На шопинг сами или во друштво?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од kristii, 11 септември 2011.

  1. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    1.688
    Девојки темава ја отворив да подискутираме за тоа со кого сакате да одите на шопинг? Дали сами или со другарки,мајка,сестра? Сум гледала многу девојки низ град сами каде што одат,сум одела и јас али не е исто чуството да одиш со некого да има некој до тебе да ти помогне во изборот.
    Доколку не ви се допаѓа темата,клуч
     
    На lalalu556 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    1.880
    Со друштво. Ем ќе ми помогне во изборот, ем ќе ми каже како ми стои. Понекогаш и не сум баш сигурна дали нешто ми е како што треба.
     
    На lalalu556 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.323
    Сама ми е најубаво. Кај сакам влезам, колку време сакам толку да поминам во една продавница. Никој не ме чека да пробам облека па да се испотам од брзање. За изборот... има огледала. Единствен минус е ако е цел ден авантура, и правам пауза за ручек, па немам со некого да правам муабет. Ама сепак преферирам сама.
     
    На Βικτωρία, joy1, kate21 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    3.907
    јас сакам да одам сама ,многу ретко барам мислење од некого за нешто ,ако јас намислам нешто да си купам купено е, па и десет луѓе да ми речат дека не ми стои добро јас ке си го купам....
    обично им правам друштво на другарките-велат со мене се си наоѓаат :?:
    но кога е за мене одам сама, мразам некој да влечам со себе, така само повеќе се нервирам и нема да купам ништо
     
  5. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Сама!! Порано никогаш не одев сама, се додека еднаш не успеав да најдам друштво и сфатив колку ми е подобро така. Воопшто не ми треба некој друг да ми каже дали ми стои или не, како што кажа Imelda има огледала за тоа, а искрено и во 80% од случаевите другарките секако ќе ми кажат дека ми стои добро и да не е така, најмногу го мразам тоа и не ми е јасно зошто така прават :^) Како и да е, одам кај сакам, купувам колку сакам, си седам во соблекувална 3 саати ако треба анализирајќи го секое деталче од облеката и на крај си решавам сама и најзадоволна сум така. Ако ме викнат за друштво нема проблем, и реално кажувам да ти стои, не не ти стои земи друго. Ама мене едноставно за шопинг не ми треба друштво. Со мајка ми веќе добри 6-7 години не одиме заедно од проста причина што очи ќе си извадиме, со дечко ми не можам затоа што го гледам како се туфка од што му е досадно и ме брза така да, сама ми е нај нај најубаво!!!
     
    На Gioia му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gioia

    Gioia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    598
    Сама ми е најубаво! Како помала идев со мајка ми ама во последно време почна и таа да ми се меша во изборот и да ми наметнува парчиња облека а јас тоа не можам да го поднесам,некој да ми натура! Убаво е понекад да имаш некој за консултација,ама па има огледало во секоја продавница и можам најубаво да си се консултирам самата со себе! Плус влегувам во која продавница сакам и колку сакам си се задржувам..лакше се дише коа си сам! :)
     
  7. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.791
    Допаѓања:
    3.257
    Пол:
    Женски
    Во друштво, ама ако партнерот за шопинг е нерасположен, цело време мрчи, се нервира, му се оди дома, го мрзи да шета, ми кажува „супер ти стои“ мо колку побрзо да си одиме дома, повеќе сакам сама. Инаку во главно најчесто одам на шопинг со најдобрата другарка или мајка ми, зашто тие секогаш се искрени и и да не ми стои ќе ми ја кажажт вистината. :)
     
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.814
    Допаѓања:
    2.105
    Со дечко ми. Не се буни ако се задржам подолго во градероба, искрено ми кажува како му се свиѓа тоа што ќе го пробам, и ми е идеално друштво кога одам на шопинг.

    Кога одам со другарка исто така добро поминувам, но ако одам само со ЕДНА. КОга се повеќе неможам по пола саат да ги приберам од една продавница што страшно ме нервира.

    Сакам кога одам на шопинг и некој мене да ми прави друштво, ама не сакам кога одам на некој да му правам друштво на шопинг, особено кога тој некој е без осет и со саати чекам да пробува.

