Моментално на ситници за свадбата и ситници за станот што ми се останати да се средат. Генерално на храна, шминка, облека дур можам сега, понатаму ќе се сменат трошковите.
Периодов премногу на себе, облека, штикли, обетки, прстени, коса... до пред некое време бев со фокусот на домот, но сега решив декае време за себе... тука би додала цигари.. бидејќи за тоа трошам на дневна основа голема сума на пари... за жал...
Инвестирам во патувања, по нешто гардероба и козметика, последно потрошив за поправка на кола.. така што секогаш се потребни за нешто дали за добро или лошо
Периодов така ми летаат парите а уствари ништо битно немам купено или вложено. Се лажам со глупоштарии на тему и често нарачувам храна или ручаме надвор не стигам да напраам храна нит па да испазарам. На козметика стандард ми иде сума и тоа.. Ќе сум заштедела на трудничко, тикви варени. Помалку трошев додека одев на работа
Skincare, нега на коса, парфеми, спрејови, лосиони за тело, штикли, облека најмалку. Знам и накит да си купувам, во главно на мене, I am my own sugar daddy.