Во последно време трошам многу пари на кутрето Штедам пари одредено време, а после место нешто за мене да си купам - влегувам во Џамбо во одделот за миленици и купувам најразлични работи (што искрено и не ми се ни потребни). Од шампон + регенератор, преку акцесорис за на врат со циркончиња и ѕвончиња, па се до марами, а му фатив око и на едно блузиче, ама веќе е топло па нема да и годи. Моите само развикуваат по дома дека сум ја размазувала, ама што да правам... слабост ми е
Облеката ќе ја заменам со цигари. Банкротирав. Никогаш не одбивам некој доколку ми побара цигара, можеби мене ќе ми треба од нив, па нема да ми е така глупо да ги прашам. Иако до сега, дали 10 пати се случило да побарам од друг. 130 денарчиња не е мала работа. Сменив на поевтини за во школо, барем знам дека не им давам Давидоф, без пари останав вака.
Најмногу трошам пари за облека и јадење Страв ми е да израчунам месечно колку трошам за тостови,хамбургери,сокови
Во последно време трошам пари на постелнина за кај дечко ми....почнавме секаква постелнина да имаме во сите бои,матријали....на декорации кај него дома(слики,светилки)освежувачи во соба...сега во план ми е да купам мало аквариумче со две/три рипки внатре...онака слатко мало.... Ич не сакам пренатрупано дома сакам ептен малку ама убаво и модерно.....
Козметика Облека Кредит Ја скромничка си ставам по 100че а тоа нели со ддв ти зима 20, гледаш 80 остануваат..јави се на едно место и веке при второто вртење ме предупредува дека имам малку кредит! Абре жено сабајлево напунив свашта Брзо го трошам навистина, а иако имам понуди од татко ми да ме префрли на сметка, не сакам вака барем сигурно знам дека не трошам многу
на нешта кои ме прават среќна а тоа зависи од моментот,на се што ми е потребно во тој момент,тоа може да е храна,да е облека,да е козметика,секогаш е различно
Во последно време на грицки. Кога се враќам од град мора да си ги дотрошам парите на некоје чипсче или чоколадо
Дефинитивно на облека ама мислам да излезам 4исто така на кафе морам да се вратам со по некое пар4е облека како зависник сум многу пари тросам на денесна рецесија
Ги збогатив таксистиве.Лоша навика имам..скоро секаде се движам со такси , тапа фраер. Така да мојот џепарлак најмногу го трошам за такси. Мождам слободно да пишувам приказни за доживувањата со таксистите , ехех..со сите по некој муабет си врзувам
дефинитивно најмноогу трошам на облека,на мајчки,фустанчиња,блузички,па по цена и само еднаш да ги облечам ама да си ги имам . А како поситни секојдневни трошоци (неизбежни) се кафињата