Авионски билети, ради нив ко клошар сум некад, го стискам газо, гардероба, храна, книги, мали ситници предметчиња и фотоопрема.
Јас собирам, пари, и собирам, и собирам.. Најчесто, не давам многу пари за дрндупки (освен лакови).. До сега 3 мобилни сум земала со мои пари, сум земала преса за коса, слушалки, узб за мобилен, фармерки, поклони за родендени за моите. Обично идам на големо. Едино, ептен нешто ако ми се засвиѓа, си го купувам.
За парфеми а потоа облека.. Ми се случува некогаш во месецот да не купам ништо од облека додека парфеми обавезно минимално 2..
Накит, лакчиња, штикли/чизми, чанти, па неколку празни места и следат облека и козметика (Декоративна и препаративна).
Абе јас сум скржава по природа, ако потрошам некој денар вака отповеќе и после не можам да спијам ноќе, што еве се гледа и по моето присуство на форумот во ова време