1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На што мислат мажите за време на сексот?

Дискусија во 'Канта' започната од crazylady, 11 мај 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Не е тајна дека пенисот во текот на сексот многу размислува, но верувале или не, машкиот мозок во текот на сексот е напрегнат речиси колку и пенисот. Еве за што размислуваме и дали има потреба воопшто да се грижите.

    Прерана ејакулaција

    Нервозата и немирот што се јавуваат во чинот на водење љубов се голем страв за секој маж. Токму поради ова, многу мажи помалку паметат и одново ги повторуваат резултатите од фудбалските натпревари или множат петцифрени броеви. За да ја избегнат прераната ејакулација многу мажи се повлекуваат. Правилото важи и понатаму – колку ми се допаѓа повеќе девојката, толку се поголеми шансите за прерана ејакулација, а поради тоа сè повеќе се одделуваме од неа.

    Брендон Максвел, творец на техниката во која мажот може да доживува оргазам од почеток и од почеток без да ејакулира, „Максвел мултиплај климакс“ (The Maxwell Multiple Climax), вели дека мажите од овој страв избегнуваат контакт со очи во текот на сексот. „Мажите се визуелни суштества и ако сретнат личност која на тој начин ги возбудува, веќе се многу блиску до ејакулација“, вели Максвел. „Таа негова желба да се оддалечи во текот на сексуалниот однос од страв може лесно да се пренесе и на другите аспекти од врската. Најчесто, оние што се покажуваат како лоши момци, најлошо се покажуваат во сексот и имаат вакви проблеми“.

    За да се снајдат привидно, само го вртат листот и почнуваат да се однесуваат важно, а со тоа го запоставуваат партнерот. Иако на прв поглед сексот трае подолго, жената наскоро го напушта затоа што тој не може емотивно да ја задоволи. Старо сценарио. Веќе видено!

    Дружење

    Дури и оној што се гледа со сексапилна девојка, одвреме-навреме помислува на некоја друга – Меган Фокс или на онаа слатка девојка од цвеќарницата. Тоа не значи дека ќе ве изневериме, едноставно само бараме разноликост, иако веќе сме се зарекле на моногамија. Бајрон Вилијамс, поранешен телохранител на Еминем, вели: „Дури и во најдобриот моногамен брак, сексот станува монотон и поради тоа човек понекогаш се присетува на некои луди сцени од минатото, па дури и од пред 15 години. Трикот е во тоа да не го кажувате на глас името на другата жена и да уживате во тишината во својата мала ментална измама“. Тоа што мислиме на некоја друга може да биде фрустрирачки, но тоа е причината зошто ние, мажите, секогаш ги чуваме себично своите симпатии.

    Што и да е, само да запали

    Кога нема да имаме односи подолго време, имаме тенденција да влеземе во „секс од занес“, само за да останеме во форма. Во тој случај, не е важно која е девојката со која го правиме тоа, но важно е таа да биде подготвена за авантура. Ако таа не е нешто што би го добиле веднаш, тогаш се препуштаме на фантазијата дека во тој момент имаме секс со некоја што ни се допаѓа.

    ИЗВОР http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/Razono ... -na-seksot

    Не најдов ваква тема ако е дупла слободно клуч ;)
     
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Има тема што мислите за време на сексот ;) и крејзи лејди што ќе стане ако сите ги копираме статиите што ги читаме, или за нив отвараме теми ;) , овде се бараат наши мислења, а не линкови од статии |(
     
  3. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Не знаев дека има слободно нека оди по клуч ми се допадна напишаново на funmnogo.mk па затоа отворив тема. ;)
    А повеќето од темите на форумот се копирани од интернет не сум јас единствената. :)
    поззззз
    ЕДИТ: Готово го пријавив моето мислење кај модераторот не се секирај :rofl:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.