Јас не можев да се досмеам минатата недела, емисијата со Полат, кога Драган Вучиќ му викаше - My fingers are like kebabs
Вучиќ на Хурем и поставуваше едно исто прашање на сто начини. Човеков треба да добие Златна бубамара за ИНВЕНТИВНОСТ. ,, Каде ти е поубаво,во Германија или Турција.... Каде се осеќаш како по дома, во Германија или Турција... Која е разликата измеѓу Германија и Турција...,,Ужас
Не знам точно колку емисии поминале, ама јас само две гледав цели и малку од Полат. Хурем и Чинар ги гледав. Не е лоша идејата, само Драган Вучиќ многу глупави прашања поставува. Тој еден час може многу попаметно да се искористи и поинтересни прашања да се постават. Инаку Хурем баш ми беше природна, слатка е и мислам дека воопшто не се прави важна. А Чинар ми е ммммм СРЦЕНЦЕЕЕ!!!!!!
Денес ќе има интервју со Халил Ергун (Али Риза) па нема да ми биде баш интересна оваа емисија. Јас најмногу го чекам интервјуто со Дениз Чакир (Ферхунде), пошто таа ми беше омилен лик од лисјата. Само сакав повеќе прашања да им поставуваше Драган за приватниот живот. Ама сепак добро е.
Али Риза ми се виде некако нервозен видовте? Сега има реклами чекам да гледам,али онака на прв поглед апла некако ко намќор ми се виде.
И мене така,а што беше она што му го облекоја на нозе на Драган?Најлончина? Бтв куќана му е сон...аххх
Не даде одговор на прашањето за Ферхунде.Леле на старата и се развика за турски чај што не сварила Драганчо е поозбилен некако не е како во другите интервјуа што се зезаше со останатите,страв му е од Али Риза
Навистина за разлика од ругите ентервјуа, Вучиќ во ова интервју со ''Али Риза'' се опраил колку толку. И проектов залужува друг водител или водителка, ама тоа е кога на никој друг не му текнала идејава за емисијата. Досетлив е Вучиќ нема што.
Нормално е тоа што Вучиќ посериозно се однесуваше со Али Риза, сепак тој е повозрасен и традиционален човек (како што можеше да се забележи) и нормално поголема почит и сериозност е добредојдена. И баш мислам дека интервјуво го опушти малку (се глеа дека е човек изгорен од новинарите), ама со Драган толку им се уарни, што и наредната емисија ќе биде со него (си го продолжиле интервјуто ) А тоа со најлонските обувки на влезот, па и јас да имам повозрасна помошничка и толку убава и голема куќа истото би го правела, сто пати подобро и похигиенски отколку да му влезат по чорапи и да им даде некои стари папучи во кои 100 нозе се потеле... И паметно шо помошничката е повозрасна и традиционален тип, не е тој будала да вработи некоја млада, да го мафта и да го краде. Кога му треба жена-ќе си излезе во кафана...се` тој си смислил... Емисијава ме изненадува се` повеќе и повеќе...секоја недела ми е се` попријатна за гледање.
Мислам дека следната сабота ќе биде продолжение од интервјуто со Али риза, бидејќи не го дадоа цело мислам.
Еве го интервјуто со Али Риза за тие што не гледале http://www.dailymotion.com/video/xpdejw_na-tursko-kafe-so-halil-ergun_people Следнота сабота е вториот дел од интервјуто