Скоро секогаш сама. Знам во кои продавници да идам...и каде да барам тоа што ми треба. Па најбрзо што може завршувам . Сакам да се подновувам, ама шетањето ме уморува многу.
Секогаш со мајка ми, бидејќи неможам сама да се акам низ продавници и без никој да ми даде совет за нешто
Не ми е проблем да одам сама, но со друштво ми е поинтересно, а и поубаво е кога ќе слушнеш туѓо (искрено ) мислење за тоа како нешто ти стои. Затоа што продавачката може да те фали до сабајле...
Со друштво сепак Поинтересно и позабавно е.Се разбира тука се и добредојдените пофалби или критики за тоа како ми стои нешто.
Со мама Ништо неможам да изберам без нејзина помош,а и реална е ми кажува кога нешто ми стои убаво,а кога не.
На шопинг одам најчесто со мајка ми или со братучедка ми, и тешко нешто да купам од прва па мора доста да ме трпат дур купам нешто!! Сама никако највеке мразам сама да одам!
Дефинитвно САМ xD (да бре и машки коментираат на вакви теми).. Но доколку некогаш моите другарки искажат желба за тоа (претежно секогаш, но некогаш и не им кажувам) одам со нив, а со другарите никогаш пошто ќе треба се да купам за 30мин.
Секогаш мора некој да миправи друштво, сама неможам. Мора некој кога ќе пробувам да ми каже како ми стои и дали ми стои, зашто мислам дека огледалото не ме прикажува онаква каква што сум -.-
Во Солун(каде паѓа најголемиот шопинг одам или со мајками,или со сестрами,или со мајками+таткоми+сестрами,или со другарки или друштво,зависно од комбинацијата),а за низ Скопјево,обожавам сама,едноставно така се изолирам од светот,и сум задлабочена во боите и изборот,без да имам со кој да правам муабет и да се занесам.
Со друштво,најчесто со мајка ми , не можам сама , и секогаш одам во сите бутици без разлика што купувам, а и поубаво е да слушнеш критика или пофалба од другите.
со години одам сама и најубаво ми е или евентуално со мојот ама мн ретко. за него одиме двајцата а за мене јас сама си одам знам каде и што ми треба и не губам време. мразам шопинг па и уште некој да имам со мене ќе го задавам
Со една другарка ...стално одиме заедно оти имаме иста констуркција на телото и сличен вкус за облекување па точно знаеме што ни стои добро а што не . Еве баш нареднава недела ќе си ја земам за да си одберам фустан за роденденот
Сама Не дека порано не сум идела со друштво (со колешки од факултет сме знаеле нозе да оставаме по град и по бутици, а како средношколка со мајка ми), меѓутоа откако го открив купувањето with myself and I, само тоа го практикувам последните 2-3 години. Знам сама да отидам и во соседниот град на купување, си купам се што ми треба, пуштам мозок на пасење, никој не ме чека, не ме брза и така на крајот на денот си се вратам дома среќна и задоволна. Само на баба ми и ова и е ко којзнае што да сум направила, па секогаш кога ќе и кажам бев таму и таму да си купам неколку работи, таа одма со прашањето: ''И пак сама отиде?'' Како не дај Боже на месечината сама да сум се качила Само некако во последно време шопингот почна да ме замара, не толку самиот тој, јас би гледала и би гледала секаква облека и чевли со саати, меѓутоа пробувањето ме убива во поим Затоа најсреќна сум кога така неплански ќе си набавам некои стварчиња, за да избегнам разбушавена коса, облечи-соблечи и други пропратни процедури за на крај да се осреќам со нешто ново.
Ако не е братучетка ми слободна, тогаш сама, ама зависи и како сум расположена. Еднаш се зафркнав со дечко ми и никогаш веќе со него. Цел пат слушав ,, мора ли во сите продавници да влегуваш, што ќе ти е сега тоа, мора ли се да фатиш, ајде више да седнеме нозе ме заболеа,,. Цркнав со него, низ нос ми извади и шопинг и се. Кога одиме во Солун, морам со него да шетам, ама таму не е толку напорен. Си оди во Bitsiani, си купува 2 кошули и жив среќен е, а јас додека шетам си седнува на кафе за да не ми досаѓа. Кога барам нешто конкретно, трае побрзо. Барам, пробувам, купувам. Ама ако дојдам при пари и немам зацртано нешто во глава, тогаш палам патиките и пола ден си го поминувам во шетање. Не сакам никој да ми се качува на глава и да ме брза, ниту па да да ми кажува вакво е, такво е. Сама си одлучувам дали ми стои или не, што ми душа сака тоа си купувам.
Еднаш со другарки отидов и почнаа аман сеа и таму па таму е све вакво такво. Па нее ова е многу шарено, абе види широки панталони леле, џемпер ке купуваш па купи си некој дуксер убав и ти е гајле, кај ке ги носиш алкиве и ланчињава бе... и остала питања. Не си купив ништо си отидовме дома и утре дента со мајка ми си искочив! Еднаш се зезнав, втор пат не. Со мајка ми кога одам однапред мора да испланирам максимум 5 продавници каде што ке влеземе и тоа е тоа. Али затоа најмногу си сакам со тетка ми кога одам, она може со саати да се шета да гледа, да комбинира така да она ми е најубаво друштво за шопинг. Во скопје најчесто после нова година кога ке бидеме во исто време се оставаме во град. Иначе вака кога ми ја нема тетка ми, со мајка ми по потреба али најчесто сама со слушалките во уши си ги мерам шопинг центрите
Претежно одам сама, убаво ми е, знам да се задржувам со часови, сакам да си го уживам тој момент без напнување и брзање, а во Скопје сакам често да одам со моја Киттен погодена ми е за тоа..
Со другарки најчесто, т.е секогаш И онака ме нервира по продавници да шетам и се пропратено со шопингот, па уште и сама да шетам, не фала. Ќе ми здосади одма и дома ќе си се вратам без ништо да купам . А вака со друштво пак поинтересно е, а и скоро ништо од прв поглед не ми се допаѓа, доста сум неодлучна, па тие се тука да помогнат во изборот
со друштво дефинитивно ем паѓаат зафрканции и смешки ем побрзо проага време и не осеќаш умор а веќе сите бутици сме ги прошетале ( а некој и по 2 пати ) и некој совет ќе падне иначе најчесто си одам со мајка ми или братучетка ми и што и да ми кажат прифакам како добронамерен совет