Само јас нека имам почесто пари за шопинг, па воопшто не е важно дали сама ќе одам или ќе има некој до мене. Важно да си дојдам дома со полни ќеси и насмевка од уво до уво!
Ни една другарка не ми е погодена за шопинг! А со мајка ми ич не се разбираме кога се однесува за облека! Затоа скоро секогаш идам сама, ем на раат да си пробам ем никој да не ми мрчи од страна.
Немам некоја навика да одам "на шопинг" за секоја ситница. Секогаш знам што ми треба, од каде ќе го купам и кој ден ќе одам. Така што не ми треба никој со мене. Одам, купувам и се враќам дома, се на се еден саат. Единствено можам малце да се подзамислам кога купувам поклон за некоја блиска личност ама тоа е плус-минус 10-15 минути ништо повеќе. Мразам влечење по цели денови, па пробување по пет пати едно исто парче облека, па ај до ваму, па ај до таму, цел ден да го изгубам со лигавење. Стварно "шопингот" не ми претставува некоја релаксирачка занимација. Воопшто не ми е забавно сега на жештиниве или зимно време во студови да се влечам по излози и продавници, па од еден до друг трговски и така цел ден во круг. Ни сакам некој да иде со мене, ни сакам јас да одам со некој. Спојлер А и зависи што подразбирате под зборот "шопинг". Ретко кој кај нас може да си дозволи "шопинг" во вистинска смисла на зборот. За мене не е "шопинг" да се шеташ цел ден од продавница во продавница и да купиш една маичка од 150 денари и едни фармерки од 200 денари. Пример само давам, не дека јас имам фармерки од 7 000 ама смешно ми е кога ќе кажат некои бевме "на шопинг", а потрошиле двете заедно 1000 денари.
Сама никогаш. Со мајка ми најчесто одам затоа што е секогаш расположена за искрени коментари. Ако она каже дека добро ми стои значи стварно добро ми стои. А со другарки одам ама ретко купувам нешто. Некако на трчање ми е со нив. Не можам убаво да си разгледам и да влезам во сите продавници
Најмногу сакам да одам на шопинг сама како ненормална низ бутици Многу подобро ми е така, можам да одам каде сакам, колку сакам да се задржам и да пробувам колку сакам.
И со друштво и со мајка ми(посебно кога веќе знам што ми се свига и го иам пробано па фали само некој да плати хахаха) инале најубаво ми е сама на раат сите продавници си ги шетам
Како поминува времео сфаќам дека боље ми е сама.Си одам кај сакам,си се задржувам колку сакам без притоа некој да ме брза,никој не ми се меша во изборот итн..Така многу осреќна сум на крајот а и мн.побрзо завршувам!
Со друштво најчесто идам ако знам што точно зимам или ако ме однесат некаде каде што има некоја нова или некоја продавница што не ја знам, имам од факултет една другарка со која што стално одиме негде да разгледуваме,или со мм, а за купување сум многу досадна најчесто сакам сама на раат да идам да си правам комбинации од тоа што сакам да го земам, и така..
Преферирам со друштво,секое мислење е добредојдено Инаку има моменти и кога сум одела сама.И така не е лошо
Преферирам да одам сама бидејќи знам да бидам многу напорна. Често сум неодлучна, па знам по неколку пати да ги поминам сите продавници, а ретко кој има време и нерви за тоа... Не дека не одам со другарки или мајка ми, ама поубаво ми е кога сум сама. А што се однесува до коментарите дали нешто ми стои убаво или не, немаат никакво влијание на мене, ако нешто не ми е по кеф, ako не се чувствувам пријатно во таа облека, макар сите да потврдат дека ми прилега одлично, нема да го купам истото.