Како на пример фанатик сум на тасна,палто(некој не се ни еднаш употребени само фрланје пари) на козметика бела декоративна дома комотно мини козметичко студио а секојдневно за такси и цигари
Туууу. Женски потреби, моиве се нечовечки. Козметика (лакови за нокти најмногу), храна, такси, цигари, и секакви ситнурии што ќе ми се допаднат одма на прв поглед ги купувам, тек после коа ќе дојдам дома сфаќам дека не ми биле приоритетни.
на облека дефинитивно.штедам,штедам и на крај ке одам да си купам некое парче.. сите пари ми одат за облека .АКо треба нема ни да јадам,.... само да си купам некое парче облека..
На се што сакам во моментот Но, нај нај нај многу на списанија, козметика, облека и последно најмногу потрошив во Terranova на шалчиња и капчиња
Зошто имам проблем со дупнати црева, најмногу трошам на храна. Благо, солено, кисело, луто, ма не е битно - дај шта даш! Битно да се џвака нешто. Потоа облека и бижутерии. За ова и не ми е така криво, барем траат.
По се изгледа најмногу ми се фаќа за препарати на коса. За капење, пред капење, после капање, расчешлување после капење, пред пеглање, после пеглање, за сјај на косата, за виткање... нема крај. А што е најлошо како зависна станав од сите овие препарати, и не можам да ги прекинам, па кога ќе ми дојдат наеднаш за купување, оди цела 1000рка, а може и повеќе