Интересна беше Хурем откачена е, весела личност, а овој пат немам забелешки како Драган ја водеше емисијата
bitch please поглупи пашања да и поставеше неможеше? И која му е финтата на Драган што, секој гостин во емисијата го тера да пее? Бог да чува ццц
Хурем , ми изгледа како позитивна, весела и откачена личност. И јас заедно со неа си се изнасмеав Изгледаше природно, добар впечаток ми остави...а Драган барем посаглам прашања да имаше ќе беше подобро.
многу беше интересна хурем хеххе само се смшкаше Во следната емисија ке гледате: На турско кафе со.. Али Риза од Кога Лисјата Паѓаат
Добар впечаток ми остави . Во филмот кога ја гледам и не ми е баш симпатична понекогаш. Во секој случај весела личност е.
Мене ми се допаѓа идеата за емисијава ама не ми се допаѓа тоа што водителов нема концепт за тоа кои прашања би требало да им се постават на актерите може на пример да постави прашање дали во некои карактерни особини што ги глумат во ликот тие ги поседуваат и во приватниот живот.Според мене требало да се сконцентрира и да си напраи добри прашања и да биде малку подготвен и не ми се свиѓа тоа што ги тера да пеат не гледам причина за тоа. Би сакала да гледам интервју со Џеврие,Неџла,Ферхунде и Езел се надевам дека ќе се сети и на нив .
Значи толку се изнервирав струја снема баш прегеска! а утре нема да можам репризата да ја гледам. Го има на нет видеото од Мерием? барав ама неможам да најдам
Колку пријатно ме изненади ухуууу...Те сакав Хуремче а сега уште повеќе.Леле каква ведра особа.Браво.
Леле ама ме изнервира овој Драган кои глупави прашања и ги постави лелелее.... инаку девојката зрачи со позитивна енергија, се гледа дека е пријатна и мила особа.
Мерием беше супер.. Позитивна, ведра, насмеана.. Драган поглупи прашања не можеше да и постави.. Најинтересен ми беше одговорот на Мерием кога ја праша дали би дошла во Македонија..
Нити го познавам лично, нити ми е нешто во животот, ама стварно преку таквото веќе од зборење против Вучиќ. Меѓу нашиве водители, право да збориме, нема некои тешки интелигенции, без правописна или граматичка грешка, ниту еден разговор не им поминува, а и содржински не се баш забавни за слушање. Барем коооонечно некоја убава идеја за емисија од нашиве. Не можете да го поднесете, а сите емисијата му ја гледате. На гостите очигледно е дека не им пречи, ако ништо друго ги забавува и се гледа дека пријатно се чувствуваат во негово друштво. Јас чат-пат кога ја гледам, секогаш се смеам и успева да ме расположи. Такви сме ние, нашето не ни чини, а на сите други им чини. Затоа и Филиз Ахмет му одбила интервју, ја па се чудев зашо...ние ако може да се сотреме меѓу себе најубаво-ич непријатели не ни требаат. После Евровизија кукаме како никој не не` сака. Треба за почеток да се научиме да си го цениме нашето, за да не сакаат и другите. Паметен си е Вучиќ, барем знае да привлече и гледачи и гости...
Прашањава ме тераат од бутот да си гризнам. Најсеризно, може да се потруди барем некое подобро прашање да смисли, не? Ама да не биде плукање еве, му ја почитувам идејата, знае од никаде да никне и да создаде нешто што, и покрај сите муабети на луѓето, сепак е доста гледано. Креативен е, реализира добри идеи, има врски, што е исто така доста битно за да се успее и тоа е тоа.. За тепање досада, супер е!
Мерием е многу позитивна ведра личност,навистина се изненадив многу пријатно од неа . Водителот по се изгледа не може да свати дека треба зборува литературно,да има некој концепт кога прави интервју,и кога запнал со тој германски,па испеј песна па испеј . Како и да е,Мерием е многу приземјена културна и добра девојка,сигурна сум дека ја чека многу успешна и долга кариера,и навистина би сакала да дојде некогаш во Македонија
За проектов немам зборови навистина е многу добар.Канал 5 сеа си доби уште поголем рејтинг супер за нив ама не требало Драган Вучиќ да го пратат бидејќи не знае како да се изрази плус поставува многу смотани прашања.Требало некој како Џамбазов или ајде некој од помладиве.Ама еве во целост би кажала дека ми се допаѓа навистина овоаа емисија а за Драган ќе замижиме.