Дефинитивно на книги. Нема шанси да застанам во книжарница, а да не купам книга ако видам некоја што ја барам или сакам да ја прочитам. А, кога има саеми, е тогаш сериозна пара фрлам по книги.
Во последно време на храна, повеќе јадам надвор од дома па така трошам многу пари секојдневно на пици, пецива, коктели, сладоледи, кафиња... Ама не штедам на тоа, не ми е криво. А со секое излегување од дома одвен пари за храна ми требаат ии за бензин кој „ми јаде“ најмногу од месечниот буџет, и за тоа нај не ми се даваат парите. Гледам повеќето сте пишале козметика и облека. Козметика купувам по потреба, за разлика од пред неколку години кога купував се и сешто (будала) и ми стоеја додека не им помине рокот, сега точно знам што ми треба и само тоа го купувам по потреба. На шопинг не одам секој ден, купувам само кога ќе најдам нешто што ми се допаѓа , а тоа може да е еднаш или два пати во месецот.
....... пари трошам на модни парчиња облека и придружни ситници,,,,сакам да сум топ од главата до петиците,и секогаш гледам да ми се иста боја ташната со чизмите или чевлите,обавезната марама,накитот,,,,, посебна слабост ми се ташните и обувките и рачните часовници... ги имам во полно бои и дизајни и секогаш ми се малку....се програмирам себе си според времето,сакам секогаш да сум точна и се да е под контрола...