во послдено одам сама..само така можам да разгледам убаво без брзање да пробамм се што ми се допадналоо... некогаш знам дури и да се заборавам и да се занесамм..порано одев со друштво и се каравме едната сака овде другата онде ..едната му се допаднало на другата не.. така да најдобро сама!
Кога знам што купувам тотално сама,кад излавам чисто онака секогаш со една или две пријателице (сакам си ги )
сама ми е најубаво дефинитивно! си разгледувам детално никој не ми виси на глава или преобраќа очи од мене го имам тоа искуство и не сакам да се повтори. се случува само со една од другарките со која имаме исти вкус за облека да се договориме да излеземе на шопинг и се знае не гледаме во саатот ниту пак си замеруваме една на друга. со другите шетање никако оти секој си е со своите потреби и цели тоа го научив одамна и веќе на никој не се јавувам за низ дуќани а и искрено не ми е потребно друго мислење моето си е доволно.
Поимот шопинг ми е добар само кога се наоѓа во моите мисли. Шопинг??? ваууууу Али вака кога ќе излезам да купувам, многу ми е досадно. Посебно кога сум со мама. Па ќе се тегнеме, па ќе се гонеме и ќе трчкаме низ бутиците... Таа по внесена од мене, а мене нозите ме болат... Обично не му ја мислам многу кога одам на шопинг, да барам со часови, да кубам коси ако не можам да најдам или пак мама да ми биде крива за тоа (има и такви). Со другарки не сум била во шопинг, може само овака... некое парталче да купам. Ама ниту пак со нив не би издржала. Не сум пробала сама, ама мислам дека тоа е дека дека подобро од шопинг во друштво.
Малку можеби чудно но не обожавам којзнае колку шопинг, а особено ако немам доволно пари. Јас не се задоволувам само со гледање . Што се однесува до темава кога одам преферирам да сум сама или со некој кој е доста практичен, не му треба во моментот ништо и нема попаметна работа од тоа да се влечка по мене. Многу се нервирам кога треба да чекам некој да пробува... Можда звучи доста себично но таква сум си. Најмногу мразам кога одам со мајка ми!!! Секогаш завршуваме со карање и секогаш си одам дома само со чантичката и со многу брчки по лицето од мрштење! Неможам да го поднесам тоа кога нешто ненормално многу ми се допаѓа а таа продолжува ај ке разгледаме уште малку и се лепи по тезги на распродажба, разгледува по 2 саати иако се за деца стварите .
Досега не сум била сама на шошинг и верувам дека нема и да одум.Прво не можам сама да се замислам како акам по продавници и второ секогаш ми се потребни совети.Се што сум купила со мајка ми сум го изнаносила за сите пари а со другарки знам да направам утка
Не сакам сама да одам на шопинг.Ми треба некој да ми каже како ми стои,сама тешко се одлучувам да купам Се случило 2,3 пати во живот да шетам сама,ама не ми е по ќеф.Не ми се оди сама по продавници,во друштво ми е позабавно.Уште повеќе ако со некоја другарка имаме нешто за купување за ист настан.Шопинг и кафица во град по него-чувство Сестра ми исто ми е верен придружник љубовчето-не го прашувајте колку е измачено Најчесто он си страда,и ако сум се двоумела меѓу две ствари а он ми сугестирал која,ОН е крив кога ќе го донесам дома и кога повеќе нема да ми се допаѓа Морам да кажам дека најдобрите шопинзи ,т.е.најдобрите парчиња што ги имам купено- се со мајка ми.Има толку добар вкус,што едно влегување во бутик одма ќе ми искомбинира-ова со ова Штета што оддамна немаме заедно прошетано...
Најубаво ми е кога одам сама Никој ни ми сугерира ни ништо. Луѓево од љубомора знаат многу маани да најдат
Секогаш на шопинг одам со некого и секогаш барам совети околу тоа како ми стои итн итн иако кога во нешто ќе се загледам ќе го купам без оглед на тоа што другите ми кажуваат хахах
Вчера, додека чекав пред еден бутик, баш си размислував на темава. Бидејќи нели подранив, си реков прво да влезам во бутиков да разгледам, да ми помине време.... ама не сум ти јас тип на човек кој сам шета по продавници бе. Досадно ќе ми биде, знам. Јас сум тип на човек на кого му е добредојдено второ мислење освен моето, па сама да одам на шопинг за мене би било тотално непродуктивно и бескорисно, затоа што ми се чини со празни раце ќе се вратам дома. Освен ако веќе не сум испланирала што и како треба да си купам, тоа е веќе друго. Ако имам фиксна шопинг листа, може и сама да излезам.
Не знам за другите ,ама мене најубаво ми е сама,влегувам каде што сакам,се задржувам колку сакам,ако има потреба а некаде и повторно.. .Кога сум со другарка некако нејзинита потреби се поголеми од моите и се сведува на давање мислења за неа...така да полн џеп и само релаксирано..и сама
Најчесто во друштво, обично тоа се мајка ми или сестра ми. Потребно ми е да чујам и второ мислење А се случило и некогаш сама да одам, но ако веќе знам точно што ќе купам
На шопинг сама не сум одела, или ако сум одела јас не памтам. Меѓутоа сум одела со другарка и секогаш нешто ќе ми се поквари после тоа. Одам со дечко ми некогаш, најчесто со мајка ми. Она е донатор, а и башка фин совет ќе ми даде, бар она гледа од сите аспекти, а не ко мене само визуелно. Ма да, некогаш ме нервира со забелешките од типот „Земи потемна боја на панталони, есен иде, ќе се прскаш, ќе ти се познава", али mother е.
Порано не можев да замислам да одам сама на шопинг, не зашто ми е потребно друго мислење, туку зашто не сакав да одам никаде сама. Кога сватив дека секогаш не може да имам добро друштво за трошење пари пробав и заклучив дека САМ можеш најубаво да прошеташ и да разгледаш се што ти се допаѓа и да се одлучиш без туѓ притисок или брзање. Така да во глобала шетам сама, но ако се понуди некогаш и друштво не одбивам. Кафето после шопинг е секогаш најслатко
На шопинг одам најчесто со сестра ми...обично гледаме да купиме нешто што и двете ќе можеме да си го носиме а не само едната....а за фармерки шетам со другарка ми и ако си бендисам некои после со сестра ми одам да ги купам за и она да ги види....така да, на шопинг одам со друштво
Обично одам во друштво на некоја другарка бидејки имам ем друштво за муабет ем ми помага во изборот. Но кога се зафатени или имаат нешто работа другарките, одам сама.
Најубаво дрштво за шопинг ми е мајка ми,скоро секогаш со нејзе одам.Она ми е најискрен критичар. за мама
Верувале или не, со ММ Најповеке бидејки сум ХХЛ, нема броеви кај нас па пазарам во Солун каде најчесто одиме заедно.