На обетки! Едноставно не можам да се контролирам. Кога ќе видам некоја тезга или продавница влегувам демек да разгледам. Таму ќе видам некој мноогу убав пар и ќе си речам: „Ее, од еден пар нема да банкротирам!“ Потоа ќе видам уште еден, па уште еден, па уште еден... На крај ќе ги купам сите тие и ОП! - сум останала без пари... Обетките ми се слабост - особено оние леопардските Дома ги имам над милион, а оние омилените ги чувам закачени на пано на ѕид за да ми бидат при рака во секој моменент. Кажувајте спас да не трошам толку пари на обеткии!!! *Едно време (зима беше) многу пари трошев на лабела и карминчиња. Купував од авон и орифлем, а и од други места.
На бензин, облека ,козметика ,телефонски сметки сврзани со комуникацијата за на работа , и на мојот фризер .Денес баш го посетив и мислам дека кога би удрила една математика човеков во годиниве се збогати од мене Па не е ни чудо што некогаш кога во последен момент ќе му најавам ме примена без збор Што да правам ми расте брзо косата ... а и сакам да сум секогаш средена .Но знам и да бидам штедлива си имам и јас своја позитивна страна
На бензин, на цигари, на кафиња, на излегувања, на сметка за телефон, на шопинг, на козметика, на долен веш, на... И затоа секоја плата, оп на пола месец веќе ја нема! Е, па ја нема нормално... Другата половина од месецот ќе си ја поминам на Фемина Ма да и тоа кошта, ама за разлика од горенаведеното... Уф, морам да се соберам малце
Најмногу,најмногу,нај нај.....на долни веш......секаков го имам....... исто и на козметика......а и за прашок за алишта и тони омекнувач........моите алишта посебно се перат со посебни детергенти и ми рекоа дома посебно да си купувам.......
ти па со посебни????? они други,јас други мои си купувам не ми се допаѓаат нивните...во тој смисол“посебни“......
На гардероба, шоп шоп шопинг....долен веш....накит... ама на цигари посебно ми идат и мастики и грицки и чоколадо....
На подароци. Особено ако се работи за подарок за брат ми и на мали обетки ( кога ќе ми дојде внукичката ги снемува ).
На кафани, што би се рекло. Ова кафани ми е останато од едни мои поранешни колешки, некоја година постари од мене, кои под кафани подразбираа и кафичи и дискотеки и се живо. За јадење, пиење, на седење, стоење, како и да е, најмногу пари од тие што ми остануваат кога ќе платам сметки и кредити Ч)