Сама,затоа што се чувствувам опуштено,додека пак ако сум со некој чувствувам притисок дека му е досадно и се брзам.
Секогаш мразев да одам сама низ бутици и да купувам. Се до скоро кога решив сама да појдам бидејќи така ми се погоди моментот неможев со друштво, па тргнав сама. И се случи најдоброто искуство евр, на раат си ги прошетав сите продавници, пробав се и без притисок си купив што сакав. Така да во случајов соочете се со стравот и излезете од својата комфорна зона, нема ништо поубаво.. Сега ми е најубаво сама и можам да кажам многу ми влијаеше позитивно на самодовербата .
Во друштво ми е поинтересно.Си даваме предлози,сугестии,разменуваме мислења дали ни стои нешто или не.Одам и сама,тогаш ми е полабаво и се задржувам повеќе додека да се одлучам што да купам
Сама, дефинитивно. Зашто сама? Зашто нема кој да ми се меша и да ми вели да побрзам. Убаво се можам да си разгледам и да си пробам. А за совет дали ти стој убаво, јас мислам дека самиот треба да имаш осет. Другиот може се да ти каже и ако не сака да те навреди за нешто.
Во последните неколку пати, со друштво. Ќе можат да ти дадат искрено мислење, да кажат нешто што чини или не чини, предлог, забава и тн. А вака сам, досадно е.
Затоа постои договор. Ќе си се договориш со друштвото уште пред да одиш на шопинг и мирна глава. А ако се договараш кој каде и кога да оди дур си на шопинг, тогаш ќе настане турбуленција.
Значи сум се договарала со време се и пак на крај испаѓа нешто. Не можеш да го планираш времето. Затоа викам, последниве неколку години идам сама. И боље е сам. Каде сакам ќе се задржам колку сакам без некој да ми се меша.