Порано кога бев основно, па и прва-втора средно, ми беше незамисливо да одам сама во шопинг, редовно одев со друштво. Сега уживам додека одам сама, и ако веќе сериозно барам нешто конкретно што сакам да купам, секогаш одам сама и избегнувам друштво затоа што ми е многу поубаво така. Ваљда сум била дете порано, па не сум сакала да слушнам за сама како којзнае што, абе памет за тие години толку, сега уживам да си разгледувам, ни некој ме брза, ни ништо. Е сега, зависи која ми е целта на шопингот. Пример се дешава да си разгледуваме што има ново низ продавниците, заедно со другарки, па ако ми падне нешто во очи, можам спонтано да го земам. Се случува и фамилијарно да одиме некаде и да направиме еден добар шопинг паралелно, тогаш шетам и со моите, а често знаеме да се разделиме и секој во свој правец да си разгледува, а после да се чекаме некаде. Кога си барам нешто конкретно, пример сум решила да купам фустан или чевли, и имам зацртано во глава какви, најдобро ми е сама, зашто сакам да си шетам без притоа да ми биде непријатно дека некого заморувам, досаѓам или сум се заборавила временски. Јас сакам добро да си прошетам, ма и цел ден можам да шетам, ако не најдам тоа што сакам, па и да најдам, пак ќе разгледам.. Ретко кој така не му е напорно, па кога сум со друштво ми е непријатно да се задржувам со саати во еден бутик, или да пешачам на долги релации од трговски до трговски, или да пробувам долго во гардероба. Онака кога сум сама јас колку си сакам толку ќе се задржам, што сакам тоа ќе пробам, кај сакам таму ќе влезам. А не, со другарки, па кај ќе идеш таму нема ништо, или со моите дома, ма што ќе ти е тоа, со што ќе го носиш, кај ќе го носиш.. Се зависи и со кого идеш, имам една другарка што е иста како мене, со нејзе сме иделе на шопинг по цели денови, кога идеме по одмори сите спијат сабајле, ние користиме време во шопинг да идеме, сме шетале со саати сме пробувале, еднаш знам баравме кожени хеланки низ цел Охрид, кога уште не беа излезени тука баш, зашто таа не живее во Мк , па таму веќе се носеле и ме навлече и мене.. Со такви луѓе, што ни се поклопува енергијата, преференциите и стилот можам да шетам без проблем. Со некој што не му се шета низ бутици и само мрчи или што има сосема различен стил па само се расправаме каде попрво да влеземе ич не ми се иде во шопинг, тогаш ми е многу поубаво сама.
А што подразбирате под ‚‚шопинг‘‘? :? Две маички и едни фармерки купени? мхм.. Епа тогаш одам со мајка ми.. оти не сакам да одам со другарки или сама и не верувам дека некогаш со други или сама ќе одам..глупо ми е,мајка ми знај искрено да ми кажи дали е убаво и дали ми стои..а не ќе викнам другарка и само ќе ми речи ‚‚ахам убаво е земи го‘‘
Искрено, сама ми е најубаво, ама секогаш одам со дечко ми. Така тој ме навикна, се да бираме заедно за и на двајцата да ни се допадне. А со другарки често пати и заморно ми е.
Кога оди другарка ми - секогаш ме бара, кога оди мајка ми - секогаш ме бара, кога одам јас - одам сама. Неќам туѓи мислења да ми вриштата сама, сакам сама да видам што ми се допаѓа да си пробам сама без некој да ми врши притисок, без да ми кажва кај да одам за да најдам поубо и без да ми вика: „леле нема време“
Би сакала да има некој со мене да ми даде мислење најмногу другарками бидејќи има ист вкус како мојот
сама најдобро, зато шо ако си со друг ќе ти го смени мислењето за нешто шо него му се допаѓа и на крајот ќе се каам шо сум го зела то,а не јас тоа што си мислев...и така.
Сама никогаш не одам,бидејки ми е досадно(и заради тоа што сум многу зборлеста и неможам да издржам така ) и бидејки сум голем "пишман" и неможм да се одлучам лесно,па најчесто со сестра ми или мајка ми за да ми помогнат околу изборот,или со другарка ама поретко затоа што не кажува искрено ради реда ти вели "убаво е земи го" колку да замините побрзо..
Дефинитивно сама. Не сакам никој да ми се меша во изборот. Не викам дека немам шетано со другарки или мајка ми, ама најубаво ми е кога сум сама.
Кога одам на шопинг со повеќе другарки ама баш ништо не можам да си најдам. Една ќе гледа едно, другата - друго, третата - трето и на крај само така поминало времето. Затоа поубаво ми е сама да разгледувам, да пробувам, а ако нешто ми се свиѓа, нареден ден ќе земам “жири“ да го види, да ми даде мислење и да ми потврди дали да го земам.
Често одам во шопинг со мајка ми ама сепак кога одам сама ми е поубаво никој не ми се меша и лесно одлучувам со друштво еден гледа ова друг тоа најубаво сама и бирај што сакаш.
Во последно време сакам сама да си одам на шопинг.Најубаво ми е никој не ме брза си гледам тоа што сакам и несакам да ми се меша никој во изборот.Порано одев со дечко ми сестра ми другарки. Дечко ми ме нервира само се влече по мене или ме чека надвор и пуши цигара Сестра ми ме нервира имаме разни вкусови и обично после шопинг бевме нон стоп скарани Со другарки едноставно НЕ . Така да сама најубаво !
Порано сакав друштво и ми беше поинтересно со другарка ми и со дечко ми, сега веќе не сакам да малтретирам некој со мене по продавници, а ниту пак јас да брзам и да се замарам за нив...вака си шетам, си пробувам и си наоѓам се што ми треба
Не знам ни јас самата што да одговорам ваљда зависи од ситуација и расположение Некогаш баш сакат така сама да си ги подредам бутиците и да си купам што ми треба а некогаш сакам со мене една другарка да си шеткаме заедно