Требаше и јас да го ставам во наводници. Гледаш, интерпункциските знаци многу значат. Она што тој пишал за евтиниот дел кај женските требало да пише и за евтиниот дел кај машките.
Само затоа што се’ може да се злоупотреби дали треба да се скриеме во пештера од секакви лоши намери или да се бориме да бидеме побезбедни без разлика како живееме, се изразуваме и што објавуваме?
Секој сам е креатор на својот живот. Секој сам е крив за своите постапки. Трајанка (измислено име и личност) не размислила дека со нејзината фотогеничност некој Бизом ќе ја разбере на поинаков начин. Трајанка не е крива. Бизомот е крив што има болен разум. Бизомот е крив што на часот по информатика во 6то одделение, кога се зборувало за "Однесување на социјални мрежи" тој час го преспал. А да не кажувам дека кога наставничката кажувала дека "ничии фотографии не треба да се превземаат без дозвола од личноста која е на сликата". Имај убав остаток од денот драг мој пријателе @Dimi_ .
Убаво прашање. Имам одговор. Не, само нема потреба од праќање слики без облека. Не знаете кој умоболен лик може да стои на другата страна. Убаво е што барем многумина се открија со таа група. Уште поубаво ќе биде јавно да ги покажат оние "анонимните", посебно мажињата во брак и пред пензија. бљак.
Ама кој рекол да се криеш во пештера ?! Доволно е да внимаваш на социјалните мрежи и да водиш сметка за пријателите со кои комуницираш. Абнормални постоеле од секогаш, ама се прикривале. Сега нели - демократија, секој што му се прави во моментот -си прави и кога тоа ќе го собереш со скапана држава = на блуд, неморал, криминал...и сето тоа поминува не казнето. И напротив, уште ги величаат тие што се осудиле да го сторат тоа. Нема што да ги осудуваме жртвите, ама пак кога гледаш дека се околу тебе е тргнато во провалија и нема назад, малку води сметка. Ваквите случувања оставаат траги во животот, ти се ремети психата, животот ти зема не природен тек.
Не станува збор за голи фотографии само, прочитај поназад, а и тие што се голи не може да ги обвинуваш затоа што не препознале идиот на време. Зарем вие што викате дека не треба да се верува на секој никогаш не сте грешка процениле личност? Нема ништо лошо да праќаш што сакаш на личноста на која и веруваш, проблемот е во тој што го злоупотребил.
Лично јас никогаш не сум пратила голотии на некого, а не дека не ми барале. Тоа ми е толку одвратно како да ме тераат порниќ да снимам. И да, ништо не е сигурно. Во мобилариве што ги поправаат телефониве доволно е да има некој болен, да ви симне се од мобилен па после чукај си ја главата. Ама кога Ким Кардашијан, Парис Хилтон, северина го прославија снимањето на секс и со тоа станаа славни, отиде се во неповрат. Се поремети секоја морална вредност.
То шо го кажал е нерелевантно. И да го пишел истото за машките ќе беше нерелевантно. Секој шо сака ќе прај со своето тело. И никој нема право да го осуди. Ако не повредва никој, тогаш како девојката шо легнала на прв дејт е крива? Или ете, вметни некоја типична машка активност шо не повредва никој, извршена од машко, ама општествено е неприфатлива. Уште еднаш, зошто е пораката едуцирај го син ти. Парола е. Треба да побуди емоција. Да заинтересира поширока маса. Да донеси до ревносна реакција. И после се наоѓа некој за то да го обезвредни и butthurt луѓе го споделват и шират. То ја повредва првата и главна идеја зошто нештото е споделено. Нормално дека едукација ќе има за сите деца. Ама сега, потребна е за синовите. Зошто во најголем % сексуално вознемирување и сексуално насилство, агресорите се мажи. И фокусот е на то, за заштита, за укажување на поддршка и почит кон жртвите. Не дека сите мажи се такви, ама ако се спомни то се релативизира. Ако се спомни "аха да и за ќерките" се релативизира. Кога би имало сексуална едукација ќе биди за сите. Ама паролата сега е да се едуцира синот, ради точно овие причини. Да се дади чувство на сигурност на жртвите и да се измести оската на другата страна за да можи да се избалансира. И нема потреба од исправки "и ќерка ти" или "сите деца". Така да, драг Дими, иако сеуште не гледам осуда кон то шо го сподели, не го прај помалку проблематично и без таа осуда. Зошто во момент мора да има бурна и еднонасочна реакција пред се да се избалансира. Не е просто терање инает и мажомразење. Еве ќе ти вратам и јас тебе, да имаш убав ден. Зошто се потруди да напишиш поќе од две реченици на темава. Чирс.
Само затоа што и јас не сум пратила, никогаш не сум ги осудила тие што се. Има различни луѓе, различно функционираат, нивен избор. Овде зборуваме за личности во тинејџерски години или сеуште млади и несозреани. Не можеме да очекуваме од нив да размислуваат исто со некој возрасен и да ги делат истите гледишта за “како треба” со нас, само затоа што ние не сме пораснати со социјални мрежи.
