Да, кажано е. Дека немате поим што е емпатија, немате осет за други освен за себе. Дека немате врска што значи дефокусирање од основниот проблем, немате памет дека ова не е игра за кој ќе напраи пофешта статус со кој повторно вие се ставате во центарот на вниманието со вашите „мудрости“, ни самите немате ни Е од ЕДУКАЦИЈА со овој другар ти црноризец „храбар“, дека со тоа „а не само син ти“ ги тапшате по рамо ропациве, дека кога ќе напишете реферат за што треба да се едуцира жената и вие сте дел од тие ропаци што немаат ни два грама мозок. Па уште дошол да кажува на женски форум. Си бил ли ти жена бе во ова сексистичко, мизогино, шовинистичко сра*е од држава? До кога ќе мислите дека имате право да ни диктирате кои и што треба да сме? Сте се погледнале ли себеси што правите и до кај сте со еволуцијата стигнати? Наместо да споделуваш статуси од вакви гниди, иди отвори и прочитај какви психолошки последици и трауми остава вакво родово базирано насилство врз жртвите, како се чувствуваат и што значи да минуваш низ тоа. Или ако сакаш за полесно, дај твоја слика и ќе те направиме популарен. Чисто за да знаеш што збориш следен пат.
Јас малку глупа сум па не разбирам шо значи ова се' е кажано? Дај подобјасни ми. Шо е кажано? Шо е поентата?
Нормално дека не ми одговара етикетирање. Зошто наместо љубов и почит, се шират напади, критики, гнев? Пишала цел реферат као божем сите сме исти сакам да кажам дека потребна е едукација а посебно на тој Црноризец. Само форумџиката си се истрча да си каже што ѝ тежи на душичето.
Добро стварно не сте ми јасни машкиве во моментов, што се наоѓате прозвани, ако не сте во групата? Не си само ти, од вчера 2-3ца на форумов дојдоа со тоа- не сме сите исти, не не етикетирајте. Епа и женските не се сите исти, ќе го разберете тоа? Не сите сакаат да имаат односи на прв дејт, не сите сакаат да бидат финансирани од страна на машките, не сите сакаат да бидат со некој поради неговата скапа кола, не сите девојки се вработени бидејќи биле во врска со шефот итн.. Сега појасно ти е?
Тие волшебни зборови „не сите се...“ се реткост и мило ми е што е така. Истото мислење го делам и добра ноќ.
Знаете во турско време како било, виселе на бандерите како пример. Е така функционира македончето, додека не му всееш страв во коски пак истото ќе го прават. Затоа ова треба да оди до крај да се исече проблемот од корен - драконски. Мислам дека сега е и моментот да се протурка Закон за кастрација на педофилите бидејќи истите од групата се и потенцијална закана ако не се превземе нешто сериозно. Се шокирав од моето место колку ги имаше во регистерот на времето. Треба да се искористат и случувањата од Србија, да се создаде јавен притисок врз двете држави да превземат конкретни чекори. Само на време додека е жешко железото, а не само да помине со затварање на групата и како и секое чудо за два дена да помине и да се стави под тепих.
Секако дека не се сите мажи исти. Ама ти чим се наоѓаш навреден кога се ругаат тие од групата за кои се однесува тоа едуцирај го син ти, ќе да си и ти ист ко нив. Инаку зошто би се тригерирале и ти и сличните на тебе? Да не беше ист, ќе застанеше со осуди за се што се случува во групата.
немаат сите обични корисници на технолошки уреди и интернет до толкав степен програмерски вештини за да подесат апликации да скенираат и праќаат фотографии и броеви неосетно. за тоа се работи за високо стручно програмирање, мислам дека се викаа т.н. изворни кодови или сл. јас не можам тоа да го направам. ниту било кои други обични корисници.
Не сфаќам која е потребата да се покажува сила. Да гледаш и уживаш како мизеруваат, го пробушуваат дното. Познавам лично еден "јак маш", кој бил во групава. Па дури и на девојче и викал "сакаш да ти сликам ко ќе се се*сам и да ти пратам?" Луѓе, верувале или не, само му пиша овој разговор е време да го види МВР, ееј се запалил овој, демек која си ти, ми се одмаздуваш?? Уште пожално е кога го познаваме тој лик, језивко е. Немам верба во институцииве, а овој случај исто како и другите ќе се пикне под тепих.
Друштво, официјално се изгасени двете групи. ,,Dark room" и ,,jавна соба", уште вчера во 22:40. Сега засега останаа само две групи на телеграм ,,балканска перверзија" и ,,популација на балканот" кои се српски. АМА.. Пред сам крај, односно пред отпочнување на операцијата на МВР, добив линк покана за една страница на deep web, во која ми беше кажано дека тука ,,е правата журка". Не го кликнав секако и го избришав, а денес сум во план да деактивирам телеграм. Она што треба да го знаете е дека педофилите и силувачите сеуште оперираат на други мрежи за дописка. Се договараат, спремаат како да "регрутираат" што е можно повеќе луѓе за влез на вакви четови и тоа на мошне подол и итар начин. Нема да навлегувам во детали околу "web sexual war" теории заради лична безбедност. Знаат зошто го пишувам ова, (особено тука некои од вас кои бевте внатре). Плус, денес сум во план да деактивирам телеграм зошто мислам дека доволно направив со пријави, спам и ред други работи. Башка немам време да се занимавам со случајот и да го носам на повисока истанца. Така да тоа е тоа сега за сега, се надевам дека ќе се среди се ова некако, ќе се даде поддршка на жртвите и нема да се мултиплицираат групи од ваков карактер.
Морници ме лазат. Упорно си продолжуваат, ни страв ни срам. Уште па си ја шират групата, си бараат појачување.
Кај оваа Дотичнава , има личност која лично ја познавам и која има ставено лајк и демек дава подршка а е мало маженце м и кој држи приказнии демек модерни времиња и бара слики како луд бидејки долу е помалку маж. И сега ако има добиено од неколку девојќи таквиот дотичен, сега е во групата салдо селјаци сама си го барала.
Оваа па се нашла да коментира, какви слики има на инстаграм уште од времето ама ајде. Ко за некоја што ја следат +5000 со заклучен инстаграм "прејака е", нема што. Па и оние што ја следат не ми се ништо подобри. Ни е синоним за убавина, ниту па ќе биде. Ама изгледа толку ум и' е дадено, па куца нешто колку да се рече.
Многу убаво ќе ти се разјасни кога ќе почнеме да лепиме ваши слики како манијаци, зошто толку ви е капацитетот и сами се откривате. Секое споделување на објава од овој тип ве пикира сите од тој калибар, па после ќе плачете девојка сте немале. И никогаш ниту една да не ве погледне. На вакви евтини нискоинтелигентни обиди за вадење може да ти поверуваат само на Кајгана, тука не. Додека се осеќаш увреЃен и бараш секаде да се нагласува not all men, сосем јасно е каде припаѓаш. Ај сега иди пожали му се на другарчето што се праи јак фраер со статусов, а е класичен Панчо, дека те искарале жените од Фемина и дека сѐ сме тоа мажомразачи.