зависи... како сум располижена,ако некад не сакам да ми збори некој ова не е баш,не ти стиои убаво и тн сама идам,а некад со друштво
Сама. Тоа што сум сигурна дека убаво ми стои, не се двоумам, веднаш го купувам. Повеќе им верувам на сопствените очи.
сама одам, ако нешто не ми стои самата можам да го видам нема потреба некој друг да ми го каже тоа и колку време сакам толку шетам и гледам, може после шопингот да се јавам на некоја другарка да пиеме кафе но откако ке ја завршам екскурзијата низ бутици, а несакам ни да одам со други посебно не со една другарка која по сто пати ке влезе во едн ист бутик и ништо нема да купи, па така си ги шетаме бутиците и на крај со празни раце се враќаме дома, затоа не благодарам не ми треба никој да ми прави друштво и не сакам да правам друштво
Во друштво многу ми е поубаво кога имам некоја другарка со мене па заедно се шеткаме низ рафтовите, изборот на облеката на карајот е мој ретко слушам некој друг секогаш крајната одлука ја донесувам јас. Сама одам само доколку претходно го имам видено моделчето што го сакам и само да го земам.
Би одела на шопинг со другарка, али со дечко ми во никој случај. Инаку и сама да одам не е лошо барем на раат се ќе си изнагледам
Сфатив дека супер ми е сама. Си влегувам каде што сакам, си прашувам што сакам, единствено ми е глупаво кога ќе влезам некаде и тогаш настанува тишина и стојат до мене и ме гледаат. Се слуша и дишењето Убаво ми е и со друштво ама кога-како. Некој превртува очи кога ќе речам: ај сега ваму, ај сега таму да влеземе, а јас сакам да разгледам малку повеќе пред да купам нешто. Или ми се случува кога влегувам в бутик со некого, да фати да ги разгледува сите парчиња посебно, па ова на ќошот има точка, она има запирка, на другото конец му се влечел, па кога ќе почне да ситничари обавезно ме фаќа грбот и ненормално ми е досадно. Исто сум имала случаи каде што за се што ќе побарам совет ми велеле дека е супер, преубаво колку да го земам побрзо, или пак да стојат до мене и да ми викаат: земај ако сакаш, ама побрзо. Така да, кога ќе решам да купувам со друштво, морам да бирам некој од овие личности и не ми е лесно Затоа често си бирам сама, и после ќе викнам некој колку да ми даде одобрение дали е добро и го купувам.
На шопинг со спонзорот-мајка ми Знае да пушти срце ако и се свиѓа нешто премногу, а и секогаш можеш да се изгребеш за нешто плус за разлика ако идеш со другарки или сл. па имаш ограничен буџет
Мајка ми, дефинитивно. Јас, не одам сама, ни до WC ,а не пак, да шетам сама по бутици. Сум била и со другарки, но не е тоа, тоа,секогаш се брзаат,па досадно им било ,па незнам што. Вака, мама под рака и си шетаме колку сакаме.
Најчесто одам со сестра ми, бидејки моето друштво не ме поднесува кога е во прашање шопинг, бидејќи додека не разгледам се во сите продавници не можам да си купам, а тоа трае 2-3 часа, а некогаш и повеќе.
Или сама или со сестра ми. Со мајка ми во никој случај! Со другарки многу немам одено по шопинзи па и немам некое искуство, ама непријатно ми е некој да ме чека додека се мислам и пробувам со саати, па да ми бара бројчиња па ова па она ниту пак јас сакам на некого да му изигравам стилист да му кажувам дали убаво му стои, дали е ок, па не ова, она земи го, ај таму бркајте си работа Сестра ми ми е одлично друштво за купување, ги сакаме истите работи, имаме ист вкус и + најискрено ми кажува кога нешто не ми стои убаво, а и најдобро знае таа што имаме во плакараот па со што и како би одговарало тоа итн...
на шопинг одам најчесто со сестра ми ама најубаво ми е сама да си шетам со саати и да не ме замара никој .Шопингот може да ми трае и со часови
Најдобро кога сум сама. Ем се ќе си купам,ем нема кој да ме предомислува скапо е не е,а и плус нема кој да ми го мати умот убаво ти стои не ти стои.Сама си знам најдобро да проценам.. Епа сега на кој му се допаѓа ок,на кој не-немора.
на шопинг никогаш не одам сама .. секогаш одам или со другарки или со мајками повеќе со мајками бидејки има трпение за мене.. а и искрено ми кажува кога нешто не ми стои и сестрами додека беше тука ми беше многу добро друштво за шопинг бидејки сме слични.. комплицирана сум со часови шетам и на крај пак го купувам она што прво сум го видела ...
Никако сама. Одам со сестра ми или со мајка ми најчесто. Никогаш не би одела на шопинг сама. Како прво заради тоа што незнам дали добро би ми стоело тоа што сакам да го купам, па тука се тие што одат со мене да ми кажат затоа што често продавачките можат и да те излажат за да им го купиш. Како второ глупаво ми е да шетам по продавници и да разгледувам сама без никого и како трето сама си, а може се да ти се случи, никогаш не се знае, не се оди сам во денешно време.
Не знам зошто но кога сум сама си имам најмногу време да си разгледам се што сакам без никој да ме брза. А кога се работи за друштво најмногу си преферирам со сестра ми, а со другите послабо.