Ја гледав емисијата каде што гостин беше ''султанот''. И што да видиш и што да слушнеш, БРУКА!!! Ова само покажува и потврдува дека Нашиот Драганчо е врв на целата комедија на нашите телевизии. Абе ко се фати за брадата на човекот, како да нема други прашања да му постави. Да не го заборавам најинтелегентното и најинтересното прашање ''Дали кога сте заедно со Шехерезад, на неа и смета вашата брада?'' НЕМАМ КОМЕНТАР Ако продолжи и со другиве глумци вака, ќе имаат што да видат и заклучат турциве за тоа колку инетелегентни водители имаме кои мислат дека се интересни. Со право актерката која ја глуми Нигер Калфа го одбила интервјуто со Драган Вучич, си знае жента.
А-ј-а ми ги зеде зборовите од уста оф мајко моја,кои глупости ги истресе Вучиќ,дали ќе ја пуштал уште брадата или ќе ја крател Кутриот Халил (мислам така се вика актерот) се чудеше од кај му текнуваат овие бисери на Драганчо,па кога го праша дали и од оваа серија може да излезе љубовна афера со некоја од актерките (бидејќи нели тој и сопругата се запознале и се вљубиле кога се снимала Шехерзад) е тоа беше врв на неговата глупост. Зарем се поставуваат такви прашања поврзани со неговиот интимен живот Инаку актерот професионално си одговори на прашањата и баш ми остави впечаток на скромен човек кој си ја знае работата. Филиз Ахмет се вика актерката што сакал да ја интервјуира Вучиќ,родена е во Скопје,глумеше и во турската серија што се снимаше во Битола-Збогум Румелија. Па намерно потенцираше во интервјуто со Халил,демек поздрави ја актерката оти несакаше да даде интервју за нас
Оф леле. Само Вучиќ НЕ!!!! own: Ми се допаѓа идејата, посебно што турскиве серии се многу актуелни периодов, иако јас не ги сакам, ама сепак ми се свиѓа идејата да има некоја ваква емисија. Ама за добро шоу, треба и добар водител, така? Вучиќ незнае да води емисија, конечно нека се помири со тоа, незнае два збора да сврзе правилно, што ќе биде тоа, турлитава од емисија. Би гледала ова, ама да беше некој друг водител, вака по брза постапка ќе морам да мењам канал. Жал ми е Вучичу, не те бива.
Знае ли некој дали гостин ќе му биде Езел,односно Kenan Imirzalioglu? Или некој од главните ликови од серијата? Ќе ви бидам многу благодарна ако ме израдувате со потврден одговор
^ Нема, затоа што Езел оди на Сител. Гости ќе бидат само актери и актерки од сериите кои се емитуваат на Канал 5.
Се е во ред со емисијата само зошто бе овој млитавиот го ставиле водител да биде, неможам да го гледам, и емисијата не ми привлекува вниманије само заради него, се лигави како некој росен зајак..
Нема врска тоа дали некоја серија се давала на Канал5. Интервјуирани се и Али Риза, Џеврие, Хајрие, Полат па нив ги даваа на Сител (претходно на А1), така да можно е и да биде тој интервјуиран актерот што го кажа.
Сегурно ке има со имате турски актери од сите серии во мк со се давале еве и со хајрие ке има иако завршија лисијата.
Па фати за брадата да прашува. Што мерак му беше толку да го занима дали им смета на женските брадата аман!
Ќе има интервју со повеќето турски актери, најверојатно од сите серии што се емитуваат... Абе каков таков Драганчо си успеа да води емисија со нив, колку ли само сакаат да се на негово место
Ама го кажа ова како некое огромно достигнување да е, како кој знае што да прави, а не разговор со луѓе обични како нас. Не гледам ништо тука што е WOW за паѓање во несвес, па да посакм толку да сум на негово место.