1. Бензин - на работа со кола, на викенд со кола. 2. Козметика - не можам да се сопрам кога ќе видам парфимерија или кога ќе поминам во некој маркет покрај рафт пооолн со секакви најубави работи. 3. Облека (тука спаѓа и долна) - сакам убава и квалитетна облека која ќе ја изнаносам со лезет, а не (недај боже) од Евроазија или од Фиори крпите за прашина бришење кои со прво носење испуштаат конци. 4. Накит - болна сум по накитот, ама и во тоа сум пребирлива. Не сакам бижутерија. 5. Кондури и ташни - и тука сум специфична. Маана ми е тоа што не купувам во продавници каде што прават ооогромни попусти. За мене квалитетна чевла не е онаа која прво ја продаваат за 2000 денари, а потоа гледаш за еден месец отишле за 600 денари. Имам неколку продавници во кои пазарам и знам дека нема за две недели да ги видам три пати поевтини. 6. Уредување по дома - тука спаѓаат работи од средства за чистење, секакви апарати за домаќинство па до ситници. 7. Книги - годинава сериозно размислувам едната соба целата да ја направам библиотека, немам скоро место кај да ги држам сите книги. Најмногу трошам на стручна литература. Има уште ама ај доста е
На храна и пијалоци. Не, не сум муж у кучи па да аргатам и да хранам фамилии, него џепарацот го трошам на излегување нАли, на алкохолни пијалоци, и на храна. Баба ми ми вика дека сум највечи пурјак, и купувам само суропуч, ама и стварно е така, на тоа највеќе ми одат парите.
На храна, накит,патики,штикли, фармерки и блузички..леле се отепувам од купување..и пак неам ништо(така ти е тоа коа имаш сестра )
Accesories Облека исто, и до пред некое време такси. Сега се опаметив, и освен ако е неопходно не се возам