Зависи и до друштвото. Не се сите исти. Кај мене зборот е збор. Убаво правам план пред шопинг или било какво патување, па затоа не излегуваат непријатни работи. Се е до организацијата. Ете бев до Белград со уште 4 души, па заедно бевме во Шопинг во Галерија и никаков проблем или заостанување немаше.
Па и тоа што викаш. Најверојатно мене такви ми се погодиле. Затоа јас во последно време сама си купувам. Ако сме реални, сите повеќе би сакале со друштво, но да се погоди и друштвото треба, нели.
Сама или со синко и мм или со мајка. Тие ми се најчесто друштво за шопинг и најубаво Синко дури ми кажува што поубаво ми стои
Порано не можев да замислам шопинг сама, мораше некој со мене дали сестра, мајка, другарка небитно. Сега само сама. Уживанција. Никој не ти стои над глава па ај побрзај па ова шо ќе ти е, не ти треба не фрлај пари за глупости. Натенане, лека полека да си прошеташ, да си видиш, да си пробаш. Милина
Повеќе сама преферирам. Можам на мир да си одберам тоа шо ми се свиѓа и можам да разгледувам низ продавници колку што сакам