Затоа велам дека треба да се обрне внимание во образование, да се запознаат за се. А син ми или ќерка ми ако сака да гледа жени, мажи, и да се пали на нив, подобро нека ми каже ќе му уплатам порнхуб, па нека гледа таму, а не да манијачи на соц мрежи.
Не е до непазењето што ставаш на социјалните мрежи, туку до изневерувањето на довербата. Не ми е гајле кој што става по социјалните мрежи, ама тоа никому не дава за право да злоупотребува нечии податоци и да си игра со личноста. Демек живееме во 21 век, кога многу стигми и ставови требало да останат во минатото, но ништо не е сменето, за жал мнозинството сметаат дека жените постојат само заради мажите, да им служат и да им прават што сакаат. Има и мажи и жени со такво размислување, не само во Македонија, во цел свет е така.
Затоа треба едукација и воспитување. За баш тие млади лица да не си го продаваат телото и да не станат мета на вакви психопати. Ама и полека малку со реакциите. Има некои кои свесно го праваат ова, уживаат, тоа е нивен начин на заработка и задоволство. Да не претееуваме со скокањата, да си ја насочиме енергија кон знштита на правите жртви, а не на овие кои овој наичин го користат за свои лични интереси. Не осудувам и воопшто не ме интересира која што прави со својот сексуален живот, ама да не се "перат" сега и да не се користат правите жртви во ситуацијата за чистење и промовирање.
Жртвите треба да се поддржат и тоа јавно, за да имаат храброст девојчињата утре да пријавуваат вакви работи, а не да се двоумат и да кријат.
Ана, рандом слика од рандом девојка во бикини е изолиран случај. И не зборувам за деца и малолетниците. Не е проблемот дали сме 21 век или не. Точно, никој нема право да го интересира кој што прави со неговата сексуалност, ама пак истите тие да не го користат сега моментот и да ги потиснуваат вистинските жртви. Оти дел од нив со намера се праќале слики и свои лични податоци.
Слушам сабајле на утринскиве програми како жени ги осудуваат жртвите. Тие мора да се истите што ццкаат на прозор кога ќе видат девојка во фустан или шорц. Како беше македонска Керен, Сузана? Многу Сузани кај нас има
Bottom line е дека и да се сликаш во деколте, во купаќи на плажа, никој не смее да ти дава сексуални коментари и да прави да се осеќаш понижено. Сите на плажа одиме по купаќи па ако ви дојде некој и в лице ви каже колкав ти е газот, ќе се осеќате прегрдо. Исто е. Политичар од Канада еднаш го читав на слична тема, вика, Јас и да помислам за некоја дека е згодна, никогаш никако не смеам со никоја моја постапка и најмала да е, да и направам да се осеќа незгодно ни за момент. Треба да се заштитуваме како што се заштитуваме од се во животов, ама не терајте го муабетот дека објавиле и знаеле во што се впуштаат. Не знам како не наоѓате сличност во тоа и во - Ако нејќе да е силувана нека не шета по фустан. Секој разумен ќе се заштитува пошто знае дека свашта има по светов, ама да не се води дискусијата кон тоа дека во нас е моќта. Немам јас моќ над некого. Секој треба сам да си се контролира. Не може девојките дома да се затворат, да исклучат социјални мрежи, да шетаат облечени од глава до пети само за некој да не е предизвикан.
И со намера да е, пак е пратено во доверба. Боли кога е изневерена довербата, каква и да е. Сигурна сум дека дури и оние кои со намера праќаат, не сакаат јавно да бидат изложени. Никој, ама баш никој не смее да си земе за право да те омаловажи и да направи да се чувствуваш небезбедно. А токму тоа е она што се прави сега.
Ср*њево на кое што толку му се воодушевувате е само дефанзива како одговор на реченица која се споделува во контекст на поддршка на жртвите на силување.Реченица на која пола од вас не ѝ ја сфаќаат поенатата.Hint: никој не ги мрази мажите и не се сите мажи предатори. Би сакала авторов и сите вие што целосно се согласувате со ова да си погледнете прво во себе, кои се тие фрустрации и незадоволства кои ве тераат во моменти кога се прават масовни напади врз интегритетот на жените, кога јавно и недвосмислено млади девојчиња се мета на педофили, вие да ги нападнете токму нив со нерелевантни искази неповрзани со конкретниот случај и да го пренасочите вниманието кон себе. Ако поентата е да се навредиме ние, не знам како да ти кажам ама очајно е и смешно. Сакам да им порачам на девојки што читаат да не се правдаат затоа што сето ова е одраз на нечија несигурност. Убаво што има и вакви постови на социјалните мрежи и не сакам да се избришат, да се согледа реалната слика, емоционалната зрелост и интелигенција на народот. П.с. ако стварно бараш едукација и воспитување, ќе ти биде јасно дека вакви постови не се тоа тоа.И никој не сака некаква лажна детска еднаквост, туку адресирање на реалните проблеми. Едит: не ги прочитав сите други реплики, можеби се повторувам, ама сепак нека ми стои постов како генерално мислење за сликава и зошто не е океј релативизирање.