Многу сте наивни ако мислите дека само во групата има слики и видеа од жени полнолетни во купачи. Чим и дарк веб споменуваат сигурно станува збор за бикини слики, да. Колку наивно. Арно викаат, се додека не се осети на своја кожа може се да се збори. Колку отсуствува емпатија на темава. Страшно.
Зошто фактот дека постојат манијаци да е понормализиран од фактот дека секое женско има право да се слика како сака?
Отвори на медуза. Отвори кај Ирена на профил. Кај било која жена од овие што се занимаваат со проблематикава. Отвори го форумов и види колку девојки јавно кажаа дека се нашле во групава тука, колку девојки патат секој ден во токсични врски, трпат насилства, трпат се и сешто. Фемина ако не ти е репер колку се за нигде работите не знам што е. И се тоа е затоа што сме си ја изгубиле автономијата и не сме покажале моќ и заби. Прекини да калкулираш квантитативно колку проценти од девојките правеле едни или други работи, стисни заби, дојди на протест и покажи дека не се согласуваш со тоа. Друго се е релативизирање и дефокусирање.
Божем ако е проститутка заслужила понизни коментари. И неа тоа и е професија и заслужува почит и добар однос, исто како секој друг.
Во држави кај што е проституцијата легална, проститутки тужат и добиваат ако им се нарушени некакви права, на пример силување. Значи, ако е проститутка таа сама одлучува до кај ќе оди. Не може да одлучува друг за нејзе пошто е проститутка. Исто како што ако сте во брак не значи дека треба да имате секс секогаш кога ќе посака мажот. Не може никој да одлучува за ваше тело, значи никогаш. Многу жени не пријавуваат силување од сопствениот сопруг пошто сопруг е нели. Ама во која фантазија си живееме ние. Професор на филозофски факултет се сеќавате што им предаваше на студентите, една слика што кружеше по интернет, Основа на поврзување на една жена со еден маж е задоволувањето на неговата главна потреба. Ако некој сексуално вознемирува жена или деца на работно место, најмногу отказ добива. Отказ ејјј, ко да закаснал на работа 10 мин.
Кравче и маж може да биде силуван, и може сексуално да биде злоупотребуван. И за мажи има слики и ппдатоци кои работат вакви работи. Колку се такви? Ана, кај живееме? Далеку сум јас од закоравен ум, верувај, ама еве некој кој намерно сака давсе најде во тие соби не може да е жртва. @WildMk кога проститутката ќе биде силувана, ќе биде жртва. Не зависно што работи. Ама ако си споделува за да има интерес,не , не може да е жртва. Не може да ме сфатите, не ми мешајте поими со жртви и сексуални злосторства. Ги знам поимите, знам и дела. Јас зборувам за сосема друго. За женски права, жени жртви во семејно насилство и купндруг работи, активно ги поддржавам и сум помагала на секаков начин. Не коментирам јас само на форум бранејќи женски права. Затоа намалете со коментарите дека јас велам жртвата си го барала. И да е проститутка ако е силувана, не си го бара. Мислам дека се изјаснив на темата. Мојот активизам за борба и правда на жртвите ми е насочен онаму кај што треба и како треба.
Еве пример со @referentka i @WildMk едната некогаш јавно споделила лични детали на некоја тема , другата сега ги споделува и во оваа тема. И сега што да речиме референтка сама си крива зашто си споделила приватни детали. Исто е и со сликите, да ставале девојќите слики провокативни на фб или праќале на дечковци нудс ама тоа не им дава право на мажите да ги стават јавно во група и да ги споделуваат. А дека некоја проститутка во вистинска смисла ке се замара со јавна соба не верувам. Туку се споделуваат слики од девојки кој наводно се ,,лесни,, и имаат покажано тело. Во секој случај групата е ширење и дистрибуирање на порнографски материјал, мислам стои знакче 18 на неа
Аха.. тоа дека кажав оти има деца, е исто како да постирам слика од нејзе со број и адреса и да и дојдат на врата, и да ја зачекаат сосе деца?
Грешка ти е споредбата. Јас овде јавно сум пишала колку деца имам и колку внуци. Моето негодување беше што во цела дискусија која се води, некому од што неможе гневот да си го заузда се изразува на погрешен начин. Ако се расправаме јас и ти за нешто, која е таа дрскост да ми ја споменуваш фамилијата? Или да пишеш ,,чекај , чекај, кога ќерка и ке се најде во таква позиција...,,, тоа е рамно на клетва...нели?
Не е исто вајлд туку колку можат работите да излезат од контрола без да сме свесни дека утре би биле злоупотребени.
Не реков ќерка ти ќе се најде во таква ситуација. Туку дека ти немаш емпатија за нечии деца Дури и полнолетните се нечии деца. Дури и проститутките. Замисли!
Ама исто е. Ти се расправаш со вајлд, она спомнува деца и внуци што ти сама си ги спомнала во друга прилика и тебе те погодува тоа. Девојка споделила слика со дечкото во доверба, се скарале и тој споделува нејзини слики со 7 илјади други. Како што те погодува тебе така и на девојките ги погодува, исто е.
Кате, отвори и ти други сајтови, отвори очи и уши и еве стани посвесна за вистинските жртви. Инаку, на фемина има куп кои се жртви на секаков вид насилство, ама има и такви кои и лажат. Не треба мене да ми отвараш очи. Знам јас што е насилство, а знам па и во што учествувам за да пробам да го сменам тоа. Поима немаш ти или било кој друг, како и на кој начин сум се обидела да го правам тоа. И кога веќе волку сте гласни, силни, барем правете го тоа на вистинскиот начин и со вистинските луѓе.
@JuLleE А од каде е информацијата какви девојки се ставани во групата и дека тие работат проституција? Озбилно прашувам
Овде прекинувам со дуел, зашто ако продолжам ќе ескалира ситуацијата. Набедување-не. Ставање зборови во уста - не.