Секогаш сама. Не поднесувам некој да ми коментира како ми стои,па да ме премислува... Сакам она што сум си го замислила да си го остварам и да си го имам во мојот плакар ,без разлика на мислењето на другите. Освен тоа ,здодевно ми е да шопингувам во друштво ,ме притиска наместо да ме релаксира.
Сама или со мама со другарки ретко ако сме и двете тргнати на шопинг исти вкусови имаме со најблиските другарки ке се степаме за некое парче
Мислам дека никогаш нема да појдам сама ..ако треба ќе чекам со денови само да ми се нафати некој Како одите бе така сами ? Дај некако мотивирајте ме да пресрамам -.-
Си вршам самонабљудување и не би сакала да ме види некој таква, изгубена сама по продавници. Со друштво, секогаш. Другарка ми или мајка ми. Дечко ми сака време за него кога купува, а мене не ми дава. Скржло, не го сакам за друшка.
Па кога како, зависи. Се случувало и сама да одам, ама не е тоа тоа. Поголема е возбуденоста кога сум со некој друг. А и плус, може да даде некоја идеја да одиме во бутик каде што не сум знаела дека има убави работи. И може и да ми погне во изборот. А кога одам сама, во неколку продавници, право на целта и заминувам дома. Не ќе се шетам сама низ град. А вака со другарки, по продавници, па потоа на кафе мафе, ваму таму и ќе помине денот.
Сама.Подобро е и порелаксирачки, а и плус не заморувам никого да шета од продавница до продавница со мене. Не секој има нерви да се задржи по 1 саат на едно исто место, а со оглед на тоа дека јас сакам детално да разгледувам и сум поприлично неодлучна подобро е ми да шетам и да купувам сама. Понекогаш шетам и со друштво или со мајка ми,но кога-како. Сепак преферирам сама, тоа е моето мислење.
Последнава година и нешто сама си одам на шопинг. Никого не чекам, никого не ме чека, знам што сакам, изборот секако сама го правам.
Сама ми е најдобро. Поретко со татко ми или дедо. Тато знае што исчувал дома, дека многупати не сум одлучна и знае да се изнервира ама ретко. Не ми приговара за пари, ни за што ќе изберам. Со дедо кога одам ми е супер, најрелаксирачки. Ме чека со саати без приговор, знам дека не му смета и знае да даде искрен коментар кога ќе го прашам дали ми стои нешто или не. Со мајка ми не би купувала. Таа нонстоп би ми сугестирала де ова, де она што многу ме нервира. Плус, и за цените би коментирала. Исто и со другарки не би купувала. Неможам да малтретирам некој да ме чека и да го маткам по продавници. Е со сестра ми кога пазаруваме заедно многу пати се случува нешто да ми се допаѓа на мене, а таа да не ми дава да го купам.