секако дека со другарка е убаво ама кога со мајка ми заедно одиме на шопинг она секогаш знае да одбере квалитет,материјал па и понекогаш ќе донира малку повеќе пари ќе те почасти нешто плус сепак поубаво е со мајка ти
Со мајка ми секогаш , најубо ми е со неа, ќе ми кажи секогаш дали ми стој убо или не, или ако не ја бендисва фаца ќе ми напрај , а и секогаш ме почастува нешто плус
Најмногу сакам на шопинг со татко ми... кога се двоумам меѓу две работи завршуваме со купување на двете
Многу сакам сама да одам на шопинг зашто коа ке си се видам у огледало, сама ако си се допаднам значи убаво ќе се осеќам во тоа парче облека, но најчесто одам со мајка ми затоа што знае да донира и повеќе од планираното
Со татенце , но ако тој не е слободен тогаш одам сама. Што има поубаво од тивкото разгледување на облеката и долгиот разговор со непознатата продавачка, без било кој да те брза?
Со друштво. Едно што не сакам никаде сама да шетам, друго сакам да слушнам мислење за нештото и од друга личност иако моето мислење е пресудно.
Па сама во никој случај, или со другарки или со мајка ми, или сите по дома фамилијарно. Прво и прво онака, помош при избор, второ да ми каже некој како ми стои според него (додуше мене ако ми се свиѓа и вака и онака ќе го земам) и трето да имам со кој да зборам, ќе спобудалам сама по пат ако не отворам уста.
Сама секогаш. Не ми треба некој друг да ми кажи што ми стои а што не... Уф само колку добро знам сама што ми стои и често го правам вистинскиот избор
Категорично давам глас за сама на шопинг. Јас сум таков тип на човек што кога ќе влезе во една продавница не излегува, додека се' детално не проучи, не разгледа и не го простидуира секое можно парче што ми фатило око. И тука нормално следи процесот на пробување, кој зависно од моето расположение може да трае ептен долго и да ги уништи и последните останати неврони кај оној што е со мене и ме чека. Дефинитивно не сум тип кој едноставно го пробува парчето ради реда или евентуално не го ни пробува, и без никакви церемонии го купува. Сакам да бидам сигурна дека сум го направила вистинскиот избор и дека навистина тоа што сум го одбрала ми стои, а не по некое време да ги жалам парите особено ако се работи за нешто поскапо. Како и да е, никој не е должен ради мене да се заморува во секоја смисла, за да јас си правам ладила на мозокот. Поштедени сте сите околу мене, јас одам сама на шопинг! ( А кога ќе размислам, јас и во еден обичен маркет се задржувам саат време за неколку работи, а не па на друго место. Пример кај рафтовите со житарки и семиња, јас дремам пола саат минимум за на крајот да земам 1 витанова и кесичка сончоглед )
Сама на шопинг никогаш не одам,јас мора со некој да зборам,дали на телефон или во живо,битно друштво да имам. Најчесто одам со сестрами или некоја другарка,а цело друштво не се собираме и не купуваме заедно Би одбрала со друштво ама само една девојка,не повеке
Сама на шопинг можеби некогаш да кога ќе бидам поголема ама сега не.Почнав сега се почесто да си одам со другарка инаку понекогаш и со мајка ми одам зависи кога како.Неможам сама некако досадно ми е + глупо сама да се шетам по град нз неможам да замислам.Така да бирам друштво за шопинг никако сама.
Прво стално си носев другарка или мајка ми. Бидејќи ме беше срам. А сега најубаво ми е кога сум сама, знам точно што сакам и што ми се допаѓа, а коментарите од типот на : Другата си ја купи, подобро ти стои. и слично, нека си ги зачуваат за други.
Во последно време сама одам на шопинг, бидејќи со мајка ми имаме различен вкус, а другаркиве ги мрзи да шетат по сите бутици. Кога не можам да се одлучам за нешто, барам некоја другарка да ми даде совет,ама претежно сама одам.
Сама ми е најубаво. На тенане, нога пред нога си шеташ и си комбинираш. Не треба да чекам никого, да се бркаме низ продавница, чекај сега јас да пробам па ти. Вака раат. Кога ми се случило да одам со другарка, никогаш не си купувам ништо. Со другарки за разгледување само. Ама си ги сакам и шопинзите со мајка ми. Со неа иде, идеме за чизми се враќаме со 40 кеси. Само во последно време ми изгуби кондиција, ќе морам да ја тренирам малку повеќе. Шала на страна, иако имаме за некои работи различен вкус, сепак се снаоѓаме.
Во последно време се’ почесто одам сама и некако поубаво ми е. На раат си разгледувам, пробувам и никој не ме масира да си одиме. Инаку, често одам и со дечко ми, добар критичар е и ми кажува искрено што ми стои, а што не. И да појаснам, сам изразува желба да шета со мене, никогаш не сум морала да го терам или да го молам да дојде. И обожавам да одам со него во шопинг, далеку повеќе отколку со другарка/и. Со другарки се натегаме, ај ваму, па ај таму, па чекај ова да го пробам, па мислење 2 саати дали да го купи... Немам живци за тоа. А сакам да шопингувам и со снаа ми. Добро ми го знае вкусот, а и јас нејзиниот, па неретко си правиме друштво при шопинг и никогаш не ме напнува непотребно. Брза е при купување, исто како и јас, па ако нешто ни фати око уште на почеток, купуваме без мислење, па после одиме на кафе, на ручек и така Некогаш завршуваме за 1 час, а некогаш 5 часа се шлаеме по продавници