Сама сакам,сакам одам дека несакам никој да ми се меша и да ми кажува што да купам и што ми стои,што не ми стои
Секогаш сама, ни мајка ни другарка не земам на шетање зошто или треба скроз да ги заборавам за да си прошетам ко што сакам, или (најчесто) гледам што побрзо да разгледам за да не им стане досадно. И кога ќе им спомнам дека бев пример до Сити мол нешто да си побарам, секогаш реакцијата е „Сама??“
Сама ми е најубаво и најопуштено. Сѐ ќе си разгледам и испробам на раат без некој да ми коментира ова она. Не ги разбирам оние луѓе кои без придружба не одат по продавници.
Сама, да можам да си се задржам во одделите каде што јас сакам и да ги прескокнам оние што не ме интересираат, а и повеќе трошам сама, нема кој да ме предомислува
Зависи, преферирам сама бидејки влегувам каде сакам не брзам, можам да се задржам колку сакам и во која продавница сакам. Ама некогаш ми треба друштво за помош при избор и да ми каже дали добро ми стои
Најчесто сама, а и така ми е поубаво. Никој не ме брза си рагледувам полека, што сакам си купувам без да ми се меша некој.
На шопинг одам сама најчесто, зашто другарките секогаш премногу ме брзаат, не можам ништо раат да си видам.
Сама ми е најубаво. Никој не ме брза, можам да си разгледувам со часови и да не губам пак време на работи што не ме занимаат.
Некогаш сама, а некогаш земам една другарка колку онака да си имам друштво. Пред некое време бев со татко ми и се зачудив колку се добри мажите за шопинг. За се ти викаат земи и убаво ти стои. Ние жените сме позлобни и полоши.