И јас тоа се нервирам. Го лупнале сред работна недела во време на испитна сесија. Што попрво дали да гледам за испити за таа професионална иднина или да ги пропуштам да гледам за иднината дека не сум безбедна повеќе. Многу неорганизирано и хаотично, се нервирам. Никогаш не сум имала позитивна импресија од невладиниве ама сега тотално имам дека освен за фондови и инстаграм не им е ич гајле. Колку да се речи протест.
па не за џабе има по 10 невладини за иста тематика, само на факултетите има по минимум 5 за студенти.. да не се вадеше од таму за леб ипол и станче немаше сите да се пикаат
@WildMk ако контактираш со нив можеш оваа проблематика да им ја посочиш. Протестот е најубаво да биде после работно време или во неработен ден. Нив повеќе им одговара помасивен да е протестот. Да не си пукаме самите себеси во нога.
Здружение на граѓани е. Има на нивната страна од формирањето до денес кои активности ги организирале.
Настан, фејсбук евент. Не е група настан е, не се договара на фејсбук група туку на настан. Тоа и' беше прашањето тоа беше и одговорот.
Медуза се здружение на граѓани, ама муабетов за протестот е направен во форма на настан, не група на ФБ.
Можеби се формирала група на ФБ, но организатор е Здружението ПЛАТФОРМА НА РОДОВА ЕДНАКВОСТ. Има и телефон, нели некој бараше како да се обрати.
Леле луѓе, настан, група сеедно. Не е ни погрешна терминологија, не мелодраматизирајте за ситноќа. Океј е.
Сеедно. ФБ не следам. Затоа официјалните организатори ДА Еве за тие што немаа контакт: ДОКОЛКУ САКАТЕ ДА СЕ ВКЛУЧИТЕ ВО РАБОТАТА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ, ОБРАТЕТЕ НИ СЕ НА: емаил: rodovaplatformа@gmail.com тел: +389 2 3245536
Ако сакате да видите повеќе информации за протестот ова е линк од настанот: https://www.facebook.com/events/250332166499763/ Ако не следите фејсбук и официјалниот настан и ви е сеедно не мора да сте гласни на тема за него и да ја трупате, дајте им место на тие што не им е сеедно и нека не се губат корисни линкови и информации.
Јас скроз те разбирам што сакаш да кажеш. И точно во групата имало слики од девојка што тоа го праи за пари.
Не советувам возрасни жени со заостанати, назадни размислувања и техничко непознавање, а гласност. Ги советувам тие кои се интересираат за протестот да знаат точно дека има конкретен настан за него, а не тоа инфо да се загуби во неточни информации како што минативе дена инфото дека од информатичка точка имаше начин да се дознаат адресите и телефоните, но и тоа инфо се загуби меѓу десетици пораки со грешни познавања за како функционира енкрипција.