Уфф, парите никако неможам да ги зачувам. Паа трошам нај веке на облека и на козметика за лицето. Исто така ако ми се засвига нешто да видам на излог си го купам. А за храна па ич ама ич не давам пари ако треба и 2 дена да не сум јадена ама за тоа нај веке мразам да давам незнам зашо. Мислам онака за јадење си купувам за доручек во школо али онака да ми се пријаде сендвич додека сум излезена или нешто друго не давам пари
Најмногу пари трошам на различни тетратки и пенкала, не знам како но кога купувам такви нешта воопшто не мислам колку пари ќе потрошам.
Најмногу пари трошам на облека а посебно на козметика...како луда купувам како манијак иако после не користам се, дури и заборавам дека сум купила нешто, си се изненадувам некогаш а сега пошто е лето, најмногу сакам да си купувам сандалки со штиклички
Козметика и тоа, најмногу на лакови, налепници за нокти, циркони за нокти(Ај ем а нокти-маниак )...а да, и за обетки
На себе.. .Не штедам ни цент.. Многу се разгалувам .. Расходите у принцип ми осцилираат од месец у месец, али у глобала никогаш не е една иста работа причинител за мојот минус на крај на месец. Бензин, телефон, парче облека, козметика, накит, штикли - константни долгови на Visa- та. Кутрата има видено поише апарати за картички откоку јас што имам видено банкомати.
Aaa oбично татко ми ми е мој личен банкомат, така да во негово име ќе напишам.. Трошам највеќе на облека ! Кога ќе тргнам по фармерки, обично се враќам со уште 3 полни кеси блузи, дуксери, кратки панталони.. Слабост ми се, што да правам..
Па би рекла на квалитетна козметика за лице- шминки и слично, но исто давам и за препарати за коса бидејќи ми е долга и ептен ја негувам... Али вака кога размислувам не можам да класифицирам на што најмногу трошам... зависи! а да и накит
Најмногу во овој период трошам на гелови,млека и разни други слични работи.А инаку од облека дефинитвно на панталони