Се согласувам дека за се треба доза резерва, ама... некогаш ни резервата не е доволна. Не може дечко и да ја слика? Со знаење и без знаење. Што треба да праи, да нема секс до брак? Не може соученик да ја слика на маица на прерамки? Што треба да праи, да носи ролка во лето, да си ги лепи градите со лента да не се познаваат? Никогаш не сум користела социјални мрежи, дигитален отисок имам 0,5. И не исклучувам дека би можела да се најдам на некоја листа, како име и презиме, макар и со фотомонтажа. Се согласувам за социјалните мрежи ама тоа е друга тема...многу долга и широка.
Ама не е доволно. Time and time again, емпириски ни се докажува дека и покрај сите предострожности, сексуални напади се случуваат. Најчесто од луѓе кои ги знаеме. Дали 1% од насилството е од непознати. Детето најчесто ќе ти го силува некого кому веруваш: наставник, роднина, пријател.. кој дома ти доаѓа.
Ана, не зборуваме за рандом девојки кои им се злоупотребуваат сликите. Не ја вадете работата од контекст. Точно, апсолутно нема никој право да суди и да споделува во такви групи. За осуда е групава, поодвратно и не постои, ама еве не можам да соочуствувам со лица кои решиле на тој начин да живеат и сега да го правам жртви. @Mantub, @WildMk ќе повторам не станува овде муабет за рандом слика од социјална мрежа на девојка во бикини. Еве и јас имам таква слика, одговорно ја ставив. Немам недолични коментари ниту пак некои пораки. Или пак, еве сум добивала непристојни слики и понудинкога бев сингл, и веднаш прекинував контакт или блокирав. Повеќето од нас имаат секакви слики, па еве не се дел од вакви соби. Никој ама никој не ја оправдува и не го носете муабетот во насока со жртви на силување. Извинете ама не ме ставајте во кош оти жртва не може да предизвика никој да ја силува и да тоа лице е жртва. Ама девојки кои своето тело и своите податоци ги праќаат по пораки со одредена цел, не може да бидат жртви. Оти тоа свесно го праваат.
Тоа што до сега не си се нашла на мета на некој манијак, те прави да мислиш дека ти нешто правилно правиш? Ма не се занесувај. Некој од тие на кои им веруваш на крај ќе те заеби. Не оние што си 'блокирала оти биле недолични'
Живееме во свет во кој мажите 'ебаат', а жените 'се ебани'. Жените 'даваат'. Жените по дифолт се подредени во општеството. Дедо, Бог да го прости викаше: Знајш како во турско го решаваа проблемот со крадење? На тој шо ќе укради, раката до глужд му ја сечеа. Се чудев шо збора човекот, и брутална била казната, сеуште тоа го мислам... Ама сега знам дека казната мора да е последица, ако сакаме да видиме разлика во однесувањето, барем на некои од престапниците.
Прво, ич к*р не ме боли дали некој ќе симне моја слика, па и ќе ја сподели. Ич не ме боли ни ако пише ваква сум, или онаква, дека се е*бам за пари или што и да е. Арно ама, никој, ама баш никој нема право да сподели мои лични податоци, а посебно не адреса и број. И второ, можеби мене, како возрасна личност, не ми е гајле да ми објават слика, не сите можат да го поднесат истото. Особено не, средношколките, а сигурна сум дека најчесто на мета се токму тие. Ги објавуваат несозреани дечишта, а манијани и педофили се ситат. Како бе 35-40 годишни се палат на 14 годишни. Па дете е бре, како и да изгледа. Фуј.
Немора толку сила да покажуваш по форум. Еве, повели https://www.slobodnaevropa.mk/a/31075873.html Овде се покажува тоа
Ако не го запреме ова сега, и ти утре ќе се најдеш во тие соби. Ти, јас, некоја трета... ќе бидеме мета на некој манијак. По улица нема да може да се движиме слободно, посебно кога ќе бидат споделени лични податоци, од каде знаеш дека некој нема утре да те нападне баш тебе? Со тоа што ги осудуваме оние што свесно пратиле, ништо не правиме, само им даваме сила на манијаците. А нив ги има дури и премногу, за жал. Па и ако државата не санкционира, тогаш, Господ на помош.
А од детето немаш ставено слика на социјални мрежи, а знаеш дека има педофили? Ако ја најдеш таа слика споделувана во педофилски групи, ќе се згрозиш или ќе си кажеш дека свесно си го направила тоа? Ќе си кажеш дека детето не може да биде жртва како што викаш за овие? Нема разлика меѓу тоа да осудуваш педофили, а ако се полнолетни тие на сликата тогаш никому ништо. И они полнолетни и ти полнолетна. Ќе се нервираш и ќе бараш да се казнат или ќе си кажеш дека не е жртва детето штом си ставила слика, а знаеш дека има педофили по нет? Сликата може да е пратена на дечко во доверба, како што е нормално да се има секс со дечко или со сопруг. Тоа не значи дека треба да се препраќа на 7 илјади други. Ако имаш секс и маж ти утре раскаже на цел град дека имал секс со тебе вчера во 10, и сите кога ќе те сретнат да ти даваат коментари, нема да се осеќаш дека нарушена ти е приватноста, изневерена довербата? Исто е.
Не покажувам сила, туку разочараност и гнев. Неверување, тага. Ако една на друга не, тогаш кој? Клара Цеткин во гробот се превртува.
Ајде околу простестот да се фокусираме тие што сме за правата на жените. Тие кои не подржуваат безразлика жени или мажи да ги оставиме настрана да се доедуцираат и врзат ум.
Каква цел и како не можат да бидат жртви? Мора да ти се случи да бидеш дел од таква ,,соба,, за да разбереш? Ние, или барем јас не знам, кои девојки, колку од нив, со каква цел биле ставени на отстрел. Како можеш да тврдиш која насока на дискусија е правилна и кој може да биде жртва?
Се извинувам што малку ќе ви паднам на ентузијазам, ама протестот нема да има излезност. Славици и Трајанки што мислат дека сама си го барала се too much кај нас. Го објавија протестот премногу брзо, не направија никаква медиумска фама, не допреја до секој да му ја разбудат човечноста. Само се надевам дека ќе ги засегне жените во инстутициите одговорни за ова.