На „Телеграм“ се шират интимни фотографии

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од black-angel, 26 јануари 2020.

  1. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    3.719
    Пол:
    Женски
    На „Телеграм“ средношколци споделуваат експлицитни фотографии од врсници
    Групата за неколку дена стигна до над 7400 членови, а во неа се пристапува по претходна покана од пријател.
    Преку затворена група на социјалната мрежа Телеграм со наслов „Јавна соба“, македонски средношколци споделуваат и коментираат на интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава, најчесто нивни врснички, објави Радио МОФ.

    Радиото информира дека веќе до него реагирале средношколци кои пристапиле до групата, и појаснуваат дека дел од сликите кои се објавуваат и коментираат се преземени од отворени профили. Сепак, додаваат дел биле испратени преку приватни пораки, но потоа се нашле во „Јавна соба“ на Телеграм. Најголемиот дел им припаѓаат на малолетни девојчиња.

    Групата за неколку дена стигна до над 7400 членови, а во неа се пристапува по претходна покана од пријател.


    [​IMG]
    Радиото, како што информира, оваа информација ја споделило со МВР, но нема соодветен одговор.

    Превземено од Радио МОФ



    До јавноста стигна веста дека се шират фотографии од малолетни девојчиња плус линкови од нивните профили , колку што успеав од нашиве портали да разберам дека се превземаат мерки истата група да биде затворена.
    Ваков случај не ни е од прв карактер во земјава ,барем јас кога бев средно имаше клипчиња на ученици што се задоволуваа на час од неколку средни училишта.

    Темава е за дискусија за линкови директни до групите и навреди ќе ве молам да се воздржите!
     
    На fina erika, zhap4e, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Ketchup

    Ketchup Horn of the Deer Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.920
    Допаѓања:
    37.148
    Пол:
    Машки
    Кој и да стои зад ова треба сериозно да одговара. Ако од полиција мислат дека решението е само да се избрише групата, тогаш навистина не знам што да кажам.
    Се работи за апликација на која се најавуваш со телефонски број... Со апликација од PlayStore може да им го дознаеш идентитетот на тие што праќаат.
     
    На Marija6165, NEA, Harper и 31 други им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    3.658
    Допаѓања:
    26.728
    Пол:
    Женски
    Ужас. Најмногу од се го мразам врсничкото насилство. А бе тие деца и нивните родители треба јаки казни да добијат. А не, "деца се". "Играјте заедно не се карајте". Така ли се решаваат проблеми. Сите распуштени со смартфони со апликации секакви без никаква контрола. Дно сме, дно.
     
    На NEA, Victorian, candy.cane и 21 други им се допаѓа ова.
  4. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.231
    Допаѓања:
    4.795
    Пол:
    Женски
    Се изначитав коментари како не биле криви тие што ја креирале групата, туку родителите што не си ги воспитале ќерките да не си праќаат такви фотографии. Ма немој, ужас.
    Јас повеќе ќе ги обвинам родителите на машките.
    Имав можност да пролистам низ групата се најдуваат секакви фотографии и од девојки што ги познавам, иделе со некој дечко, раскинале, па ајде тој сељакот да ги стави сликите што му ги праќала ц цц
     
    На Angel06, Victorian, ivi1987 и 26 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.175
    Допаѓања:
    142.143
    Не е прва ваква група по социјални мрежи.
    Не знам законот кај нас дали е во тек со напредокот на технологијата.
    Мислам дека не се сноси правна одговорност за вакви деликти.
    Мора законот да ја следи ситуацијата на терен и да се прилагодува на промените кои се движат со вртоглава брзина.

    Ама парламентот кај нас, си спие и само менва закони за то, од чие-во чие ќесе ќе се прелеваат парите.
     
    На Victorian, candy.cane, fina erika и 8 други им се допаѓа ова.
  6. BayernKa

    BayernKa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    403
    Допаѓања:
    623
    Пол:
    Женски
    Криви си се и едни и други. Треба да се казнат двете страни, макар што на девојките убава казна им е ова за памет.
    Што имаат бе во главиве овие деца денешни ич не ми е јасно, демек понапредни а тие сто пати поглупави. Толку не мислат кој ризик го превземаат со тоа што праќаат голи слики по машки? Ама ја се си мислам дека и не им е гајле баш, туку се гордеат со тоа. Страшно.
     
    На Iva2020, Iva9612, candy.cane и 12 други им се допаѓа ова.
  7. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.231
    Допаѓања:
    4.795
    Пол:
    Женски
    Тоа што праќаат слики на секој втор е страшна работа глупи се ама ептен. Разгледав низ групата и наидов на слики од девојки што биле врска ( според мене е нормално и јас му праќав на дечкото слики во долен веш) ставени тука и што е форава, демек види шо фраер сум каква риба сум ебел ццц
    Бог да чува.
    Сељаци пишуваат нешто као “дајте бе нешто младо 16-17 години хехе” Ми се гадеше додека читав.
    Мене што ми праќаат dick pics што да им правам? Да направиме и ние женските група и да ги ставаме сликите од маженцата што ни ги праќаат курињата со име и презиме па нека се чудат после.
    Мизерија!
     
    На angela.kostova, WildMk, candy.cane и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    3.777
    Допаѓања:
    23.702
    @thequeen95 а ме интересира само како влезе во групата? Некој случајно те адна или?

