Најмногу трошам пари на марами, ташни и облека во глобала, а во последниве 2 години на козметика, и за нега на кожа ама и за шминка. И исто така на модни аксесоари, поготово прстени и обетки.
- мераклика сум на кафе и благи работи - често знам да се подновам со нови парчиња облека - козметика
Дефинитивно на облека трошам најмногу пари ,исто така и на шетање, патувања, храна. На шминки и козметика трошам да, но не купувам често. Сакам да е едно квалитетно, па и поскапо да е,а и бидејќи не се шминкам многу, па затоа и не купувам често.
Понекогаш на фустани но се почесто на класични панталони, корсети, разнобојни сакоа, штикли, чоколади, гумени бонбони, обетки, марами, прстени и козметика за лице и тело.