Највеке на гардероба !! Се радувам на 1 секој месец на платата после ке испотросам се ама битно имам многу гардероба!!
На цигари ( да ги собирав парите до сега, ќе си купев кола ) А после тоа на се останато, повеќе на ситници бидејќи премногу ме исполнуваат
E да!Да не пушев и да собирав пари и јас досега ке си купев кола ...Исто и гардероба али најмногу на чевли аууу ги обожавам
на мастики и парфеми веројатно, што знам мастики купувам секој ден по едно пакетче орбит, а во парфеми пливам обично, така да некое од нив ќе да е
На светлечи снешковци, дедомразовци, сијалички, икебани, лампони...да ја докомплетирам колекцијата и ќе ставам слики во Елки Да видите каде ми отидоа сите пари ( во Вучко и Валери )
Ах тие пари, парите се отепувачка, секогаш недостасуваат и секогаш по нешто ми фали. Како што можам да заклучам скоро сите или 90% од одговорите парите ги тошат најмногу на гардероба, излегување или парфеми и некој ситници. Морам да им се придружам на сите нив бидејќи и јас највеќе пари трошам на гардероба, па која жена не сака убаво да се скоцка или убаво да изгледа секако дека шопингот им е наслаба точка на сите, но се во граници на можностите и финансиите.