Во последно време на козметкика и сето тоа благодарение на вас Ми го зголемивте апетитот. Се и сешто се изнагледав тука и цело време си измислувам и си наоѓам по нешто од кое "имам огромна потреба" и "морам да го купам" Е да, ми влезе чивијата.. Вие сте криви И имам скапан мобилен, а немам дигитален апарат за да го сликнам моето козметичко катче ама ветувам дека ќе му најдам некаква стратегија па наскоро ќе видите и мои слики. И да.. Знам што следува во скора иднина, манија од купување накит.. абе чувствувам.. Се отвори и таква тема, следуваат примамливи и фасцинантни слики на кои нема да можам да им одолеам. ВЕ УБИВ
На книгии! Најслаба точка ми се. Кога ќе влезам во книжара едвај излегувам. И не само на книги, туку на разни такви работи (тетратки, пенкала...)
Разни парчиња облека и такси Не успеав да си одолеам еднаш кога ќе видам нешто таму ми е паметот се додека не го купам
Аман ова таксиво ми го стопи новчаникот, нека го поскапат уште малку па да се претплатам месечно и денар да не ми се мота по џебови.
За глупости!!! Не знам за другите ама мене многу ми бегаат парите и кога ќе проверам на што сум потрошила толку пари испаѓа дека сум ги дала за глупости...(за лакови за нокти,белегзии,обетки,чанти и сл работи)...сакам да кажам за некој работи што дома ги имама 100
во последно време најмногу пари трошам за косава...стварно, де фризер, де препарати за нега.... а и некои модни додатоци како ланчиња, прстени....мора да се купи нешто
Гардероба дефинитивно и книги ама па и храната не заостанува... гурманче со мур Што би рекла мајка ми...абе ти и да се дотераш, и да се најадеш убаво и да прошеташ секаде....лиши се од нешто...ама ај, од што????
На Прада штикли, ДиГ јакни и Гучи фустани и Версаче парфеми. ама стварно незнам што да правам со париве!
на мене ,за моите задоволства и уживања а тоа се-ДА НЕ БИДАМ ГЛАДНА;ЈАДНА;СТАРОМОДНА затоа трошам пари на храна и на облека најмногу