Абе остај Па и клетви, дајбоже на тие во групата пет женски деца да му се родат Не можам више, се изнервирав ептен
Абе чекај, ти мислиш Јавна соба не е за одмазда? Сакаш да кажеш легитимен бизнис канал се трудиме да срушиме?
Ма не се свесни што глупости тропаат. 5 женски деца да му се родат за и тие 5 да го доживуваат истово па тек тогаш да осетат на своја кожа. Јаките борци за женски права
Кој ќе осети? Таткото на петте ќерки? Ма јадни тие пет ќерки со таков татко, ништо тој нит осетил, нит ќе осети- стално женско е криво бре Бар да може за 2 крави да ја продаде, вака жив зијан
Јас ја сфатив дека сака да каже како некои намерно споделувале броеви и слики од себе си со цел да се испромовираат и да привлечат муштерии.Не добив впечаток дека ги осудува жртвите туку збори за еден дел. Еве мене не ми текна дека може да има и такви, мислам ништо чудно, ама колку би биле, сигурно помалку од тие чии слики се злоупотребени.
Они сакале да фатат процент како макроа веројатно, јаки типци Гледам скриншотот со полицајката, од позади сликано, сигурно не е ни свесна дека ја сликал манијакот
Цела јавна соба е поради споделување на слики од девојки без нивна дозвола. И да, мислев за страната која на постира ти зборевме. Проблематично со јавна соба не би било ако некоја се уклучи и каже "дечки еве ви моите слики дркајте колку сакате." Проблематично е што се споделуваат приватни слики без твоја дозвола и ти прави штета, без разлика дали на физички, психички, емотивен, семеен, професионален план. Проблематично е што се споделуваат слики од малолетници. Проблематично е што не мора ни да има слика Јуле, може некој само твојот телефонски број да го стави и ти ќе добиеш куп повици и пораки, оти не е битно дали има слика од тебе или не, битно е што добиле начин да допрат до тебе. Не си безбедна затоа што немаш твои слики, ни една од нас не е. Се споделуваат АДРЕСИ, прашање на време е кога некој ќе чукне на врата на некоја од жените што завршиле во јавна соба, или ќе ја следи, ќе ја демне. Закана за безбедноста е, на било која од нас, без разлика дали си пратила некогаш слика некаде или не, оти не мора да стават ни твоја слика, ни твоја информација. Доволно е само да стават твој телефонски број, твоја адреса. Толку тешко е тоа да го замислиш?
Па и вака ќе помогнеме. Да се спречи родовото насилство. Ако успееме во ова, ќе нема толку жртви со кои ќе работиш, кога ќе се санкционираат сите овие кои злоупотребуваат лични податоци од икс причини.
Зошто жртвите се повредени и сакаат да ги удрат насилнициве таму каде што најмногу би ги болело. Не им замерувајте, ве молам. Клетва е само, клетвите не се ни реални. Од болка, немоќ и беспомошност се тие зборови кажани од страна на жртвите и жените кои стравуваат дека може да станат мета на напад во групите. Единствено нешто што тие самите не сфаќаат е дека тие насилници кои имаат деца и кон нив се такви - студени, дистанцирани, лоши и негрижливи татковци. Така да тие навреди нив не ги тангираат по никаков основ.
Да одите на протест сите кои можете. Мене ми е жал што не можам да присуствувам. Не знам дали има некоја регулатива со протестиве, ама не ми е јасно зошто буквално секој еден протест до сега е закажан за во работен ден, за работно време. Едноставно не е изводливо за луѓето од другите градови кои сакаат да дадат поддршка, дури и за голем број луѓе од самото Скопје. Како и да е, дајте глас и за нас.
Скопје има 800.000, белким има доволно свесни, па да не мора од другите градови да доаѓате. А може и во секој град да организирате. Контактирајте ги Медуза.
Оф бе Вајлд. Конкретно во мојов град ќе биде џабе. Јас и уште 2ца ако излезат. Кога на протест за вода, основна човечка потреба едвај 20 души имаше, што остана за ова.
Оти организаторите си ги ставаат во нивно "работно време". Не им е гајле за присуството туку да "работат нешто". Ќе си се соберат на протестот истата група ко секогаш, и ќе се фалат "колку прават тие за женските права". Куп држави почнаа протести строго после работно време да организираат, кај нас ни осмомартовскиот не може попладне да е, не дај боже. Ко нивни приватни собиранки да се.
Битно ќе имаат слики да приложат дека направиле нешто кога ќе им треба за спонзорства и фондови, многу им е гајле нешто да се постигни. Фејк, се е фејк. Така се прави протест ајде сеа ќе објавиме и толку. ми се г а д и.