Одам барем со една другарка, ми треба мислење. И секако, другарката мора да има фешн сенсе за да ја повикам.
Секогаш сама. Јас сум човек што бесконечно може да шета по продавници и кој може часови да копа по рафтови. И иако многу другарки рекле дека сакаат шопинг, никој не издржува со моето темпо па на по две продавници цивкаат дека се уморни. Само еден другар ми бил погоден за шопинг, многу ми фали зошто сега ретко го гледам ама кога ние ќе излезевме знаевме по цели денови да ги утепаме така и имаше разбирање за мојата потреба опсесивно да душкам парфеми и пробувам тестери и ми даваше колку што ми треба време во парфимерии, што не се случило со никој друг. Ми фали.
Најчесто одам со друштво, но најмногу сакам да одам сама. Сакам да си одделам доволно време за гледање на она што ми треба, а понекогаш кога сум во друштво не можам. И затоа ќе почнам сама да си одам
Кога одам `онака` одам најчесто чопоративно и тоа е океј зошто тогаш не ни очекувам да купам нешто, ако се најде нешто- супер, ако не, нема штета Ама кога одам со намера да купам нешто конкретно одам со само една другарка зошто ми се свиѓа нејзината искреност и тоа што не и е срам да ми каже дека личам на мечка во нешто што не ми стои Бидејќи не се разбирам многу во штикли и капути (што се вика до вчера носев патики и јакни), тогаш ја мкнам мајка ми со мене да ми каже дали тоа што сакам да го купам е квалитетно или не, да не фрлам пари за џабе. Кога купувам козметика најчесто одам сама зошто незгодно ми е да ме чека некој подолго време додека јас ја барам баш таа нијанса на кармин или лак што сум си ја замислила
Преферирам сама, зашто не сакам некој да ме чека додека на раат разгледувам, а и ретко да ни се свиѓаат исти нешта кога излезам со друштво.
Па често се дешава да бидеме излезени некаде и онака сосем спомнтано да ми се допадне нешто и да го облечам, секако не веднаш да го купам.па во тој момент прво се служам со огледалото, потоа со сопственото мислење, па на крај со оние што се со мене.Ако ми се допаѓа, барам пари и си го купувам.Со мајка ми најмногу излегувам кога е нешто ептен испланирано, и иако жената знае многу да ме изнервира при изборот, секогаш со помош нејзина го одбирам најдоброто
Сама.Со друштво ретко бидејќи сите си имаме различни стилови,вкусови. Не сакам да ми се мешаат или да ме брзаат додека разгледувам.
Најчесто сама, не сакам да ме брзаат, а и сама си знам најдобро што сакам и што ми прилега. Се нервирав порано кога ќе отидев со некоја другарка и она после некои саат - два ќе шетање ќе почне ајде побрзо, види колку е саат... (ако не бидам сигурна 100% дека тоа што го купувам ќе износам и ќе ми се свиѓа и понатака, нема да го купам).
со една другарка секогаш одам зошто секогаш ни се допаѓаат исти работи и се што сум куоика со нејзе за ништо не сум се каела потоа
Со 1-2 другарки. Кога сме повеќе да поинтересно ни е ама па не стасуваме, се влечеме наваму натаму. Вака ниту се брзаме, ниту пак се влечеме.
Поубаво ми е сама. А многу често и разгледуваме со другарките па ако нешто ми се допадне по некој ден одам и си го купам. Ама подобро ми е сама оти премногу мислења и коментари даваат ен тоа ова не ова тоа и ме бунат така. А вака сама на мира си разгледам си пробам и си одлучам.
На шопинг најчесто сама. Никој не ме побрзува и со текот на годините знам што ми прилега најубаво на моето тело, па така добро знам што сакам