Се согласувам со се освен со тоа дека треба да внимаваме.Бидејќи членовите не се некои манијаци ,туку колеги пријатели роднини партнери за кои никоаш не би помислил додека не излезе нешто на виделина.Никогаш не знаеш во човек што има.
Да, скроз погрешно сум сфатила. Немаш грам виктим блејминг во себе. Пак ќе речам, Кајгана е соодветното место за тебе. Поздрав.
Колку и да пазиш на пријателите на социјални мрежи, не може да знаеш кој анонимно те ставил на линч во група како Јавна соба. Можеби другар/ка од маало што цел живот ги познаваш и тука лежи зајакот. Ако некој ставил провокативни слики (како што гледате за сите провокативни значи различно) зошто од вчера читам мислења од типот "сама си ставила", "пазете што ставате", "ставала голи слики, најде она да збори".... СДК од кога некој заслужува да биде малтретиран, таргетиран, осудуван, вознемируван само затоа што ставале слики кои на некои си таму анонимци не им се по ќејф?
И да прашам, која е разликата меѓу девојките што сами си ставаат слики по деколтеа на социјални мрежи, па според вас нели знаеле во што се впуштаат, а од друга страна, ги осудувате педофилите што барале слики од деца, а колку родители си ги редат децата на социјални мрежи, на форумов, секаде? По ваша логика, и нив кажете им - знаеш дека има педофили, сама си го бараше да ти го споделуваат детето. Муабетов може да го правите ако никогаш во живот не сте споделиле слика од дете со никого. Зошто ако недај боже се најде сликата на овие одвратниве групи, нема да ви биде сеедно и уште поважно, нема да ви биде убаво некој да ви каже, сами сте барале.
А Ана не е жртва? Добро ти не го гледаш тоа што се случува, или се правиш дека не го гледаш? Правник си да му се сневиди. Лични податоци споделиле. Некој манијак ќе и' дојде на врата, ќе ја пречека во уличка и ќе ја силува. Во ризик ја ставаат. И @Lilit @nena2010 @referentka и сите кои велите дека: Треба да се внимава... - внимавањето нема врска со тоа што е можно да ти се случи. Внимававме и ние со дуќанот, па пет пати ни го ограбуваа. Не е проблемот во постирање и испраќање слики проблемот е во злоупотребата и уцените кои криминалци ги прават. Криминалот треба да се санкционира. Се додека нема казни за сторителите, ништо нема да се смени Ни една едукација нема да помогне.. посебно не за оние кои се над 20. Тед Банди до 29 години веќе ја заврши 'кариерата' со убиства. Мислите дека беше можно некој да го 'едуцира' дека не треба така? Знаеше тој многу добро дека греши и дека го крши законот, исто како овие што знаат, само не му беше гајле.
Е сега за протестот. Доколку невладините не направат протест, а ние сеуште сакаме, не преземам ништо додека не ми се пријавите во ЛП дека стоите зад протестот, дека ќе се појавите, додека не добијам доброволци за редари, односно, додека не видам дека сериозно сте заинтересирани. Да организирам на ќоро протест и да плаќам глоби за непочитување на законот оти ви е страв, не планирам. Закон за јавни собири
Кој рече дека не е жртва ? Напротив, ја поддржуваме сите. Но ставаме акцент дека СЕ треба да се работи со ум и претпазливо...со доза резерва. Мислам дека ФБ , Инста, Тик-ток...го носат светот во пропаст.
Не. Криминалци го носат светот во пропаст. Се' е тоа алатка, која криминалчи ја користат за вршење криминал. Јас одбирам да постирам за општествени прашања на ФБ, тоа што некој одбрал истиот ФБ да го користи за да грумува малолетници, не го прави ФБ виновен.
Е фала курцу.. Оти искрено, во 24 часа, ниту една од форумот не се дрзна да ми пиши и да се изјасни. Ни една правничка не се понуди да изработи барање кое би го доставиле до обвинителство. Пасивни сте многу.
@WildMk апсолутно не треба да се трауматизираат уште толку жртвите и проблемот е таму каде што е.Тоа веќе во секој пост го пишуваме.Само, работата е што дома родителите треба да посветат внимание да ги научат децата што допрва сакаат се да пробаат и да копираат дека не можат да имаат доверба во секоја личност што ќе им каже 2 убави збора и вредат многу повеќе од тоа да бараат валидација и да добиваат лажна самодоверба преку инстаграм/тикток/фејсбук.Секако, ако има кој да им даде убава насока...
Епа ако знаеш дека е алатка , тогаш што се напнало со масовна употреба? Знаеме во какво расипано општество и време живееме
Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба, од Министерство за внатрешни работи до Јавно обвинителство – институциите кои треба да нè заштитат од насилство, но очигледно не го прават тоа. Ај ќе се преброиме во среда...
Да. Но колку и да ги учиш децата грешат. Не знам да има родител кој не ги учел децата на stranger danger, па сите експерименти покажуваат дека децата се наивни и лесно можеш да ги заведеш со две реченици муабет и да ги одведеш кај сакаш.
Не е времето расипано.. Од секогаш постоело родово базиран криминал, само што со технологијата се сменаа алатките кои насилниците ги користат. Еве го мојот пример, по милионити пат. Го познавав... му влегов в кола и ме силува. Требаше јас да не влегувам во кола со познат, или тој требаше да не ме силува? За облеката да не прајме муабет: Фармерки, кошула од тато, Бог да го прости, косата во репче и ни грам шминка. Ни во лудило не би рекла дека јас бев крива. Тој е крив, оти е силувач.
Вајлд, како да е, да не се препираме и надмудруваме, заклучокот е еден ист. Алатките се сега тие, за 20 години ќе бидат уште по напредни. Зад тие алатки стојат луѓе кои работат на нивно усовршување.А тие луѓе се наши браќа, татковци, мажи, синови....значи...В Н И М А Н И Е треба. Умоболни насекаде. Ете видовте сами какви коментари даваат на нет за случајот со Ана. Што одите подалеку..
Нема да се затвориме дома, нема да се забулиме! Оти во екстремните исламистички земји, 'за да ги заштитат' жените, им наметнале да шетеаат покриени од глава до петици... па пак се и силувнаи и злостаувани и убивани. На друго место треба да се насочи енергијата и гневот! Не ги криете ќерќите, научете ги синовите дека жените не се предмети за лична употреба!
Многу си упорна. Каде прочита да се затвори некој дома. Во прашање е посветување на внимание на себе или посветување внимание на децата (правилно воспитување).Доволно е тоа.