    Не е лошо и сама... ама поинтересно е со дваца. Па после шопингот на една добра салатка, или кафе и сладолед :)
     
  9. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.380
    Најчесто сама, но ако сестра ми или мајка ми сака да купи нешто, се разбира дека може да ми се придружи, ама јас си одберам сама што ќе купам, ми кажува како ми стои, ама не ја прашувам воопшто. :D
     
  10. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    511
    Секогаш со мајками :) Кога и да одам сама да си купам нешто, знам дека ке го утнам.
     
  11. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    637
    Со една,две другарки или со мајка ми.
    Јас сама не можам до библиотека или до маркетот што ми е на две минути да одам,а не пак на шопинг...цел град сама да го вртам :angel: Не знам зошто стварно,ама многу ретардирано се осеќам ко ќе шетам сама по корзо и низ чаршија,ко некоја ненормална брзам,речиси трчам :D Ми треба друштво за шетање,а особено за на шопинг.
    Преферирам да пазарам со мама,секогаш одбирам поубави парчиња со неа бидејќи ако се затрескам во некое парче што не ми стои,веднаш ме критикува..секогаш е искрена.
    Додека пак,со другарки шопингувам кога мама не е слободна и тоа обично накит,шминка,аксесорис.Облека може со една другарка,зашто не обожавам да одам по бутици со цела сурија другарки :D
     
  12. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    623
    Ни со мајка, ни со другарка, уште помалку со дечко! Јас си одам сама да си купам што ми треба, поточно влегувам во два-три бутици каде сум си во близок однос со продавачките па воопшто не ми е непријатно да влезам и да купувам сама! Дури и подбро ми е така, отколку да ја влечам мајка ми со мене која на се ќе ми каже ,,ти ова нема да го носиш,, другарка ми која секогаш ми вели ,,препрепренајубаво ти стои земај го и ај да одиме на кафе,, дечко ми кој и тогаш кога сакам да купам облека за на работа ме насочува кон облека која единствено за свадба би ја облекла!
    Значи подобро сама да си одберам и да си купам што ми треба!
    Кога пак се наоѓам во дилема и ми треба мислење тогаш имам една личност од која барам мислење и која ми е редовен придружник кога купувам чевли оти во изборот на чевли правам најчести грешки!
     
  13. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    1.729
    Обожавам сама да одам на шопинг. Едноставно никој не ме брза и не ме нервира. Си влегувам каде што сакам и тоа е тоа.
     
  14. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.499
    Допаѓања:
    3.999
    Пол:
    Женски
    Најчесто со мајками а се случувало и со другарка
     
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.815
    Пол:
    Женски
    Најчесто одам со мајка ми и ја слушам како се жали дека ја болат нозете |( |( |( |(
     
  16. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    430
    Најубаво ми е кога сум сама или со мајка ми,пошто сакам да си прошетам и да влезам во секој дуќан на раат да гледам. А,ако сум со другаркиве тие се се брзаат некаде.
     
  17. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    510
    во друштво :)
     
  18. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.875
    Сакам шопингот да го правам со друштво, ама БАШ друштво за шопинг.
    Мразам некои кои на секои 10 минути ти викаат ајде одиме, ајде...Не, тоа не! Имам неколку такви искуства и со тие личности Реина во шопинг никогаш повеќе...
    Мајка ми е супер друштво за шопинг, 4/5 другарки исто така, братучедми и нејдобриот другар...Тоа се се на се лицата со кои Реина оди на шопинг.
    А ако никој од нив не е слободен, фино лепо и културно, фаќам пат под нога и го минувам цел град САМА :)
     
  19. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.245
    Допаѓања:
    1.546
    Па со сестра ми најчесто а инаку ако таа не е расположена некоја другарка :)
    Но некогаш и сама!
    Зависи како сум расположена :)
    Инаку еве сега треба да одам на шопинг бидејки имам голема листа :lol:
     
  20. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    640
    Мала сум да идам сама :wasntme:
    обично идам со другарки, или со татко ми пошто мајка ми многу ме нервира
    она ми кажува што да купам, што не, што е убаво а што не.. |(
    сакам да идам сама, зашто имам доста љубоморни другарки, ќе пробам нешто и од љубомора зашто они неможат да го купат ми викаат дека не ми стои..
    Од сега ќе почнам сама да идам или со тато :D