100 пати го читам и ништо не разбирам Кои се вистински жртви и како ќе бидат потиснати? Кога некој ќе сподели лични податоци од некого (а ваљда знаеме што се лични податоци) и знаеме со која цел, секој еден е жртва. Па бил тој домаќинка, тинејџерка, калуѓерка или проститутка. Или ако сум проститутка ок е да ме знаат кај живеат, па да ме начекаат некоја вечер петмина, јер проститутка.
Кравче, знаеш од кога постојат секакви информации во секакви форми за мажи и жени кои нудат вакви услуги? Со цени, со секакви податоци. Пуштени со намера, не злоупотревани
Апсолутно немам појма низ што си поминувала ти и сочувствувам со секоја солза што си ја пролеала. Јас не сум ти непријател. Баш напротив јас спремна сум да се расправам до утре со сиот систем што те натерало да не се чувствуваш убаво. Мислам дека добро го знаеш тоа. И една жртва да имало (многу повеќе се и сама знаеш) вреди ти да дојдеш на протест. Секој човек заслужува правда.
Огромен број. На пример скоро цела јавна соба. Да не зборам дека сајтот што си го пратила е чет сајт за кој сигурно се плаќа нешто за чет разговор за кого нити знаеш со кого збориш на спротивната страна, нити си сигурен дали воошто е машко или женско, ама запален мозок не прашува. Веројатно се агенти чија работа е да седат од дома и да типкаат со запалени мажиња, (имаше и оглас сега скоро). Друго, немаш база и само обичен сајт со истите слики што се вртат нон стоп. Буквално е направен само за пари вадење, или преку пораки или преку злоупотреба на лични податоци. Се прашувам како си дошла до таков сајт Друго што најверојатно жените на сајтов не ни постојат, ама нели, било што да се докаже поентата. Знаеш колку лесно е да навлечеш манијачиња на лаќен профил на социјална мрежа? На ФБ и инстаграм посебно? Сум го правела, уште далечна 2012. Ни сама не си верував дека некој може толку да мисли на тоа дека е напален, а не и на кој е соговорникот од другата страна.
Ете ова.. Зошто вака се гледа на нив? Зошто некој да мисли дека се помалку вредни, или дека си го барале, или дека си заслужиле?
Поентата не ми е тоа. Јас не на Вајлд, јас овде јасно имам пишано за фамилијата. Значи не е нешто што другите не го знаат па Вајлд ме обелодени. ЗОШТО кога се дискутира и мислиш дека неможе да се излезе на крај со некого, мора да вмешаш деца? Мислиш дека ке го здоболи и оп-ке смени правец на размислување ? Не. Тоа повеќе кажува за тебе , кое оружје си спремен да го употребиш за да ,,победиш,,
Ама проститутка тоа го споделува за да има повеќе муштерии, значи со намера. Останатите се злоупотребуваат. Кој и како се докажува на суд. Е сега што некој ќе се испере оти јавно протекоа некои информативни е друга работа. И сега ќе се вадат дека се жртви. Јасна сум сега? Оние кои се навистина злоупотребуваат, не може да дојдат до израз од овие кои тоа го користат за работа.
@JuLleE Пример: https://iskrenavrska.com/otkaceni/ https://www.pinterest.com/pin/604045368764253690/ Сликава ја има на куп порно страни. Од порничи се вадени сликите, цел им е catfishing. И тоа не е лоша идеја, сајт со слики од поно сајтови и лови манијаци колку сакаш, со се нивните броеви.
"Чекај чекај кога ќерка и ќе се најде во таква ситуација" не е клетва искрено туку е реална прогноза за секоја од нас како што е тргнато. Почна со nudes, продолжи со слики од плажа, продолжи со слики кај шо се облечени, продолжи со барања за детска порнографија дали некој има. Како не гледате дека станува се полошо и пострашно? Кога ќе се свестите? Кога ќе почнат да ни доаѓаат на адресата? Кога на некој ваш близок ќе му случи тоа? Како толку немате емпатија не ми е јасно, па уште експерти лично знаат која била проститутка која не, која била вистинска жртва која не. Не мора на суд одење некои се проститутки за никој нека нема правда попрво. Сите се вистински жртви, а како тргна работата изгледа ама баш сите ќе сме. Најпаметно со време една бурка да си спремиме в плакар.
Аха... А кај сте да ги избришите сите постови во кои детето ми го спомнуваат во контекст на отворениот брак? Ај молим те... Се знајме кои сме.
Ама ние немаме моментално увид во тоа кои све жени се споделени во групата, со име со презиме па да знаеме која од нив професионално се бави со проституција.
Ама баш истото го зборувам. Рачунај дека девојките се скарале со дечковците и овие објавиле нивни податоци и девојките сега се прашуваат - Зошто мора да внесе мои податоци? Тоа повеќе кажува за дечкото, кое оружје е спремен да го употреби за да победи.
Не беше 'оружје', туку чудење, како може мајка и баба, да не и' е гајле за нечии деца? Еве мене, тоа ми е несфатливо. Знам дека сите жртви имаат фамилија, без разлика каков бил нивниот живот. Како некој тоа не може да го разбере? Еве, ти објасни ми го.
Но Вајлд не кажа нешто што останатите членови не го знаат и не кажа нешто срамно за мене ЈАС сум го споделила тоа пред таа да пише.
Не можам па и вакви работи ми се преодвратни. Дај веќе редно е преку децата да прекинеме да се одмаздуваме. Ако му посакуваш нешто во гневот, посакај му него, оставете ги децата. Од идиоти можат да излезат прекрасни деца и нема зошто да ги носат дамките на своите родители.
Зборовите "воодушевуваТЕ, штитиТЕ, не ги напаѓаТЕ" не ги ставај у мислење со кое ми реплицираш мене. Не им се воодушевуваМЕ, не ги штитиМЕ, ги напаѓаМЕ, и би ги смачкале. Братучетка ми беше жртва на нешто слично пред неколку години. Украдениот мобилен ѝ бил полн со нејзини интимни и приватни содржини и случајот морал да заврши во мвр кои со мал прст не мрднале па се ангажираа двајца адвокати и виновниците (малолетни тогаш, како и неа) си го опапаа.
Па постираше линк со слики од девојки во контекст дека тие 'биле поинакви' од другите. Како се поинакви? Во што? Во тоа што се сликале голи? Не се ли исто луѓе како мене и тебе? Не се ли нечии деца? Не заслужуваат ли и тие да бидат ззаштитени од напади и осуди?
Овие се жртвите. Ама реално, колку се тие? Цела јавна соба е поради одмазда? @KateKane погрешно ме разбра, не сум била јас жртва туку имам постојано работа со жртви. Одблизу ми се, ептен. Затоа убаво знам што е жртва и насилство особено врз жени и верувај се борам на секој можен начин да сменам или помогнам.