.. ..сама...не сакам да створвам обврска на некој да иди со мене а да не му е интересно.... ама ако одам по нешто специјално да купам е тогаш со мене идат девојките од синовите,нели 6 очи гледаат поубаво од две....едноставно ради оценка и критика... .
Несакам сама на шопинг, потребно ми е да чујам и второ мислење ...Најчесто одам со мама . Таа најискрено си ми кажува како ми стои , и ем ќе ми помогне во изборот
Сама нема шанси глупо ми е. Секогаш сакам да имам друштво поинтересно ми е, а и сакам да слушнам друго мислење.
сама.... понекогаш со сестра ми..но најчесто сама..си пробам нешто во бутик си видам како ми стое го купувам или не зависи и готовоо.. а не да ме лаже некој е мн ти е убо па ова па она
Сама. Дефинитивно. Не сакам некој да ми виси над глава, со некои излишни коментари, зашто си сакам време и мир, на раат да си буричкам низ закачалки. Друго, ретко кога ми треба нечие мислење, низ годиниве си изградив стил и дефинирав вкус, така што сама го проценувам парчето, потпирајќи се на сопствената дефиниција за префинетост. Е сега, во исклучителни случаи, кога купувам нешто поспецифично, ја барам мајка ми, нејзиниот совет ми е најдраг, а и тука некаде сме со вкусовите дека таа најмногу влијаеше на изградбата на моите преференци воопшто!
Па кога како..Шопингот секогаш ме опушта безразлика дали сум сама или со друштво..Во секој случај поинтересно е со друштво,барем јас така мислам
Па во шопинг најчесто со мајка ми.Иако имаме различни стилови сепак најмногу ме советува за материјалите и дали ми прилега убаво или не.
Или сама или со мајка ми.....Доколку јас нешто сум си бендисала , не ми треба друго мислење , најважно е мене да ми е убаво , јас да се чувствувам убаво а не на другите , па лицемерии , триста глупости.Со мајка ми нај убаво ми е , знам дека нејзините коментари и забелешки се секогаш најискрени
Или сама или со мајка ми.. А со другарки во никој случај Еднаш бевме со другарки и ништо што бендисав не си купив... Де било жолто а не портокалово, де нешто друго било поубаво, де не било квалитетно, де било скапо .. Триста чуда Од тогаш само со мајка ми и сама си одам
Сама одам само ако веќе имам одбрано. Инаку безвеза ми е да се шетам така без муабет. За шетање и разгледување обично сум со мајка ми или со една другарка. Другарка ми морам да ја пофалам дека е девојка која досега не направила некоја модна утка па секогаш знае да даде добар совет и често се случува да ја послушам. Со татко ми или со дечко, другар немам отидено и не би сакала машки да водам со мене а и не познавам некој момак кој многу сака да се шлае по продавници.
На шопинг одам со баба ми. Најинтересно си поминуваме, никогаш не се меша во мојот избор и ми купува се што сакам.
Во друштво е можеби поинтересно,но сама барем никој не ме брза,никој не ми вели `Ејјј,не таму,дојде овде ке одиме`.И ако не сум сигурна околу мене има милион консултанти.
Ретко одам во шопинг. Кога одам, маж ми е со мене. Со другарки не одам, бидејќи тие знаат да претераат со шопинг. Влегуваат во сите бутици. А јас тоа не можам да го трпам.