поради фактот што сум млада домаќинка,најмногу пари трошам на сретства за чистење,прашок за перење,гелови за туширање,дезодоранси,за јадење и тоа.облека поретко купувам,си ја носам почето старата облека се обидувам да штедам.во главном за тоа
трошам на чевли, козметика и поклони за моето најмило. иако сега откога решивме да се зимаме и двајцата поретко трошиме од секоја плата тргам пари на страна за новото домакинство
како што ми велеше татко ми порано-со тебе керко, ни Рочилд банка нема на крај да излезе хехехе ама откако почнав да изработувам обетки и друг накит, парите некако ми се вртат во круг, ама сепак имам пари да издвојам за козметика, како и за чанти, и други ситници и за во соба, а по нешто и за дома што треба
Обично заштедата најмногу ја трошам на козметика и облека. Не можам да се воздржам кога ќе погледнам некој каталог од Авон или Орифлејм, се мене нешто ми фали.
Добро нели како и секое женско трошам на облека, трошам многу на мали глупости посебно акцесорис кој го имам премногу ама никогаш доста. На јадење гооооолем гурман сум, сакам убава квалитетна храна за моето меше, уживам во јадењето. И сакам на патувања да ги трошам.
на чевли дефинитивно.. едит; и на патувања ..баш сега кога си мислев ми текна дека навистина почнувам да станвам зависник од патувања
На некој ситни детали како што се : Обетки,алки,ланчиња.. Иии на храна!(дефинитивно на храна највише трошам пари)!