Некогаш сама, некогаш со мајка ми. Ама најдобро ми е сама. Можеби ќе влезам во сто продавници, ќе пробам сто парчиња облека, а притоа неќам некого да малтретирам, можеби ќе му здосади од толку многу. На раат си шетам кај сакам, без некој да ме замара.
Дечко ми беше најдобар другар за шопинг, со саати сме купувале и сме шетале. Плус најмногу му верувам на неговиот вкус, знам ако му се допаѓа, тоа е тоа. После обавезно ќе се почастевме со кафе и ќе си коментиравме. Сега кога се вработи нешто како нема време, стана досаден и демек изморен и не планирам веќе да влечам мрчатор со мене. Останува некоја другарка или сама. Ама, не е тоа тоа.
Највејке сакам сама да одам имам време за да шетам колку сакам и никј да не ми брчи над глава Но кога не сум сама одам со мајка ми или со дечко ми
Сама или со некоја другарка, мм не е многу по шопингот, секогаш ме брза а јас сакам на раат да си разгледам
Преферирам сама. Во последно одам со дечко ми да разгледувам само де јас де тој, ама сепак делот купување ко ќе дојди преферирам да одам сама, да пробам уште еднаш и да земам.
Најмногу сакам да одам со мајка ми, зашто таа ми е најдобар критичар. Во последно време одиме со мм и ќерка ми и купувам набрзина додека на малата не и се здосади да шета
Сама,најубаво ми е. Не сакам обврска на никого да му создавам и времето да му го трошам,да го замарам дали ми стои или не. Сум одела и со другарки,една ваму сака,друга натака,јас трето гледам.После може,кафе да пиеме и квалитетно време да поминеме. Сама на себе сум си најголем критичар.
Дефинитивно со сестра ми Секогаш знае да ми даде искрен совет, има доволно трпение да одберам иако не сум јас многу многу по модата. Тука е да ми помогне да најдам нешто, иако сум јас 100% сигурна дека нема ништо. Денес на пример сите продавници ги прошетавме, таа гледаше за себе а ја за мене. Не можав ништо да најдам 2-3 саати, таа за 5 минути ми најде 5 работи кои ми се преубави и секако си ги купив и дури дома сватив колку се прекрасни. Ја обожувам
Најчесто сама,така најмногу уживам и можам да гледам и да пробувам што сакам.Другарка носам кога ми треба мислење околу некое парче облека
Со мајками или друштво.Мајками на моменти знае да ме изнервира и да ми одбере старомодна комбинација а знае каков стил имам,али и од двете страни ми помогаат во изборот.Ми кажуваат како ми стои.
Со другарка многу ретко, не би сакала на некој да му го трошам времето да шета со мене по бутици, ако сум со мајка ми ќе збори скапо е, така да сама најубаво ми е
Со дечко ми секогаш. Порано уживав сама кога купувам, ама сега ако не е он со мене не ми е тоа тоа шопингот Имаме скоро ист стил и секогаш знае да ми помогне во изборот
Кога како,кога сум сама поради мојата неодлучливост можам и ништо да не купам,па затоа ја зимам или мајка ми или другарките,а понекогаш и татко ми,само дава пари и се согласува со се што ке одберам