штиклите ми се нааајголема слабост...леле се утепувам од давање пари за штикли ама шо да праам јбг...вие женски на што фрлате највише пари???
на се, подеднакво мора комбинација комплетна да се направиш ама изгледа најмногу на цигари ми одат парите едит - во последно време трошам најмногу пари на обетки
Што знам не трошам многу пари на нешто посебно, ако сакам нешто шоо ептен морам да го купам а е поскапичко ке си соберам пари, а онака не купувам многу и не купувам некои крупни работи.
Книги! Прво и основно, најмногу пари трошам и имам потрошено на книги! Албуми на рок ѕвезди! Алки, обетки, облека, беџови, маици со натписи на бендови. И најмногу на чипсови, хамбургери, чизбургери, секој ден сокчиња, мастики. И слично.
такси...мојата лоша навика ...иначе ми е многу страв од таксисти на секаков лудак можеш да му влезеш во кола
На сметка за мобилен телефон,козметика и излегувања. И сега сфатив дека претерувам за првите две,за последното не жалам,секогаш со мерак си ги давам.
нјмногу пари трошам за мој кеиф! и никогаш не сум се покајала за ништо што сум си купила! мајка ми секогаш знае да ми каже- не знаеш да ги цениш парите! а јас- ти не знаеш да цениш дека само еднаш се живее! женоо троши дур имаш и можеш никогаш не сум била штедлива, и никогаш нема ни да бидам- ќе си праам ќеифови дур можам и колку можам а највеќе пари трошам за цигари, кафе, такси, шминка, облека, и за сладолед кога е лето
Облека! 80% од заработената плата ја торшам на облека а во последно време доста трошам и на обувки! Секогаш нешто ми фали во плакарот и морам да си го купам...
На све и свашта. Воопшто не сум штедлива, т.е. штедам за да ги потрошам на патување пропратено со шопинг кој вклучува обавезно обувки, марами и козметика, на бензин и излегувања. Моите секогаш ме караат дека не штедела за "црни" денови ама јас имам своја теорија: Дури имам ќе трошам, кога знам дека немам нема и што да трошам, па ќе ги трошам стекнаните залихи