,а не уште да одбегнува за македонска телевизија.
Го гледав денес, ама бреееј многу глупи прашања. Напна со брадата, ја боцка ли Корел, ти пречи ли, зошто ја пушти, кај нас коа се емитува ти е кратка. Идејата за емисијата е интересна. Ми текна и Халит му вика „бев во музичко училиште“, а Драган го прашува „А можеш да кажеш дали си музикален?“. :facepalm: Ја пее една од моите омилени песни. http://www.youtube.com/watch?v=fEEgesebCiw
Емисијата искрено ми е интересна и планирам да ја гледам,ама Драган Вучиќ што го ставиле за водител е тоа
абе добра им е идејава со емисијата и со глумциве...ама прашањава малку му беа безвезе...и многу малку траеше почна во 5 и пол па даваа реклами а заврши пред 6 замислував малку повеќе прашања ништо конкретно не прашаа и не добија одговор
Зашто знаела кој дебил е Вучиќ. Ја не ја гледав и не ни мислам да ја гледам па макар и лепотанон од Ѓумуш да го интервјуира.
Абе по суратчено и' се гледа дека е малку дигната...Стварно, селски потег од нејзина страна, кој и да е водител...Шознам...луѓе плаќаат да ги викнеш у емисија да се промовираат, а да те поканат е сепак чест каква, таква.
А бе емисијава испаѓа ко демек македонската нација умира по турските глумци... Овој Драганчо уште сто години да биде во водителските води нема да се научи како да осмисли емисија и како да постави прашање. И што го праша? Ништо што не може да се најде и на интернет. Плус, тоа студиото. Ко в дневна кај мене да беше снимано. Па во цел Истамбул не најдоја поасално место за сминање!? Уште една неквалитетна глупост за перење мозоче на македончињата.
Драган ми беше посимпатичен кога само пееше. Откако почна да води емисии Инаку, неговите емисии имаат интересен концепт, меѓутоа треба подобро да се реализираат. Така и оваа, ок е ама нешто недостасува, а тоа нешто се прашањата за гостите. Малку забега Драган со коментарите за брадата на Халит, едноставно го слушав и црвенеев дома пред ТВ. Толку многу работи има да се зборува со такви успешни луѓе, како и да е...
Е тоа да, ама шознам барем никого нема онака навредено или да се има лошо испонашано со него у емисија, барем тоа ја шо го иам видено. Пак имал добра идеја со емисијава, ама ете и реализацијата е битна и не дека ги сакаме нешто многу турските глумци, ама серииве и те како им се популарни кај нас. Шознам мене не ме нервира толку. Можеби не е некој генијалец за разговор со гости, ама повеќе ме нервираат оние водители кои ми се прават доктор Сезнајко и имаат само една цел - да си ги направат гостите подоле од г**** мислејќи дека тие ќе се истакнат, или ми продаваат некои филозофии да си речеш „аууу колку е паметен/а“ и не му даваат на гостинот да дојде до збор.
Се сложувам со горните мислења за брадата. Претера Интересна емисија, итересен концепт ама водителот нема што да е И ајде нели е пеач што мајкаму бара и во водителските води Колку само поталентирани и подобри водители би можеле да најдат а овие баш Вучиќ, шо врска си нема со водителство.
Tessie мене ми стана одвратен кога ја водеше онаа емисијата 2+1 и кога му беше гостинка Јасна Злокиќ. Женава требаше да пее една песна Писмо, во која она е љубовницата и и се обраќа на сопругата на мажот кој го сака дека се кае, и дебилов Вучиќ, ја прашува дали ти е песнава автобиогравска!!!!!! Мислам алоо!!!! А да не зборам понатаму понижувањето на натпреварувачите во оние емисии за таленти. Страшно. Е затоа Филиз Ахмет ( Нигер Калфа) не му дала интервју. Зашто знае што се прашања може да и постави.