    Едит - инаку треба и да одговараат. Само што 7000 и нешто души не знам како сите ќе ги откриеш брзо, едни број ќе сменат, други акаунт ќе избришат на Play Store додека се стигне до нив.
     
    На Purplelilac, cresa-jagoda и RosettaStone им се допаѓа ова.
  9. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.231
    Допаѓања:
    4.795
    Пол:
    Женски
    Другар ми е во групата, па ми даде да видам шо се дешава.
     
  10. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    595
    Пол:
    Машки
    Zosto da odgovaraat?Moze objasnuvanje?Najgolem del od tie sliki ne se nivno avtorsko delo tuku vece se spodeluvani na internet.Takvi internet platformi postojat niz cela Evropa ne samo niz Makedonija.
     
    На Iva9612 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    3.777
    Допаѓања:
    23.702
    Затоа што се споделувани без дозвола на девојките можеби?
    Мислам ако стварно не гледаш проблем во ова бесцелно е да ти објаснувам.
     
    На Harper, Angel06, Victorian и 26 други им се допаѓа ова.
  12. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    595
    Пол:
    Машки
    Jas ne se zanimavam so vakvi raboti.A sto pravime so iljadnicite goli sliki na internet?Dali nekoj odgovarase za istite?Ne.Zosto?Zatoa sto ne postoi krivicno delo.Normalno.
     
  13. Kimberly11

    Kimberly11 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    4.009
    Допаѓања:
    17.934
    Пол:
    Женски
    Познавам некои девојчиња што за жал се нашле во таа група заедно со нивни слики. Криви се родителиве на машкиве што дозволиле децата да им прераснат во манијаци ,и исто така на девојчињава што родителите дома не ги научиле што значи тоа да се има самопочитување и дека не смеат да се праќаат слики на никој затоа што за жал на овој начин се искористува,a поминуваат повеќе време на улица него ли дома.
    Најчеста причина зашто праќаат интимни слики е поради тоа што добиваат закани дека ќе им раскине дечкото ,да привлечат внимание итн. Имав и јас една врска кога имав 15 год. типот ми се закануваше дека ќе ми раскине ако не му пратам слики и јас му реков што сакаш праи не ти праќам и тука завршивме.
     
    На Iva9612, candy.cane, Peperutce1115 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    3.719
    Пол:
    Женски
    Прво има слики од малолетни девојчиња а детска порнографија е забранета со закон , второ и да праќале мислеле дека е во доверба пратено.Сигурен си дека не одговарале ? Сигурен си дека не е кривично дело да споделуваш интимни фотографии ? Сериозно revenge porn ќе оправдуваме?
     
    На Harper, Angel06, Victorian и 33 други им се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    3.777
    Допаѓања:
    23.702
    Едно е сама некоја да објави гола слика јавно, а друго кога таа слика е пратена во приватен чет па експонирана во јавен чет. Па дури и да е на Инстаграм поставена, не значи дека е океј некој да те праќа во група, да кажува податоци за тебе.
    А и манијациве може да не го прават тоа нели? Наместо да викате па нека не праќаат голи слики девојките. И плус, има малолетни.
     
    На WildMk, candy.cane, RainbowButterfly и 8 други им се допаѓа ова.
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    3.196
    Пол:
    Женски
    Кое дно од луѓе. Читав баш од неколку кои јавно објавиле дека има воопшто ваква група и не знам што прави МВР??. Бар сега е лесно да се дознаат кои се тие. Ама треба јавно да ги истакнат и нека им се казнат парично родителите и плус они да одат кај соодветни психолози. Страшно е ова што се случува..Ај сеа тие шо си праќале слики нека им е ова лекција за друг пат. Излеа мене ми фали нешто шо сметам дека интимни фотографии не се праќаат ни на дечко.
     
    На Iva9612, candy.cane, темјанушка и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    3.777
    Допаѓања:
    23.702
    А и тука што ќе се најдат такви да оправдуваат, не ќе е лошо да ги протресе некој, за секој случај.:)
     
    На WildMk, Peperutce1115, M&M и 7 други им се допаѓа ова.
  18. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    9.979
    Пол:
    Женски
    Правната регулатива на збиднувањата во www е толку многу лимитирана и дефицитарна пред се заради брзината со која настануваат промените, ама мислам кога поажурно би се работело на ова поле би мрднале од некоја мртва точка.
    А за случајов ова не е детска игра, тешка дискриминација и после ваквите машки членови на групава утре кога ќе бидат на раководна раб.позиција нема да дискриминираат и објективизираат, ајт:@
     
    На Mrs. Lovett, M&M, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Kimberly11

    Kimberly11 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    4.009
    Допаѓања:
    17.934
    Пол:
    Женски
    Имам делови од чат што праќале од групен и имиња на деца кои што биле додавани ама не сакам да се мешам јавно да споделувам
     
  20. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    9.979
    Пол:
    Женски
    И ти го поддржуваш ова кај нас со изговор дека секаде во Европа го имало?
    Па секаде во Европа и се самоубиваат малолетници поради некои игрици и тоа треба да го оправдуваме демек го има таму па оправдано е и кај нас?
     
    На girl2, M&M, Novecento и 2 други им се допаѓа ова.